Ѓоргевски е во аут до ноември - декември мислам со повреда, се оперираше пред некоја недела.
Инаку, според извештаи, што пишуваат сајтовиве. ФК Вардар е во минус од 2 милиони евра. Самсоненко треба да го предаде клубот на град Скопје на 1 јануари, но прво има обврска да ги расчисти долговите, па град Скопје ќе го раководи клубот со буџет од 1.5 милиони.
Со оглед дека Самсоненко се откажа од ЖРК и ФК Вардар, а со оглед и дека оние двана објекти на плоштад не му мрднале со градба повеќе од година, тешко е да не се биде засекиран за РК.
Мене ми е малку чудно, да носат, да потпишуваат играчи на долги договори, а да се во долгови и црно да му се пишува на клубот. Пример, Горбок доаѓа назад во Скопје ради фамилија, ама тој е другар со Скубе. Горбок има информации од Дибиров и од други во клубот каква е ситуацијата тука, тој добро знае кај се враќа. Зошто би советувал пријател да потпише во клуб кој должи пари и нема иднина?
Пак ќе кажам, доколку Самсоненко е во таква финансиска криза, зошто потпиша договор да биде спонзор на ЦСКА Москва на времетраење од 5 години? Сам вика дека 2 години доцнат плати во ФК, ЖРК, РК Вардар, а се обврзува да спонзорира клуб со неколку милиони годишно во родната земја. Сомнително.
Не би се изненадил да се изгуби он од Македонија во следнива 6 месеци до година. Ама некако мислам дека РК Вардар ќе ја изгура сезонава. Може откажувањето од ЖРК и ФК ќе биде позитивно за РК. Ќе видиме.[DOUBLEPOST=1532630516][/DOUBLEPOST]
Ова е апсолутно оправдано. Му дадоа премногу шанси, не му дојде памет. Не може професионален спортист да се однесува вака.