Со оглед на тоа што газдите на Милан и Ливерпул се поврзани, гледам и доста сличности во работата. Сега Милан ме потсеќа на Ливерпул пред Клоп. Со таа разлика што Милан игра ЛШ , а освои и лига пред две години. Но и ги нема тие приходи што ги имаат англиските екипи.
На Милан пред се му треба добра структура и спортски директор. И секако млад тренер што ќе форсира убав фудбал и ќе расти заедно со екипата. Не знам каква ви е сега структурата ама треба некој како Марота што ќе носи играчи што се потребни за ич пари, ама и млади талентирани играчи што се спремни да експлодираат. Енцо на пример кошташе 15тина милиони пред да оди во Бенфика и после 6 месеци да кошта 100+ милиони.
И секако тренер што ќе го скоцка сето тоа и ќе извади максимум од тие играчи.
Опции како Конте и Мурињо се ризични на долг рок. Башка коштаат многу, а и се склони на препукувања и проблеми. Не верувам дека но вашата управа би се нафатила на такви.
Е сега Фонсека, Лопетеги и слични се промашувања од старт според мене.
Вакви како Тедеско, Пекабеско итн се преголем ризик.
Нема многу избор на пазарот. Аморим и Де Зерби ама и за двата треба плаќање клаузули и сигурно повисоки плати.
Треба нешто налик Интер што направи со Инзаги.