Фан клуб - РК Вардар

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.871
Поени од реакции
7.657
Секоја чест,не памтам кога последен пат некој ги измочал дома,Борозан грамада како само се носеше со цела одбрана на Веспрем,Милосављев машина само да го врземе страв ми е да не ни го украде некој,иначе 96 годиште е дечкото,дефинитивно може да кажеме најдобар млад голман.:roker:
Мора со РНЛ полна сала го заслужуваат тоа дечките.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Супер играат. Но, ни фалат играчи. Кристопанс, Дибиров и Борозан не излегоа од игра. Нема ротација, не можат овие да држат вакво темпо нон-стоп. Стварно штета е што Горбок и Столе ги нема.

Инаку најбитно е што психолошки не попуштаат. Тоа е одлика на Вардар веќе 3 години. Кога се губи, нема откажување, борбеност до даска. Водеа 5, губеа 2, на 30 секунди до крај беше 3 за Вардар. Не дозволуваат тие бранови на противникот да траат многу долго, брзо се враќаат во натпреварот. Пак ќе кажам, лани губеа 8 разлика од Нант и на крај прашање беше дали ќе победи Нант, и не победија со 1 разлика, ама нема везе, не се предадовме.[DOUBLEPOST=1538244260][/DOUBLEPOST]ИНАКУ, дали некој забележа дека Карачиќ излезе некаде 10-15 во второто полувреме, облече тренерка и не влезе пак во игра. Се надевам дека не се повреди нешто.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2013
Мислења
3.395
Поени од реакции
7.049
Секоја чест на играчите, на Парондо - комплет сите во пакет. Далеку далеку го надиграа Веспрем. Резултатот не е воопшто реален. Можеше многу полошо за Вепрем да биде според играта. На 3 промашени пенали, на комичното промашување на празен гол на Калараш, на 2 промашувања на целиот гол на Мораеш, на 3-4 фантастични скинати зицери на Штербик, пак стабилно да го тепаш Веспрем во гости е стварно показател за класа.

Веспрем е очигледно во големи проблеми. Немаат игра. Не се знае никаква хиерархија во екипата (тоа е впрочем е најголемиот проблем кога ќе имаш 16 јаки играчи). Се изнаротира Врањеш ама џабе, се беше на сила, индовидуално.

Вардар од друга страна со нивната препознатлива игра, во малку изменетиот формат кој го развива годинава Парондо. Се освен реализацијата функционираше, но дури и со слаб ден во тој аспект победија. Милосављев продолжува да шокира со својата константност. Скубе одлично се снајде, извонредно го менува Циндриќ. А Борозан, Криштопанс и Мораеш се чини отидоа ниво погоре. Едино Чупич, како изгледа, како да се спрема за пензија... Тотално надвор од физичка форма...

Едино прашање е до кога ќе издржат бидејќи очигледно фали ротација а пола тим е ровит.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.687
Поени од реакции
11.786
Jas sum voosuseven od Stas Skube... Preintelegenten igrac.. bravo
аман бе
ај да кажеш од Милосављев ама Скубе не е анонимец па да не ги знаеш квалитетите негови
јас до ден денес се чудам како го излажаа да потпише кога иднинава на клубот беше под знак прашалник плус доста клучни играчи го напуштија па и тренерот


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Едино Чупич, како изгледа, како да се спрема за пензија... Тотално надвор од физичка форма...
Кога сме кај Чупиќ заприметете на тајм-аути знае доста совети да дели како да играат, ќе сочека да види што ќе каже Парондо, па, ќе се убаци он со што видел и некој совет. Сите три натпревари така годинава. Може знае дека крајот му е близу :) Иако игра, делат минутажа со Шишкарев. Скоро пола-пола се во ЛШ.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.687
Поени од реакции
11.786
Кога сме кај Чупиќ заприметете на тајм-аути знае доста совети да дели како да играат, ќе сочека да види што ќе каже Парондо, па, ќе се убаци он со што видел и некој совет. Сите три натпревари така годинава. Може знае дека крајот му е близу :) Иако игра, делат минутажа со Шишкарев. Скоро пола-пола се во ЛШ.
пуши ко турчин, стомаче ова она и толку е


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
6.592
Уште сум под импресии од победава. Потајно се надевав, но и не бев баш некој голем оптимист. Шишкарев ме изненади во одбрана денеска и покрај двете исклучувања кои си ги доби. Кај Џинот и кај Фереира се забележува сериозен напредок сезонава, Скубе нема потреба да се коментира, а Милосављев е веројатно и најдобрата аквизиција на РК Вардар од самото постоење на клубот. Очајно ни фалат Столе и Горбок во ротација, па ќе видиме до кога ќе може да ја задржиме ваквата форма. Само се надевам дека првиот пораз нема да дојде на домашен терен.

Убаво е сликата кога и РК и ФК се на врвот на табелата.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Brij prejaka utakmica i prejaka uigranost demonstrirame, nikoj ne go ocekuvase ova pa veruvam ni samiot Parondo.

Mora sega samo da se cuvaat od povredi i poleka da pocnat i da odmaraat klucnive i minuti da dobijat noviot slovenec i Kiseljev.

P.s Milosavljev u stilot na branenje i postavuvanje e kopija na Sterbik.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.139
Поени од реакции
2.325
Не влевајте песимизам овие победи на гости против вакви противници завршија многу работа првите три места во група не ни бегаат а нема причина да не бидеме и на самиот врв.Европо пази ВАРДАР ГАЗИ !
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Mora sega samo da se cuvaat od povredi i poleka da pocnat i da odmaraat klucnive i minuti da dobijat noviot slovenec i Kiseljev.
Киселев може ќе добие некоја минута во ротација, Оцврик неверувам дека ќе го пуштаат во јаки натпревари. Tој сигурно ќе биде прекомандуван во среден бек со тек на време. Иако мене ме загрижува тоа што Киселев не го пушти ич денес. Претходно тука беше Македа да го менува Криштопанс. Кој според мене беше подобар играч од Криштопанс. Парондо ако нема доверба во Киселев во вакви густи натпревари, тоа е проблем.
 
Последно уредено:

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.541
Поени од реакции
17.958
Pobeda ko pobeda ali igrava e perverzija, mozda e rano da se kaze ali ovaa igra e za klasa podobra od onaa lani so ja pruzivme vo Keln.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.395
Поени од реакции
7.049
Киселев може ќе добие некоја минута во ротација, Оцврик неверувам дека ќе го пуштаат во јаки натпревари. Tој сигурно ќе биде прекомандуван во среден бек со тек на време. Иако мене ме загрижува тоа што Киселев не го пушти ич денес. Претходно тука беше Македа да го менува Криштопанс. Кој според мене беше подобар играч од Криштопанс. Парондо ако нема доверба во Киселев во вакви густи натпревари, тоа е проблем.
Логиката на Парондо засега е да ги одмара главните играчи целосно во СЕХА. Таму добиваат шанса и Кисељев и Оцвирк и Војводиќ, да не речам со втора постава игра во СЕХА моментално Вардар. Само не знам колку ваквиот начин на ротација реално ќе им помогне на играчите. 40+20 минути во една недела пример е далеку поздрава варијанта од 60+0 иако вкупно играат исто.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Логиката на Парондо засега е да ги одмара главните играчи целосно во СЕХА. Таму добиваат шанса и Кисељев и Оцвирк и Војводиќ, да не речам со втора постава игра во СЕХА моментално Вардар. Само не знам колку ваквиот начин на ротација реално ќе им помогне на играчите. 40+20 минути во една недела пример е далеку поздрава варијанта од 60+0 иако вкупно играат исто.
Логички е вака како што викаш,ама па Кисељев и Војводиќ не се ЛШ материјали, се коцка Парондо ама тоа е
 

Kajgana Shop

На врв Bottom