Фан клуб - РК Вардар

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Е срамота бе и после во Кале без навивачи игра Вардар :icon_mrgr:
Туку не сваќајте сериозно и почнете да идете на утакмици им треба поддршка и секако честито голема победа му го плеснавте на Загреб кој многупати беше гробар на Македонски екипи уште од минатото, вклучувајќи и привилегиите што ги имаше во СЕХА!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Браво, се гледаше дека очекуваа лесна победа и на крај се нервираа. :D Многу ве потценија... Инаку пошо првпат ве гледам сезонава, де кажете шо се плановите за догодина за тимот?
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Бравос за Вардар ,Одлична игра .Мислам Вардар ќе биде шампион во сеха-лигата.Само Напред
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.765
Поени од реакции
6.555
Браво за Вардарци,покажаа дека можат да се носат со најголемите конкуренти ! Во текот на цела утакмица се играше гол за гол,на 4-5 мин пред крај имавме и два гола негатива но се вративме со плус 1 па потоа они ни израмнуваа,во последниот напад на Загреб им беа доделувани непостечки фаули но и покрај тоа нашата одбрана успеа да издржи и да не прими гол ! Штета што не ги бодревме ракометариве бидејки со оглед на играта и борбеноста момците го заслужија тоа ,се надевам утре со машка игра ке успеат да го совладаат и Металург во големото финале !
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.006
Поени од реакции
9.776
Kako samo shara Vujo so odbranata! Car e covekot! Onoj Shundo degenot moze samo da sedi i da uci... Meraci na dusava.. Bas mi e milo sto gi zdrvija Zagreb, ne se uopste toa sto se zamisluvaat deka se a se digaat do nebo! Taka se branat boite na Makedonija u sred Zagreb ! VARDAR!!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Епа незнам од каде да почнам :icon_mrgr:
Ете се соземав после толку саати. Никогаш не ми чукало срцево вака во последни секунди.
Готов бев, почнав да му вртам на татко ми да вика брза помош :icon_mrgr:
И после последниот свиреж се тресев ко да имам Паркинсова болест :D
Мора да ги повлчечам сите лоши зборови кажани за Вујо.
Ако во последниве години ми личеше на циркузант со неговите тактики, мора да се признае дека годинава е МАЈСТОР!
Лино може да му ги мие нозете и да ја испие водата :cuc:
Имаме тим без ниту еден индивидуалец.
Немаме човек како Марковиќ кој може да разбие, но имаме тимска игра.
Безброј ротации во нападот, менување на постави, игра на сите полиња, е само одбраната потфрли денеска.
Па со разбранет Милиќ тешко дека и Кил ќе не победи ако изиграме како денес :icon_lol:
Се покажува дека не беа случајност резултатите во СЕХА. Изненадува само резултатот со Татран ама сигурно не сме се ни мачеле таму...
Додер игра во врвна форма. Прав лидер на екипата.
Денеска изненади Јовчевски. Ете кој треба да игра десно крило за репрезентација :D
Ојле не се изнаигра многу но имаше некоја контра и некои асистенции.
Замислете што ќе правиме со здрав Столе?
Столе не е целосно опоравен и затоа игра толку малку.
И тоа им игравме без Марковиќ, можеби и главниот играч :eek:
Немам зборови, ни во сон не очекував вакво нешто.
Секој погодуваше од каде сакаше. Карачиќ внесе дополнителна свежина во тимот.
Човече имавме 7-8 бека што гаѓаа од секаде. Едино Симовиќ потфрли во неколку напади кога шутираше без везе, и секако Николиќ со 4 утнати зицери.
Каков мерак ми се направи само.

Несакав да пишам вчера, али сите медиуми само спорадично известуваа за нашиот меч.
Секаде имаше интервјуа само за комшиките и нивниот дерби меч со Татран ЛОЛ
Само нека гио форсираат така, па да даде господ д го лапнеме првенството и од идна година да не ги гледам како ми го глушат курот со тие гуските од Бекстејџ :sneaky:
Немам поголема желба во оваа година. Само да им ја земеме титулата во првенството.
За утре како сака нека заврши. Нормално сакам да победиме, ама оважен ми е шампионатот.
Сеедно идеме утре да ги дотепме утепаниве :sneaky:
ВАРДАР!
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Uff kolku kejf mi se napraj sto go urnaa Zagreb i go spustija na zemja. Bravo. Makedonsko finale, neka podobri podobriot. :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
5-1 во 7-ма минута :tapp:
Не функционира ништо во тимот.
Незнам зошто излегол Вујо со оваа прва петорка, со тоа каменот Симовиќ :tapp:
И на пикер треба да проба со Столе или Ратко...
Изгледамеќе ја вртиме во втор дел ЛОЛ
Милиќ неможе една да фати од 9 метри, нема одбрана тука...
Тешко е да победиш кога голманот нема ниедна интервенција и прима голови од 10 метра :tapp:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
ШАМПИОНИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ

Аууу какв лчекција неможам дас се соземам


ВАРДАР ЛЕ АЛЕ ВАРДАРЕ ВАРДАРЕ АЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Ајде се соземав малку од малку па да пишам едно мисдлење и за мечов :)

Да ми речеше некој дека ваков фајнл фор ќе изиграме ќе му мавнев клоца и ќе се прснев од смеа :icon_mrgr:
Два екстремно тешки противници, учесници во осминафиналето на ЛШ на колена пред вардар.
Големиот Загреб паѓа на нивни терен, нешто што ретко го можат и големите Европски ракометни тимови.

Но битен е начинот на кој паднаа.
Немавме поединци, немавме индивидуалец кој мртвите акции ги реализираше, победивме со срце, за Вардар, за цело СКопје!
Маестрална тактика на Вујо, огромна ротација, секој играч сдобиваше подеднакви минути.

Да не заборавиме дека игравме без Марковиќ, човекот што во просек дава по 6-7 гола на меч.
Одлична замена беше Ојлески иако мора да се признае дека во одбрана марковиќ е подобар.
Неможам да издвојам некого. Победи тимската игра!
Дали конечно дочекавме Македонска екипа да игра брз ракомет? :vozbud:
Не се надумудрвувавме одбранбено, игравме со кренат гард :D
Видете ја разликата од дуелите загреб-Металург и воие ЛОЛ
Лино ги уништува мечевите со неговата одбрана, со спорите напади, али си гобија лекција.
Вујо е како прероден. Нема шанси ова да е истиот оној Вујо кој вадеше голман кога имавме играч повеќе на терен и одевме со седум души во напад, по што примавме голови од гол на гол :ROFLMAO:
Дури мислам голема улога тука има Андон :sneaky:
Знаев дека дебелиот е голем мајстор. Го потценија го избркаа од Металург и им се враќа како бумеранг.
Денеска максимално ни го затворија можеби и единствениот индивидуалец Додер.
Но ние не сме екипа-играч како нив. Ние не зависиме од два играчи.
Ете им го Фичо. Стојчевски бил подобар од Фичо :ROFLMAO:
Петриќ одигра маестрално!
А секако играч на натпреварот Собол. Си ги дочекавме нашите моменти и ги отпаравме!
Која одбрана на крај човече. Се изгубија тотално, пресинг уште на 10 метри од голот.
Незнаеа кај тераат :pos:
Епа срциња неможе вечно да ве спасува Станиќ.
Ејјј на ден кога имаше 50% одбрани, неколку пенали и милион зицери ги победуваме со 3 разлика.
Демолирање, секоја чест момци :cuc:
Кое освежување е Карачиќ, брз експлозивен, само уште малку да ја врати формата.
Па Столе кога ќе биде спремен за 60 минути, којзнае кај ќе ни биде крајот :sneaky:
Вардар игра ракомет, Металург се вади на парите на Минчо.
Ете им купи најдобар голман на светот, им го донесе Марковиќ, ама заборави дека се во тимот му шкрипи.
Да тргнеме од мистер Мев :ROFLMAO:
Смешен, ќе се тепа како сељандура некоја.
Незнае за ништо друго, само да инциира инциденти.
Убаво го здрви Абутовиќ во вториот дел :sneaky:
Не му даде да писне.
Мистер пробивање ака Миркуловски.
Добро бе бате колку пробивања ти ги досудија пенали денеска?
Абе судиите фалеше уште дрес Металург да облечат.
Срамота, па којзнае какво судење не очекува во Македонија тогаш :facepalm:
Десните крила комедија :LOL:
Едино Манасков изигра на ниво. Со Ојлески и Манасков репрезентацијата нема гајле во иднина :cuc:
Јовчевски вечра го реши загреб, денес немнаше потреба да игра пошто Собол си беше маестрален :cuc:
СТРАХИЊА МИЛИЌ!
Како почна и како заврши. Браво буци и за тебе, ама треба подобро да ги браниш ударите од 20 метра.
Па никаква акција не направи Металург. Оп троп ќе се извадат од пасивен напад со гол на Мрковиќ од 20 метра :tapp:
Кога ги гледам како играат дури и нашава бековска линија ми се гледа страшна :pos:
Но не со индивидуалци, туку сите во целина, Лазаров-Додер-СИмовиќ-Вујовиќ-Петриќ-Карачиќ, секоја чест мајстори.
Денес и без Николиќ им игравме а и вториот голман ни фалеше :LOL:
Срцево ми се исполни, затоа што никој во медиумите не кажа ни збор за вардар.
Срце ми се исполни пошто знам дека некои стварно ќе се израдуваат на триумфот.
А не напумпана атмосфера, секој медиум труби само за нив, коментаторите коментираат како Вардар да е Косовска екипа а не македонска :facepalm:
Да се знае кој го уништува мак ракометот, да се знае која е целта на минчо, УНИШТУВАЊЕН НА ВАРДАР!
Џабе ти се фрлените пари чика, никогаш нема да бидете тоа што е вардар па макар и да не постоиме веќе.
Фала ви момци што во овие моменти ни приредивте ваква радост.
На убиените деца им гледав во допаѓања им стоеше РК Вардар.
Овој трофеј е за нив :cuc:

За крај:
НЕ ПЛАЧЕТЕ НЕ ЖАЛЕТЕ И ВИЕ ЌЕ ПОБЕДИТЕЕЕЕ, А КОГА ЌЕ ПОБЕДИТЕЕЕЕ, ГОСПОД ЗНАЕЕЕЕ, КУР ПУШЕТЕ! :LOL:
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Момци, да бидеме реални, камења се селолург, имаат само голман од Марс. Немаат како да не изненадат, нема кој од клупа да повлече, а ние во домашното го тураме Марковиќ да ротира со Гоце, ќе комбинираме со Ратко кој оваа не влезе,Караџиќ ке добие на форма, имаме многу комбинации.

Вујо мајсторот го има прочитано нападот на металург до точка, головите доаѓаа од Марковиќ без некои акции. Веќе научивме како да ги неутрализираме мистер мев и миркуловски.

Најмногу се плашам од наклонето судење во домашното првенство. Ако се свири коректно, и малку да падне процентот на Станиќ.ги тепаме сигурно
 

Kajgana Shop

На врв Bottom