Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Македонскиот првак Вардар ги започна подготовките за новата сезона, а во таборот на Роберто Парондо недостасуваа крилото Иван Чупиќ, голманот Даниел Ѓорѓески, кој се рехабилитира по операцијата на коленото, како и последното засилување на „црвено-црниот" табор – кружниот напаѓач Алексис Боргес.

Причината поради која вардарци ја одложуваат промоцијата на последниот ракометар во тимот од административни причини. Поточно Вардар е комплетно подготвен да го пречека Боргес, а неговото пристигнување во Скопје се одолговлекува бидејќи неговиот матичен клуб португалски Порто и каталонскиот гигант Барселона, во чии редови пикерот беше пуштен на позајмица ланската сезона не можат да се договорат кој да ги земе парите од обештетувањето.

Првите луѓе на клубот прават сериозни напори Алексис Боргес што побрзо да му се приклучи на тимот, со оглед на тоа дека за Парондо, кој го компонира новиот лик на екипата и тоа како важно е да ги има сите ракометари на располагање, особено сега во претсезонскиот период.
https://sportmedia.mk/rakomet/domashna-liga/spisokot-ne-e-zatvoren-vardar-cheka-da-se-dogovorat-porto-i-barsa-za
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Чудна ми е оваа причина. Читав дека го позајмиле Порто на Барселона Боргес со можност Барса да му го откупи договорот на 2 години, откако ќе истече позајмицата во 2018. На последниот натпревар на Барселона во минатава сезона на Борко Ристовски му дадоа врамен дрес, што е знак за збогување од клубот, да има спомен. И на Боргес му дадоа врамен дрес. Што значи дека и од него се збогуваат. Значи, се решиле да не му го откупат договорот. Како сега се мешаат во прашање за оштета?

Може нешто бирократија. Чудно. Инаку типов си е во матична Куба, си тера одмор. Баш го побарав по социјалниве мрежи да видам да не тренира некаде.
 
Последно уредено:

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
Најдобро е вака.
За женски ракомет нема заинтересираност, еуфоријата со Кометал нема никогаш да се повтори, други се времињата.
За фудбал, не е од тој калибар Самсоненко за да би играл Вардар во групите на Лига на Шампиони па да има и заработка и полн стадион. Можеби би било поинаку ако би имало некаква екс-ју лига + по некоја екипа од Бугарија, Романија, Унгарија и евентуално Грција и Турција.
Само и времињата се други, луѓето се палат на Реал, Барселона не на Динамо, Хајдук, Партизан и Црвена Звезда.

Останува машки ракомет.
Убедливо спорт бр.1 во Македонија (освен кај рамковните:icon_lol:)
За поголема популарност и посетеност, може да се доведе по некој плус Македонски ракометар, но тоа да биде играч од калибарот на РК Вардар.
Кога би се пренасочиле парите што идеа за ЖРК, а не верувам ни дека од ФК имал некаква заработка, РК Вардар секоја година би бил во први 4 екипи минимум.

Да се надеваме дека нема да се повлече и од РК Вардар, бидејќи спортот во МК тогаш би бил катастрофа. И сега е катастрофа, но тогаш голема катастрофа :icon_mrgr:
обеси се. ова е класично мислење и е редок односно единствен феномен само од фиром и никаде на друго место во светот.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Земале сериозно да расправаат каде било поисплатливо да се инвестира, дали во фудбал или ракомет. :pos:
Па уште и многу малку бил во ќар од влезот во Лига Европа. Нормално кога со тие пари ги покривал дупките во ракометните клубови. За да ги добие истите пари од ракометот како што ги доби од влезот во групи Лига Европа треба да станеме прваци на Европа едно 62 пати по ред.
Да се водеше чисто од бизнис логика Самсоненко никогаш немаше да вложи ни денар во ракометните клубови, сите средства ќе ги инвестираше во фудбалот. И тоа е само доказ дека во неговото инвестирање тука има задкулисни игри кои ама баш на никого не му се јасни.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Земале сериозно да расправаат каде било поисплатливо да се инвестира, дали во фудбал или ракомет. :pos:
Кај виде тоа?

Никој не земал да расправа каде е поисплатливо да се инвестира, зошто тука нема место за дискусија. Каде има поголем потенцијал. Сите знаеме.

Што потенцираше членот погоре е дека може е подобро да се инвестира во помал спорт како ракометот, каде што се има успеси и народот се радува, наместо во спорт каде што тешко дека нешто ќе се направи. На крај, реалноста и историјата викаат дека нема да направиш профит и во двете :)

Да бидеме реални, многу поголеми балкански клубови, со поголема традиција и буџет не можат да обезбедат константен влез во Лига Европа, а не па во ЛШ. Да се залажуваме дека Вардар ќе биде таков пример е наивно. Никој што инвестирав во било кој спорт во Македонија на крај не видел профит. Toa e факт. Ете и Самсоненко сам си рече, што ако на крај од една сезона клубот имал мал профит во споредба со буџетот, кога тука никој не ги споменува инвестициите во инфраструктурата што ги направил тој кои невлегуваат во буџетот на клубот. Се на се, он е во огромен минус за сите овие години.

Да правиме математики како со Лига Европа се прават пари, иако само еднаш сме влегле во Лига Европа во историјата на мак фудбал, и пак клубот би бил во минус да не биле таму 2 трансфери, од кој еден не знам дали уште ги добиле парите на суд. А следната година испаѓаме во прво коло. Па тука теории дека ќе бидеме расадник на таленти и покрај фактот дека никој фудбалер кој бил на некое европско ниво не излегол од Вардар. Сега ќе научиме како да правиме фудбалери и од денес тука бисери ќе почнуваат да се раѓаат? Смешно е да се прават споредби со тимови како Динамо Загреб.

