Многу брзо ќе се дознаело кој откупил малцински пакет на акции во Милан. Наводно, до крајот на месецов. Јонхонг Ли нема повеќе да биде единствен газда, ќе сме имале и потпретседател, втор газда кој понатаму можеби и целосно би ги откупил акциите. Медиумиве викаат дека не бил италијанец, не бил ни кинез, а најново не бил ни амер.
Мој тип, брате прелесно е. Сашо Мијалков со Орце Камчев. Уште во Милан немаат влезено.
А замисли, големо изненадување, голем спасителски камбек на Силвио Берлускони. Тоа би личело на таа будала. И би било циркузирање. Не верувам, ама ме интересира кој е овогодинешниот Мистер Икс. Секое лето си имаме по еден, дали играч, дали директор, дали газда. Аманет од Адриано Галијани ни е тоа.