Е сеа ако минатата недела мислев дека утакмицата со Аталанта не е за паѓање во несвест, не е да се биде или не, сеа обратно. Утакмицава со Емполи е можда поважна од претходната. Треба, уствари мора да се ефектуира она што го видовме и постигнавме со Аталанта. Мора тоа коло после, кога е римското дерби, а Милан го чека Сасуоло на Сан Сиро, да го дочекаме 4ти. А и прва утакмица е во колото, во петок, со евентуална победа правиме притисок на конкурентите.
Имајќи ги предвид минатите сезони и како се понашавме со условно, помалите екипи и на полесните утакмици, следниве 3 кола (Емполи, Сасуоло и више испаднатите Киево) се можда најбитен или еден од најбитните делови во сезонава. Сеа е многу битно и како ќе ги спреми психички Гатузо, на кое ниво се спремни на ментален план, зашто знаат дека сега најверојатно ќе ја прекршат сезоната во една или друга насока. Или дербито со Интер ќе биде директен дуел за трето место или ќе се тресеме до последно коло за 4то место и ЛШ. Се плашев и за онаа утакмица со Каљари пред која сите конкуренти тепаа, ама Милан имаше супер пристап таму. И сега тоа го очекувам и мислам дека конечно атмосферата во тимот и самодовербата е на високо ниво и конечно веруваат и можат да покажат зрелост и да згазнат коа највише треба, а тоа се следниве три утакмици. Гатузо нема што да експериментира, истите нека играат засега, дај боже да се одвоиме, ќе има простор за сите други.
Во добар период се враќаат Биља и Калдара. Па и Конти уствари. Не треба да се брза со нив, тимот океј функционира. Полека ќе ги интегрира Гатузо, во следниов период коа ќе згусне, ќе има простор и за да одморат некои стандардни првотимци, а на клупа ќе имаме и квалитет, не само квантитет.
Инаку, пресреќен сум што Милан после 2 сезони не зависи само од тоа дали е Сусо расположен или не, сеа имаме и други мотори кои го носат тимот на грб. И мислам дека одамна немало ваква атмосфера внатре во тимот, некако ептен блиско делуваат, тоа се глеа и на терен и по слики, по социјални мрежи, тоа во моментов може и треба да се покаже као клучна работа. Некако се осеќа као на многу играчи, од различни причини овој период да ќе им го одреди текот на кариерата можда.
И на крај, Гатузо. Сеа уствари ќе видиме и тој до каде е. Све ова ме потсеќа и на неговата играчка кариера. Цело време беше под знак прашалник квалитетот негов и се збореше дека не е доволно квалитетен да игра во онаков среден ред и онаков Милан, а братот увек некако ќе се ископрцаше и го гледавме на терен. И нему му е тренерската кариера на страшен испит во следниве месеци.
Јас сум увек оптимист на крилата на змејот, нали, сеа можда имаме и највише покритие и причини да бидеме. Само нека продолжат вака. Со Емполи МОРА да се победи.