И јас сакам фудбал да се направи тука некој чекор напред, но реалностa е дека ние сме поназад од таму кај што бевме и иднината не е сјајна. Ние немаме економија како држава за да имаме некој клуб на европско ниво. Тука треба долгорочни инвестиции од милиони или барем некоја фудбалска традиција. Бар со ракомет може да се залажуваме дека правиме нешто и да ни биде убаво :)
 

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
обеси се. ова е класично мислење и е редок односно единствен феномен само од фиром и никаде на друго место во светот.
Не знам што не е јасно, треба некој во женски ракомет да истура пари а да ниеднаш не се наполни салата и за да по финале ги пречекаат 20 души т.е дечковци и комшии?
Или за фудбал? Да го рекетираат од Агенција што стопанисува со стадионот а на натпревари по 100 души?

Според големина на држава, стандард, успеси во спортови, толкава е чергата.
Ако не го избркаат и од машки ракомет. Јер, како беше она, К.ртоненко?
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Заборавив да ја гледам утакмицава денес дури сега ја пуштам. Ама по резултатов гледам дека денес комплетно поинакво издание за разлика од вчера. Многу ме интересира ако гледа некој како брани денес Милосавлев.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Заборавив да ја гледам утакмицава денес дури сега ја пуштам. Ама по резултатов гледам дека денес комплетно поинакво издание за разлика од вчера. Многу ме интересира ако гледа некој како брани денес Милосавлев.
Не сум у можност да ја следам комплетно утакмицата али од тоа што успеав да видам далеку подобро од вчера, што најверојатно се должи на тоа што одбраната денес е едно четири класи подобра од вчера. Како и да е ќе му треба доста време да го покаже својот талент, не треба да очекуваме чуда.

И вчера и денес играме без Карачиќ, вчера Парондо експериментираше ептен. Во еден момент дури во одбрана игравме со Шишкарев на 2ка, Борозан на 3ка и Столе на 4ка!:lolzz: Недановски исто така изигра едно добри 40 минути вчера, можда и јаче и беше тешка дрветина. Не ни знам зошто упорно го држат во тимот место да земат некое од децава од Јуниор. 'Ем ќе тренира со нив, 'ем ќе изигра некоја минута СЕХА и македонско првенство, ќе се делка. Денеска скроз друга прича и пристап и од страна на Парондо и од страна на играчите па резултатот си дојде.
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
ВАРДАР: Милосављев (10 одбрани), Чупиќ 2, Скубе 3, Кристопанс 6, Дибиров 7, Мораеш 2, Петковски (1 одбрана), Горбок 3, Шишкарев 2, Кисељев 1, Стоилов 1, Борозан 3, Ставровски, Поповски 1, Мишевски 1.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Недановски исто така изигра едно добри 40 минути вчера, можда и јаче и беше тешка дрветина. Не ни знам зошто упорно го држат во тимот место да земат некое од децава од Јуниор. 'Ем ќе тренира со нив, 'ем ќе изигра некоја минута СЕХА и македонско првенство, ќе се делка. Денеска скроз друга прича и пристап и од страна на Парондо и од страна на играчите па резултатот си дојде.
Има некои 10-11 години во клубот. Така што има сигурно тоа врска зошто го држат. Инаку апсолутно се согласувам со тебе. Типот има 33 години, нема да стане подобар. Тоа е тоа, подобро е да се инвестира во дете.

Инаку гледав јас денес нешто од натпреваров, видов едно 4-5 пати Криштопанс ги избуши од 9 метри. Дибиров беше исто добар. Друго вака не ми остави некои импресии. Овој Кисељев некако не ми остава никаков впечаток од тоа малку што видов и денес и вчера. Не ми делува ко атлетски да е нешто посебно надарен. Се надевам дека првичниот впечаток е погрешен.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Запнаа на крај, ама не успеаа да ги стигнат. Судијата предолг напад им дозволи на Лајпциг. Во последниот напад на 70 секунди до крај, при еден гол разлика, им дозволија да ја држат 67 секунди топката. После немаше време Вардар да изигра напад.

Дибиров пак најдобар. Криштопанс го гледам овие 3 натпревари се повеќе иде на скок-шут од 9 метри и не му оди лошо. Знам во едно интервју со него збореше дека Раул му рекол дека функција во екипата му е да навлекува играчи, а не и да дава голови. Може затоа цело време го правеше она, ќе скокне пожем да шутира, па ќе ја тапне топката и ако нема асистенција ќе чека фаул.

Мора да се донесе уште еден голман. Овој Милосављев, не изгледа толку лошо, иако не ми делува како да има некој рефлекс. Со Берлин Ок бранеше. Тешко е да се споредуваат голман со Штербик, зошто Арпад беше доста флексибилен, нон-стоп дигаше нозе, овие другиве не се такви и се бледи во споредба. Парондо рече дека клубот работи на ангажирање на дефанзивец и голман. Имаше на едно место нешто пред некој месец и дека пикер ќе проба да се ангажира. Оној Боргес не знам дали уште е во конкуренција зошто видов дека се вратил во Порто. Не знам дали уште разговори се водат. Сепак интересно ќе биде да се види што ќе се донесе со оглед дека нема играчи на пазар, па да видиме дали Вардар ќе плаќа обештетување. Дали има финансиска моќ за тоа.

Другата недела со Металург во Струга. Брестовац најави дека и они уште ќе се засилуваат, некако доцна доста го прават се ова двата клуба, ама тоа е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom