Фан клуб: Милан

Џампаоло?


  • Вкупно гласачи
    55
  • Гласањето е завршено на .

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
951
Поени од реакции
2.518
Што да се каже.. На почетокот пред натпреварот играчите го ставија Пиоли во центарот а потоа долг аплауз и искрени прегратки со Тео,Томори,Жиру,Мајк и останатите,Леао кој кога погоди веднаш отиде да прослави со Пиоли.
Пиоли значеше повеќе од фудбал за клубот и играчите.
Да се надеваме дека оваа хармонија ќе остане. gettyimages-2153577755-612x612.jpg
После тебе ништо повеќе нема да биде исто.
Grande Pioli!
Forza Milan!
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.366
Поени од реакции
25.096
Сезоната започна со многу амбиции и радост кај мене - конечно гледавме нови играчи, и бев љубопитен како ќе изгледа пост Малдини-Масара ерата. Набрзо ја убија секоја мала шанса за радост, им требаше 2-3 месеци (мислам дека во ноември се виде до каде сме и што сме). Имаше неколку позитивни страни и доста разочарувања.

Би ги одвоил засилувањата - Пулишиќ е класа играч и за мене најдоброто засилување. Денес читам дека му слават јубилеј од 50 изиграни натпревари за Милан. Ко за играч што важеше за повреденко, искина дечкото и од мене има почит. Рајндерс ми е втор на листата - огромен потенцијал има, почна да го средува и шутот и очекувам да има добро издание на Европското а да е и уште подобар кај нас наредна сезона.

Криво ми сѐ се распадна некако брзо и се оправда мислењето на многумина дека и Пиоли требаше да заврши претходното лето со нас. Мислам дека секоја одлука на управата беше дочекана на нож после фијаското со Малдини и Масара, и додека некои одлуки беа во наша полза (Тонали), ова со Пиоли, од оваа перспектива, испадна дека не беше.

Сепак имаат почит од мене за тоа како го исхендлаа заминувањето на Пиоли. Објавија во перфектен момент, не назначија нов тренер официјално претходно, ниту му врачија отказ откако потонавме со Рома. Човекот ни донесе Скудето и никој не може да му го одземе тоа, така што ми се допаѓа како заврши оваа вечер - со многу почит од сите страни и збогување какво што доликува на ваков клуб со тренер со долг стаж. 5 години не се мала работа во денешниов фудбал - мислам дека многу ретко некој од тренерите да има олкав стаж во екипа, така што му посакувам сѐ најдобро на Пиоли каде и да оди. Јас бев меѓу оние #pioliout ботови на почетокот, но успеа да ме демантира.

Скептик сум за новиот тренер, и да е Фонсека и да е некој друг. Но ќе му дадам шанса да ме демантира. Мислам дека очекувано е после ваква сезона да бидеме песимисти кога ќе се спомне било кое име. Бевме сериозно понижени од Интер на сите дербиња, особено на тоа кога славеа титула пред нас, така што ќе треба повеќе трпение и можеби верба дека ќе добиеме добри засилувања и тренер што ќе успее да го склопи сето тоа. Пиоли начека прехаотичен тим крпен од сите страни, Фонсека (или ако е некој друг) ќе има добар тим на располагање што ќе треба само да се надгради на некои позиции, не да се менува од корен.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.463
Поени од реакции
5.435
Што да се каже.. На почетокот пред натпреварот играчите го ставија Пиоли во центарот а потоа долг аплауз и искрени прегратки со Тео,Томори,Жиру,Мајк и останатите,Леао кој кога погоди веднаш отиде да прослави со Пиоли.
Пиоли значеше повеќе од фудбал за клубот и играчите.
Да се надеваме дека оваа хармонија ќе остане.Прегледај го приврзокот 418282
После тебе ништо повеќе нема да биде исто.
Grande Pioli!
Forza Milan!
Не се секирај, ќе го бараат на зима назад ако донесат тренер ка Бомел...
Дај боже да грешим



Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.448
Поени од реакции
5.655
Не се секирај, ќе го бараат на зима назад ако донесат тренер ка Бомел...
Дај боже да грешим



Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
Со Бомел бар ќе земеа некој ризик дека може ќе се погоди и ќе има идеја за свој Милан.

Сеа со Фонсека ќе глеаме полоша верзија на Пиоли.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.924
Поени од реакции
13.900
Пред првото коло пишав дека овој тим е за некаде 81 бод.

Сезоната ја завршивме со 75 бодови, но завршницата се играше без натпреварувачки мотив, а после Рома и Интер, атмосферата и во тимот и околу клубот отиде во негатива, па останатите натпревари беа само одработени. Што значи дека реалниот домет, доколку не се случеше ова во финишот, ќе беше преку 80 бодови. Нешто и претходно сме освоиле што не сме заслужиле, нешто сега сме изгубиле, но 80 беше реално без распадот.


Конкуренцијата во првенството беше послаба од очекувањата, освен доминантниот Интер. Па така, мислам дека 85-88 бодови (можеби горнава граница е преоптимистичка) беше реалност за овој тим во ваква лига.


