Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Ne e samo Abutovic si otide i Makeda, vtorata alka vo odbranata i si otide Sterbik.

Sent from my iPhone using Tapatalk
За Штербик океј - голманиште, ама Македа не би рекол дека беше втора алка во одбраната. Втора алка во одбраната беше Канељас, на 4-ка и заедно со Абутовиќ на 3-ка го креираа тој "централен блок" како убедиливо најбитен дел од одбраната на било кој тим. Претходно таа улога му беше доделена на Тоскиќ, со таа разлика што Канељас играше и како најистурен играч во 5-1 формација во некои одредени ситуации. Македа покривше 2-ка и иако имаше поголеми дефанзивни квалитети него офанзивни секогаш беше во втор план кај Раул овие три сезони, најпрво после Алекс, а потоа после Криштопанс.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Канељас делува како спор и помалку тром играч, но мислам дека можеби имаше најголема минутажа во Вардар. Колку што памтам Раул не почнуваше натпревар без него. И тоа и во ЛШ, Сеха, ни па во домашното првенство. Затоа сигурно бил клучна алка од неговата стратегија. А, и во шпанската репрезентација беше доста важен. Иако слабо голови даваше оваа година во Вардар, 1-2 по натпревар, некад и ништо. Често играше како организатор. Може он ќе фали доста и напред и назад, ќе видиме сега дека го нема.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Почна денес со подготовките за новата сезона.

Парондо изјави дека ќе донесат уште еден играч за да има ротација за одбраната. Дека клубот работи на тоа. Ќе видиме дали е Боргес (најверојатно е). Еден голман и лев бек ќе бидат прекомандувани од младиот тим.

Ништо од мојата желба за нов голман. Изгледа Милич ќе биде прв голман, овој од Партизан беше трет голман во српската репрезентација. Тешко ми е да поверувам дека него ќе го стават за прв голман на клуб што игра Ф4 две години по ред. Ќе видиме.
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
https://24rakomet.mk/поради-преголема-тежина-милиќ-доби-от/

"Страхиња Милиќ во новата сезона требаше да биде прв избор за голот на Вардар. Тој се очекуваше да биде лидерот на тимот, но не ги исполни очекувањата. Уште на првиот тренинг доби предупредување дека има навистина премногу килограми и дека со таква тежина нема да може да игра во екипата.

Очигледно лекцијата од пред две години не ја научи бидејќи тогаш беше казнет со два месеци тренирање со втората екипа и намалена плата. На првиот тренинг дојде со зголемен број на килограми, па ова не го толерираат во Вардар и тој нема да биде дел од тимот."
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.703
Поени од реакции
5.668
Сега ако останеме со Милосављев и Ѓоргевски ќе ја опраиме,ама се надевам ќе донесат некој асален голман,само имаат малце време подготовките више почнаа.(n)
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Сега ако останеме со Милосављев и Ѓоргевски ќе ја опраиме,ама се надевам ќе донесат некој асален голман,само имаат малце време подготовките више почнаа.(n)
Ѓоргевски е во аут до ноември - декември мислам со повреда, се оперираше пред некоја недела.

Инаку, според извештаи, што пишуваат сајтовиве. ФК Вардар е во минус од 2 милиони евра. Самсоненко треба да го предаде клубот на град Скопје на 1 јануари, но прво има обврска да ги расчисти долговите, па град Скопје ќе го раководи клубот со буџет од 1.5 милиони.

Со оглед дека Самсоненко се откажа од ЖРК и ФК Вардар, а со оглед и дека оние двана објекти на плоштад не му мрднале со градба повеќе од година, тешко е да не се биде засекиран за РК.

Мене ми е малку чудно, да носат, да потпишуваат играчи на долги договори, а да се во долгови и црно да му се пишува на клубот. Пример, Горбок доаѓа назад во Скопје ради фамилија, ама тој е другар со Скубе. Горбок има информации од Дибиров и од други во клубот каква е ситуацијата тука, тој добро знае кај се враќа. Зошто би советувал пријател да потпише во клуб кој должи пари и нема иднина?

Пак ќе кажам, доколку Самсоненко е во таква финансиска криза, зошто потпиша договор да биде спонзор на ЦСКА Москва на времетраење од 5 години? Сам вика дека 2 години доцнат плати во ФК, ЖРК, РК Вардар, а се обврзува да спонзорира клуб со неколку милиони годишно во родната земја. Сомнително.

Не би се изненадил да се изгуби он од Македонија во следнива 6 месеци до година. Ама некако мислам дека РК Вардар ќе ја изгура сезонава. Може откажувањето од ЖРК и ФК ќе биде позитивно за РК. Ќе видиме.[DOUBLEPOST=1532630516][/DOUBLEPOST]
Додатно: https://24rakomet.mk/поради-преголема-тежина-милиќ-доби-от/

"Страхиња Милиќ во новата сезона требаше да биде прв избор за голот на Вардар. Тој се очекуваше да биде лидерот на тимот, но не ги исполни очекувањата. Уште на првиот тренинг доби предупредување дека има навистина премногу килограми и дека со таква тежина нема да може да игра во екипата.

Очигледно лекцијата од пред две години не ја научи бидејќи тогаш беше казнет со два месеци тренирање со втората екипа и намалена плата. На првиот тренинг дојде со зголемен број на килограми, па ова не го толерираат во Вардар и тој нема да биде дел од тимот."
Ова е апсолутно оправдано. Му дадоа премногу шанси, не му дојде памет. Не може професионален спортист да се однесува вака.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.302
Поени од реакции
22.585
za fk ima pritisok od vlasta, oni sakaat da go stavat pod svoja kapa.

za hotelite na plostad problem e srbce.

ne e taka crno kako sto izgleda.
 
Член од
10 август 2012
Мислења
915
Поени од реакции
780
Ѓоргевски е во аут до ноември - декември мислам со повреда, се оперираше пред некоја недела.

Инаку, според извештаи, што пишуваат сајтовиве. ФК Вардар е во минус од 2 милиони евра. Самсоненко треба да го предаде клубот на град Скопје на 1 јануари, но прво има обврска да ги расчисти долговите, па град Скопје ќе го раководи клубот со буџет од 1.5 милиони.

Со оглед дека Самсоненко се откажа од ЖРК и ФК Вардар, а со оглед и дека оние двана објекти на плоштад не му мрднале со градба повеќе од година, тешко е да не се биде засекиран за РК.

Мене ми е малку чудно, да носат, да потпишуваат играчи на долги договори, а да се во долгови и црно да му се пишува на клубот. Пример, Горбок доаѓа назад во Скопје ради фамилија, ама тој е другар со Скубе. Горбок има информации од Дибиров и од други во клубот каква е ситуацијата тука, тој добро знае кај се враќа. Зошто би советувал пријател да потпише во клуб кој должи пари и нема иднина?

Пак ќе кажам, доколку Самсоненко е во таква финансиска криза, зошто потпиша договор да биде спонзор на ЦСКА Москва на времетраење од 5 години? Сам вика дека 2 години доцнат плати во ФК, ЖРК, РК Вардар, а се обврзува да спонзорира клуб со неколку милиони годишно во родната земја. Сомнително.

Не би се изненадил да се изгуби он од Македонија во следнива 6 месеци до година. Ама некако мислам дека РК Вардар ќе ја изгура сезонава. Може откажувањето од ЖРК и ФК ќе биде позитивно за РК. Ќе видиме.[DOUBLEPOST=1532630516][/DOUBLEPOST]

Ова е апсолутно оправдано. Му дадоа премногу шанси, не му дојде памет. Не може професионален спортист да се однесува вака.
ФК да биде жртва за РК, се слушаш ли???
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
ФК да биде жртва за РК, се слушаш ли???
Кај го реков тоа?

Реков дека може позитивно ќе биде за РК тоа што помалку ќе биде финансиски оптоварен Самсоненко (доколку тој навистина стои зад РК) без трошоците за ФК. Не дека свесно тој ФК го жртвувал за да опстои РК.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ова е апсолутно оправдано. Му дадоа премногу шанси, не му дојде памет. Не може професионален спортист да се однесува вака.
Јадењето мешана скара, шарска, пита бурек и пиењето литро вино и гајба пиво е привилегија која му е дозволена само на Стоилов. Другите не смеат така да се однесуваат бидејќи се професионални спортисти, Столе изгледа не е.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.794

Очигледно немаш видено колкава е разликата меѓу Столе и Страхиња.

Шала на страна лош потег само ради тоа шо неаме голман али ваљда и оправдан.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Очигледно немаш видено колкава е разликата меѓу Столе и Страхиња.

Шала на страна лош потег само ради тоа шо неаме голман али ваљда и оправдан.
Колкава е? Не сум видел стварно.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.794
Колкава е? Не сум видел стварно.
Пушти утакмица, имаш снимки.

Од пола терен прими килавиот Страхиња гол у полуфиналето ЛШ у последните секунди на прво полувреме, гол кој подоцна се покажа за клучен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom