TТи Така мислиш...како Википедија...трансфермаркт друго мисли:
https://www.transfermarkt.com/pierre-kalulu/profil/spieler/585949
А Милан официјалната страна е збунета, па ги користи двете мерења
))))))))))
Кај дефанзивците чест случај е да се лаже со висината, да се додава некој центиметар повеќе.
Али како и да завртиш, висината, па и физичката снага воопшто, не му се најдобрите страни. Иако второто му е помал проблем, а и тоа може да се поправи.
Од друга страна, брзина, антипација, храбар, мирен под притисок, сигурен на топка, добар краток и долг пас, добар во дуел игра (иако би сакал да го видам со некој како Лукаку).
Грешките што ги прави се најмногу последица на годините и неискуството. За дефанзивец си треба искуство за да знаеш кога како да се поставиш, на кој начин да одиграш одбрана и сл.
Али без разлика на споредба со другите, секогаш може да се најде некој пример и без разлика што има висок скок и добар тајминг, висината веројатно ќе му претставува проблем.
За овој висок пресинг што го игра Милан, потребен е брз дефанзивец и добар во дуел игра (затоа и сега бараат некој таков), па Калулу би требало да добива се повеќе шанса, затоа што и двајцата први дефанзивци се спори. Но, освен искуството и подобрата игра со глава и позиционата игра, Кјаер си има и други квалитети, а Ромањоли игра со лева нога, што е многу битно во денешен фудбал при почнување напад и справување со пресинг. Не е најдобра опција да имаш и пар во кој и двајцата играат со десна нога.