Интер ако не направи некои драстични промени, а нема најави да оди во тој правец, со овој тренер и овој тим би требало повторно да стигнат до 90 бодови.

Е сега, конкуренцијата за очекување е да биде посилна. Наполи со Конте, Јувентус со Мота, подобри Рома и Лацио, Аталанта сега постабилна после две сезони на повторно градење.

Ако биде вака, тогаш за нас ќе биде уште потешко. Односно, доколку сега сме биле, по мојава логика што ја објаснував погоре, во позитивно сценарио на 85 бодови, следната во потешка конкуренција, овој тим би бил на 77-80.

Значи, Милан летово треба да сработи за минимум 10 бодови доколку сака да е конкурентен за титула. Од правење добри трансфери, до правилен избор на тренер.

Но, ова е доколку фатиме позитивен тренд. Со ваква атмосфера околу клубот, климав почеток со нов тренер, може да не доведе до Наполи сценарио од оваа сезона. Не доволно добар резултатски почеток, притисок, влегоа во процес на нови промени, што беше погрешен и сега ќе завршат на средина на табела. Плус, ние што овие две сезони го критикуваме Пиоли, го земаме ова каде се наоѓаме, здраво за готово, и обрнуваме внимание само на слабостите, на лошите работи. Ќе видиме од следната сезона дали е така.


Како ќе ја средат и водат ситуацијата, не знам. Како и да е, за тренерот и фудбалерите мора да одлучуваат луѓето што ја водат спортската политика. Монкада, Ибра, Отавио и други колку ги има испод нив, сигурно се поспособни од трибина, новинари, навивачи по социјални мрежи. Не биле идеални, но и претходно кога на чело беше Малдини и потоа, докажаа дека тој тим е способен. Претерано потклекнување под мислењето на јавноста или препуштање на одлуки на луѓе што се надвор од спортскиот дел (Фурлани, Кардинале), нема ништо добро да донесат. А ниту ќе има кој да сноси одговорност, поточно пак тоа ќе се префрли на спортскиот сектор.

Но, без симбиоза со навивачи (од Курва Суд, до оној што цело време пишува по социјални мрежи, купува дрес, сонува да отиде на Сан Сиро), исто така ништо не бидува. Како ќе го најдат тој баланс, тие нека му мислат.
 
Последно уредено:

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
951
Поени од реакции
2.518
И утрово чувствувам измешани емоции,благодарност,страв,среќа и тага во исто време.Не извади од бантер ерата и не лансираше во врвот на Италија и како сега без тебе,како ли сега ќе фунционира Милан без Пиоли. gettyimages-2154650669-612x612.jpg gettyimages-2154654977-612x612.jpg gettyimages-2154654976-612x612.jpg gettyimages-2154655332-612x612.jpg gettyimages-2154656357-612x612.jpg gettyimages-2154656618-612x612.jpg gettyimages-2154655193-612x612.jpg gettyimages-2154655190-612x612.jpg gettyimages-2154655032-612x612.jpg gettyimages-2154655028-612x612.jpg gettyimages-2154658046-612x612.jpg gettyimages-2154657979-612x612.jpg gettyimages-2154657616-612x612.jpg
Grazie Mister Pioli!!!
Pioli was on Fire!!!
Pioli Did!!!
Forza Milan!!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.400
Поени од реакции
58.297
Пред првото коло пишав дека овој тим е за некаде 81 бод.

Сезоната ја завршивме со 75 бодови, но завршницата се играше без натпреварувачки мотив, а после Рома и Интер, атмосферата и во тимот и околу клубот отиде во негатива, па останатите натпревари беа само одработени. Што значи дека реалниот домет, доколку не се случеше ова во финишот, ќе беше преку 80 бодови. Нешто и претходно сме освоиле што не сме заслужиле, нешто сега сме изгубиле, но 80 беше реално без распадот.


Конкуренцијата во првенството беше послаба од очекувањата, освен доминантниот Интер. Па така, мислам дека 85-88 бодови (можеби горнава граница е преоптимистичка) беше реалност за овој тим во ваква лига.


Интер ако не направи некои драстични промени, а нема најави да оди во тој правец, со овој тренер и овој тим би требало повторно да стигнат до 90 бодови.

Е сега, конкуренцијата за очекување е да биде посилна. Наполи со Конте, Јувентус со Мота, подобри Рома и Лацио, Аталанта сега постабилна после две сезони на повторно градење.

Ако биде вака, тогаш за нас ќе биде уште потешко. Односно, доколку сега сме биле, по мојава логика што ја објаснував погоре, во позитивно сценарио на 85 бодови, следната во потешка конкуренција, овој тим би бил на 77-80.

Значи, Милан летово треба да сработи за минимум 10 бодови доколку сака да е конкурентен за титула. Од правење добри трансфери, до правилен избор на тренер.

Но, ова е доколку фатиме позитивен тренд. Со ваква атмосфера околу клубот, климав почеток со нов тренер, може да не доведе до Наполи сценарио од оваа сезона. Не доволно добар резултатски почеток, притисок, влегоа во процес на нови промени, што беше погрешен и сега ќе завршат на средина на табела. Плус, ние што овие две сезони го критикуваме Пиоли, го земаме ова каде се наоѓаме, здраво за готово, и обрнуваме внимание само на слабостите, на лошите работи. Ќе видиме од следната сезона дали е така.


Како ќе ја средат и водат ситуацијата, не знам. Како и да е, за тренерот и фудбалерите мора да одлучуваат луѓето што ја водат спортската политика. Монкада, Ибра, Отавио и други колку ги има испод нив, сигурно се поспособни од трибина, новинари, навивачи по социјални мрежи. Не биле идеални, но и претходно кога на чело беше Малдини и потоа, докажаа дека тој тим е способен. Претерано потклекнување под мислењето на јавноста или препуштање на одлуки на луѓе што се надвор од спортскиот дел (Фурлани, Кардинале), нема ништо добро да донесат. А ниту ќе има кој да сноси одговорност, поточно пак тоа ќе се префрли на спортскиот сектор.

Но, без симбиоза со навивачи (од Курва Суд, до оној што цело време пишува по социјални мрежи, купува дрес, сонува да отиде на Сан Сиро), исто така ништо не бидува. Како ќе го најдат тој баланс, тие нека му мислат.
Мањан ја прави разликата во бодови што ја бараш. Пред две сезони бранеше како на стероиди, сега е претворен во манчестерски Онана.

P.S.
Саше, растргнат сум помеѓу тоа да те оставам да ги тероризираш или да те одморам, преку Пиоли веќе, и мене полека ми се смачува :pos:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.109
Поени од реакции
84.772
Уф, не можам да го замислам во таква улога. Не верувам дека тоа би било паметно.
Во улога што требаше да биде ваљда Покетино. 3 сезони да го врати тимов во редовна борба во топ 4 па после да си оди. Нешто како кај вас што ве крена во топ 3 и сега си оди. Шо знам, мислам баш би се снашол во ваков хаос со лимитирани очекувања
Ама секако нема шанса за нешто вакво, само сакав да спомнам дека ми фати око како потенцијален менџер уште уназад, и малце ми е чудно зошто вака фаци како него се спомнуваат само во Италија на пример.
Во најмала рака барем да биде СПОМНАТ како опција за екипиве што бараат менаџер ваљда заслужува, шо знам...
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
951
Поени од реакции
2.518
Во улога што требаше да биде ваљда Покетино. 3 сезони да го врати тимов во редовна борба во топ 4 па после да си оди. Нешто како кај вас што ве крена во топ 3 и сега си оди. Шо знам, мислам баш би се снашол во ваков хаос со лимитирани очекувања
Ама секако нема шанса за нешто вакво, само сакав да спомнам дека ми фати око како потенцијален менџер уште уназад, и малце ми е чудно зошто вака фаци како него се спомнуваат само во Италија на пример.
Во најмала рака барем да биде СПОМНАТ како опција за екипиве што бараат менаџер ваљда заслужува, шо знам...
Stefano Pioli after saying goodbye to AC Milan fans:
“I’m studying English and I’m keen on trying a new experience abroad”.
“Premier League could be really nice and attractive opportunity, for sure”.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.924
Поени од реакции
13.900
Примени голови. Нема шанси ова да е само до квалитетот на фудбалерите.

1000013419.jpg
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.251
Поени од реакции
8.337
Измешани чувства на саше, ми се ебе ми се плаче.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
951
Поени од реакции
2.518
Примени голови. Нема шанси ова да е само до квалитетот на фудбалерите.

Прегледај го приврзокот 418335
Не е до квалитетот туку до повредите и незалагањето на играчите.
Заборавате дека еден период Милан играше со Тео и Симич како централни дефанзивци во одбраната.
Калулу и Томори во одбраната беа инспирација за освојување на титулата а сезонава Калулу беше повреден а Томори само бледа сенка од таа сезона.
Кјаер ја играше најлошата сезона откако е дојден во Милан а од Малик премногу се очекуваше сепак треба уште многу да работи.
Сезонава Габија беше убедливо најдобар дефанзивец сезонава за Милан,па можеби работите ќе бидат појасни за примените голови.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.448
Поени од реакции
5.655
Кога Габија ти е најдобар у одбрана јасно е колку е саат, за тоа е крива управата што го остави Пиоли со ретарди у одбрана да прави игра.

Кој сака нека е со такви играчи неможе да не примиш 500 гола освен ако не идеш на Алегри тактика.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.924
Поени од реакции
13.900
Само 8 клубови имаат примено повеќе голови од Милан, од нив, три ќе завршат во втора лига.

До 13 место, само два тима имаат примено повеќе и тоа не многу повеќе, туку 2.



Не, не е само до квалитетот. Сигурно нашите дефанзивци не се тринаесетти по квалитет во целата лига.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom