Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Мене ми е чудно ова со публикава. Кога почна натпреваров и видов дека повеќе од пола салава е празна, отидов на Ticketplus.mk и таму пишуваше дека има останато 1.300 карти. Сега мене ми е малку мистерија колку всушност капацитет има салава, пишува 6500 на официјалниот сајт, ама јас сум скептик. Во секој случај пред да истечат роковите за сезонски билети на ticketplus пишуваше дека има 2600-2700 карти останати. На спортмедиа, пишуваше дека ПОЛА од сезонските билети се распродадени. Сега, некои карти не се продаваат, за ВИП ложата и некои блокови никогаш не се во продажба, претпоставувам овие се за спонзорите на клубот, горска, свислион, сенатор, триглав и други. Според ова, луѓе со сезонски билет не одат на СЕХА, а и на овој натпревар не отишле, или никој друг немал интерес да купи карта. Секој случај, чудно. Мислам дека и со преносовие, луѓе не гледаат ракомет, не ги гледаат победиве, паѓа свест за Вардар и помалку луѓе во сала. Ќе видиме со РНЛ што ќе биде. Да не избрзуваме. Лани беше скоро полна салата со нив. Само со Барса и Кил беше до последно место. Ок, и СЕХА финалето со Загреб.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ubavo prasav kade e.. Go nema vo rosterot, smenil klub ili povreden e? I ne mi se prai mnogu pametna
Јас мислев се преправа тој сериозен да ти бил. Сериозно се правиш дека го пратиш Вардар а не знаеш Столе кај е? :vozbud:

Иначе еве, најсериозна сум, на 20 сантима до мене е, го провоцирам да се туркаме на раце :)

ја скрши раката и паузира месец дена
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Јас мислев се преправа тој сериозен да ти бил. Сериозно се правиш дека го пратиш Вардар а не знаеш Столе кај е? :vozbud:

Иначе еве, најсериозна сум, на 20 сантима до мене е, го провоцирам да се туркаме на раце :)

ја скрши раката и паузира месец дена
Pocetok na sezona e a imam mn obavezi i ne mozam ja 24/7 da gleam sportski vesti... Od kade da znam, mozda naprail transfer, 2 tekmi ne go vidov u rosterot i zatoa taka pomisliv..
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Pocetok na sezona e a imam mn obavezi i ne mozam ja 24/7 da gleam sportski vesti... Od kade da znam, mozda naprail transfer, 2 tekmi ne go vidov u rosterot i zatoa taka pomisliv..
Па вчера ако гледаше ќе го видеше со лонгетата на среде терен :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Мене ми е чудно ова со публикава. Кога почна натпреваров и видов дека повеќе од пола салава е празна, отидов на Ticketplus.mk и таму пишуваше дека има останато 1.300 карти. Сега мене ми е малку мистерија колку всушност капацитет има салава, пишува 6500 на официјалниот сајт, ама јас сум скептик. Во секој случај пред да истечат роковите за сезонски билети на ticketplus пишуваше дека има 2600-2700 карти останати. На спортмедиа, пишуваше дека ПОЛА од сезонските билети се распродадени. Сега, некои карти не се продаваат, за ВИП ложата и некои блокови никогаш не се во продажба, претпоставувам овие се за спонзорите на клубот, горска, свислион, сенатор, триглав и други. Според ова, луѓе со сезонски билет не одат на СЕХА, а и на овој натпревар не отишле, или никој друг немал интерес да купи карта. Секој случај, чудно. Мислам дека и со преносовие, луѓе не гледаат ракомет, не ги гледаат победиве, паѓа свест за Вардар и помалку луѓе во сала. Ќе видиме со РНЛ што ќе биде. Да не избрзуваме. Лани беше скоро полна салата со нив. Само со Барса и Кил беше до последно место. Ок, и СЕХА финалето со Загреб.
Кажав јас еднаш на темава што му прават на Вардар во оваа "држава". Но никој не сфати озбилно.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
Да очекуваш посетеност на спортски настани во Скопје е смешно. Пред спорт има милион други настани каде што повеќето радо би да присуствуваат отколку на Вардар - Кристијанштад. Па тоа повеќето на Вардар не ги знаат играчите не па на противнички екипи од рангот на Кристијанштад. Посетеност има кога играме со гиганти, и тоа не за Вардар туку за противничките играчи. Да не се лажеме дека квалитетот ќе привлече публика. Она што му фали на еден колектив како Вардар е константност. Со 2 сезони атрактивни и после живуркање не се привлекува публика.
Пред се треба да се смени културата на тие во сала и да стекнат навика да доаѓаат на стадион/сала. До тогаш ова што го има на ракомет е супер.
 
Не ти држи тезата.

Вардар колку, пет години е во топ 8 во Европа? Тоа е константност. И оваа година има големи шанси да стигне таму пак. Реално е една од најдобрите европски екипи со години. Два пати по ред игра на фајнал-фор. Освојува СЕХА 4 пати и само една сезона не играл финале. Тоа е константност.

Пред 2 години полна беше салата со Кристијанштад, и лани беше прилично полна, не целосно, но, некаде 3 пати повеќе од сега. Шест илјади пред неколку години се полнеа за дуелите меѓу Металург и Вардар во СЕХА, па и за во наша лига беа полни салите.

Јас мислам дека очигледно е дека има пад на некој ракометен интерес што почна со тие дерби натпревари помеѓу Металург и Вардар. Реално и лани имаше послаба посетеност од претходните години иако Вардар беше европски шампион. Сега со ова дека нема ракомет на ТВ, негативен публицитет дека си отидоа добрите играчи, фактот дека Металург игра со младинска екипа што почна да губи нон-стоп, луѓе кај нас едноставно не се возбудени за ракомет. Тоа што се случуваше пред неколку години може и беше некоја мода, два јаки македонски клуба во топ 8 на Европа, 5то место на ЕП, па држеше некој интерес на јавноста тука. Сега Металург пропаѓа, иднината на Вардар е неизвесна, и... тоа е тоа. Не сме ние лојални. Кога победуваат, супер, се радуваме, кога губат и пропаѓаат ги плукаме дека не ги бива. Тоа е тоа. Тоа сме ние.

Имаше и анализа на некој наш лингвист пред година. Дека кога победува наш тим, ние се изразуваме - ПОБЕДИВМЕ. Кога губи наш тим викаме - ИЗГУБИЈА. Да си се дистанцираме од неуспехот. Ама успехот ќе си го присвоиме.
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
Decko Vardar e min 5 god konstanten
Затоа 5 години константно салите се полни со екипи како Барселона, ПСЖ, некој бундеслигаш. Уствари што дека е 5 години константен кога ќе дојде некој на темава и ќе праша кај е Столе. Таквите не пунат сала.

Кој интерес го имало во државава за ракомет? Луѓето си сакаат фудбал. Ракомет ете баш дека 5 години е константен првите 2-3 години во Борис па после 1 во Јане и претходно дуелите со Металург беа атрактивни, на луѓето и тоа им стана доседно се испукаа, пола разочарани што никако да освоиме ф4, и таман коа освоивме Вардар почна да оди во надолна линија и салата полека од утакмица во утакмица се празни. Нејсе, ќе се напуни со некоја јака екипа пак.
Доволно говори фактот дека сезонски од пред 2 години и сезонски годинава бројот е 3 пати помал.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Затоа 5 години константно салите се полни со екипи како Барселона, ПСЖ, некој бундеслигаш. Уствари што дека е 5 години константен кога ќе дојде некој на темава и ќе праша кај е Столе. Таквите не пунат сала.

Кој интерес го имало во државава за ракомет? Луѓето си сакаат фудбал.
Кај е публиката за фудбал ако луѓето го сакаат? Не може стадиони од 3 илјади да се наполнат. По 200 души има на утакмици со децении. Порано бесплатен беше влез на Работничи - Вардар, 50 души на натпревар, дедовци семки јадат. Порано редовно одев на Македонија Ѓорче Петров, кога беа јаки, пред да го освојат купот 2006, 100 ден карта, во лига 150 души на трибини. Некогаш ни толку.

Јас не негирам дека фудбал е попопуларен спорт секаде во свет. Но, ете Еурофрам - Пелистер пред недела 4 илјади гледачи. Гледај Охрид некогаш кога игра, полна сала две ипол илјади. Вардар - Борец пред неколку години полна сала. Во Струмица имаше публика. Не може да се негира дека пред неколку години имаше зголемен интерес за ракомет и луѓе гледаа. Фудбал секогаш било исто. Ако има нешто што вреди да се види, луѓе ќе отидат и тогаш пак не полн стадионот. Го наполнија ли до даска еднаш за Лига Европа? Сум идел, сум гледал со години. Знам како е. На битни натпревари од второ коло ЛШ, по 3-4 илјади души немало на стадион. Па, Македонија - Холандија 2004 не беше полн стадионот а тогаш собираше 18 илјади, Македонија - Англија едниот натпревар не беше полн стадионот. Знам, зошто сум бил. На репрезентација по 5 илајди луѓе немало со 150-200 ден карти.

Иако, на тема, мислам дека интерес за ракомет е во надолна линија и тоа е тоа :)
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да сакаа луѓево ракомет ќе доаѓаа на сите натпревари и немаше да се само дерби навивачи.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
876
Поени од реакции
2.693
И да сакаш спорт, кога не можеш да фатиш крај со крај финансиски, каков спорт би те интересирал..
Друго ние имаме веќе публика која не се навивачи а се тука присутни на Сеха и Лига Шампиони, регуларна публика не навивачи, пошто и Комити ги нема, а баш тие најстраствените треба да се потик и да градаат база на навивачи, со гостопирмство, добар изглледа на трибина и надвор од неа, што Комити го праваат контра, така да склоп на некои работи кој на прв поглед изгледаат наивно а имаат огромен придонес за публика во сала или стадион.
А се пунаат против јаки екипи зошто знаат тогаш ќе има добра атмосфера, а толку е и буџетот на голем дел од фан базата на Вардар, за неколку карти и се бираат за подобри утакмици, плус не сме научени ние Европски со годишна па да уживаш на секоја утакмица.
Е сега, ако погледнеш константно и имаме публика за разлика од други екипи, во топ 3 сме на домашна посета, и пак ќе кажам ние сме пример, и треба да сме горди на тоа, и тоа да ни биде потик да дадме повише и да направиме повише за нашиот клуб Вардар.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Да сакаа луѓево ракомет ќе доаѓаа на сите натпревари и немаше да се само дерби навивачи.
Абе, порано, во 2005та за европски натпревари, бесплатен беше влез во Кале за Вардар. Сум бил, 400 души бевме во сала. Вардар - Кил во полу-празна сала се играше на времето.

За кошарка не ми се ни збори кои мизерии беше посетеноста порано. Па и сега не е нешто подобро.

Факт е дека рипна интерес за ракомет неколку години, сега најверојатно оди во надолна линија.

Кај нас се оди во сала кога ќе се крне еуфорија за нешто. Како МЗТ на времето. Кометал ЃП. Работнички во одбојка едно време беше популарен. ФК Вардар тие два натпревари против ЦСКА и Прага во 2003. Вардар - Металург и сл.

Онака, нема традиција, навика за одење на спорт.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom