Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.403
Поени од реакции
26.393
Јас од шпанско ги пратам Валенсија. Тоталка промашај е Емери. Човекот ти е Алери вол.2 во Валенсија немаше победа против Реал-Барса може цел негов престој во Валенсија. Веќе кога Сидорф успеа да добие едно дерби (конечно) јас би му ја дал шансата и комплет наредна сезона.Јас Емери го сакам што подалеку од Милан.
Викаш? Колку не си во право.

Човекот со Валенсија заврши во последните три сезони како 3-то пласиран и покрај продажбите на Силва и Виља во 2010 и Мата 2011. Па и немал победи против Барса и Реал Мадрид. :pos: Па што ако немал, исто ли е сегашниот Милан со Сидорф во дерби против исто така никаквиот Интер да ги споредуваш со Валенсија на Емери против тогашниот најјак тим во светот Барселона? Мислам нема што да се споредува, срамота е. Па и кога видиш човекот со полни 42 години имаше успешни сезони со Валенсија во ера кога Барселона беа најдобар тим во светот, не само во Шпанија и сезонава со Севиља освои ЛЕ и за малку не успеаа да завршат на 4-та позиција која води во ЛШ. Најголема грешка му беше што пробаше и во Спартак Москва да работи. Ќе му го грози CV , но млад е и има да реди успеси со различни клубови.

Такви тренери ви требаат, за да го извадат максимумот од играчи како Де Јонг, Монтоливо, Кака, Балотели, Хонда, Ел Шарави и Тарабт кои да не се лажиме не се лоши играчи и доколку ги води вистински човек има големи шанси тие играчи да блеснат.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.963
Поени од реакции
23.494
Марли, имаш некое мислење за него? Пратеше како игра Севиља? Јас ги немам гледано многу, а и кога ги гледав, гледав поради Ракитиќ. Памтам од Реал изгубија доста, седум гола мислам дека примија... во ЛЕ беа добри, не само поради тоа што земаа титула. И нема некој тим на располагање, а постигна успех, Ракитиќ па доста празно место, па други... Тоа е добро за нас, ни треба тренер кој ќе знае да работи со тоа што има на располагање, Сидорф не е таков...

Емери, тактика од 1 до 10 има 2-3, али мотивација 10... Знае типот да извади максимум од просеци, тимов наш ебан е фул со просеци така да би бил идеален за нас.. Ракитиќ кутриот место у Шалке немоеше да фати, глејте го сеа, Бака го купија од Колумбија од втора лига глејте го сеа, Фацио дрвото исто глејте го сега..
Не е ништо посебно као тактичар пак ќе кажам, али мотиватор страшен..
Рабиот нека го земе слободно Јуве, цреп невиден ептен у ПСЖ го форсираја ради тоа бројката за домашни играчи и нивно дете, што би рекол Пејо, еве имаме и ние коњ за трчање.. И да го биваше ќе го продаваа ??

Од играчи кои не се у добри односи со своите тимови или се скапани на клупа кои би ни завршиле работа, и се мои лични желби, се Сандро и Ламела од Тотенхем, Настасиќ од Сити и Иско од Реал..
И нека го земат вашиот Ешли Кол од Њукасл, не би биле лоши догодина...

Агаци
Де Шиљо - Рами - Настасиќ - Ешли од Њукасл
Сандро/Де Јонг - Монтоливо
Ламела - Иско - Ел Шарави
Балотели​
:drk:

Али ќе мора да се задоволите со Де Мајо, Кучка, Пароло и ако имаме среќа Бјамбјани :icon_lol:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520

Бака беше најдобар стрелец во Клуб Бриж и Белгиско првенство, од таму го купија. Инаку овој Емери не е нешто посебно јас би да остане Сидорф или ако зимаат некој од Инзаги или Донадони би било подобро, ептен се изгуби Емери во Русија а му дадоа големи пари да троши и сега ова едино со Севиља сезонава што направи и тоа со сите среќи после тој гол против Валенсија.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Фабрегас сигурно летово си оди од Барселона, Манчестер е засега заинтересриан за него, а јас мислам дека Галијани би требало да вмеша прсти тука, поголеми се шансите да го земеме сега отколку пред 2-3 сезони кога од Арсенал отиде у Барса.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
508
Поени од реакции
130
Емери, тактика од 1 до 10 има 2-3, али мотивација 10... Знае типот да извади максимум од просеци, тимов наш ебан е фул со просеци така да би бил идеален за нас.. Ракитиќ кутриот место у Шалке немоеше да фати, глејте го сеа, Бака го купија од Колумбија од втора лига глејте го сеа, Фацио дрвото исто глејте го сега..
Не е ништо посебно као тактичар пак ќе кажам, али мотиватор страшен..
Рабиот нека го земе слободно Јуве, цреп невиден ептен у ПСЖ го форсираја ради тоа бројката за домашни играчи и нивно дете, што би рекол Пејо, еве имаме и ние коњ за трчање.. И да го биваше ќе го продаваа ??

Од играчи кои не се у добри односи со своите тимови или се скапани на клупа кои би ни завршиле работа, и се мои лични желби, се Сандро и Ламела од Тотенхем, Настасиќ од Сити и Иско од Реал..
И нека го земат вашиот Ешли Кол од Њукасл, не би биле лоши догодина...

Агаци/Akinfeev
Де Шиљо - Рами - Настасиќ - Ешли/Kolasinac/Umtiti
Сандро/Де Јонг/Matuidi- Монтоливо/Dembele
Ламела - Иско/Jovetic - Ел Шарави
Балотели/Lukaku​
:drk:

Sent from my HTC One using Tapatalk
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Фабрегас сигурно летово си оди од Барселона, Манчестер е засега заинтересриан за него, а јас мислам дека Галијани би требало да вмеша прсти тука, поголеми се шансите да го земеме сега отколку пред 2-3 сезони кога од Арсенал отиде у Барса.
Нема никакви шанси.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Фабрегас сигурно летово си оди од Барселона, Манчестер е засега заинтересриан за него, а јас мислам дека Галијани би требало да вмеша прсти тука, поголеми се шансите да го земеме сега отколку пред 2-3 сезони кога од Арсенал отиде у Барса.
Изгледа Барса бара 40 милиони за него, така да тешко да дојде некаде во Италија.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.899
Каков Фабрегас бе. Ние за 40 мил ќе купиме цела одбрана тоа што највеќе ни треба. Единствено од тие што не успеаа во Англија би ги земал Ламела или Јоветич. 4-2-3-1 со еден од овие двајца и Ел Шарави, Балотели и # ќе биде обезбеден нападот за долго време.
 
C

Castiel

Гостин
Лампард ќе си оди од челзи... за бес пари иаме одличен играч за во серија А наредна година...ако е во години уште е квалитетен.....
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
Викаш? Колку не си во право.

Човекот со Валенсија заврши во последните три сезони како 3-то пласиран и покрај продажбите на Силва и Виља во 2010 и Мата 2011. Па и немал победи против Барса и Реал Мадрид. :pos: Па што ако немал, исто ли е сегашниот Милан со Сидорф во дерби против исто така никаквиот Интер да ги споредуваш со Валенсија на Емери против тогашниот најјак тим во светот Барселона? Мислам нема што да се споредува, срамота е. Па и кога видиш човекот со полни 42 години имаше успешни сезони со Валенсија во ера кога Барселона беа најдобар тим во светот, не само во Шпанија и сезонава со Севиља освои ЛЕ и за малку не успеаа да завршат на 4-та позиција која води во ЛШ. Најголема грешка му беше што пробаше и во Спартак Москва да работи. Ќе му го грози CV , но млад е и има да реди успеси со различни клубови.

Такви тренери ви требаат, за да го извадат максимумот од играчи како Де Јонг, Монтоливо, Кака, Балотели, Хонда, Ел Шарави и Тарабт кои да не се лажиме не се лоши играчи и доколку ги води вистински човек има големи шанси тие играчи да блеснат.
Башка во тоа време и Реал беше екстремно јак..тие 3,4 години ептен Реал и Барса беа во трка, си ја подаваа титулата.. многу доминантни беа..
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.963
Поени од реакции
23.494
"Нашиот тим е полн со шампиони
Нашето најголемо засилување? Па нашето најголемо засилување е веќе тука со нас, Ел Шарави, тој е голем шампион и очекувајте големи работи од него догодина.
Купивме одличен голман Агаци, иако прими 60 гола у Киево лани, одличен и ќе се борат со Абијати за голманската позиција догодина, Абијати е голем шампион, уште му ја памтим одбраната со Јуве со која ни донесе титула.
Со мојот добар другар Прециози договараме некои зделки, ние двајца сме кралеви на пазарот на играчи, додека ги јадеме ракчињава од 1500 евра , Кучка и Де Мајо ги потпишуваат договорите со Милан, уште двајца големи шампиони.
Сантон? Еден од играчите кои ги следиме одамна но е многу скап, Њукасл бара за него 7 милиони евра, невозможно е во моментов да одвоиме таква астрономска сума, мора да штедиме да бидеме во границите на ФФП и да собираме средства за новиот стадион кој треба да биде готов 2034 година"

- Кристијано Роналдо меѓу спортските директори...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.899
Hellas Verona are going to pay 15m for Iturbe. Milan not willing to pay the same amount for Rami + Taarabt. :icon_lol:
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Моето мислење за моменталната ситуација со Милан, во врска со тренер и неиграњето во Европа е следно :)

Сега е моментот кога ќе се види дали Милан навистина има намера да направи рез со досегашната практика или ќе тоне се подлабоко со просеци. Мене ми е више доста од купување играчи од типот “па добро, можда не е класа, ама е барем бољи од Бонера“ или од играчи као “во одминати години е, ама има уште сезона-две во него, може да се најде, за во Италија е одличен“ и слично. Такви медиокритетски и краткорочни решенија го донесоа Милан на ова дереџе.
Сакам Милан сега да го одреди костурот на чија основа ќе гради тим со подолгорочни цели. Рецимо, основата нека бидат Шиљо, Шарави, Балотели, Де Јонг, Монтоливо, Поли, Кристанте (ако стварно го бива) и околу нив нека се гради екипата. На пример нека донесат младич со потенцијал да ротира со Де Јонг, ако не го бива Кристанте исто таков младич за да ротира со Монтоливо и слично. Во оваа основа има доволно и класа и искуство и потенцијал за да служи како сериозен настап на нов Милан.
Никакви изговори (немање пари, неиграње во Европа, долгови, немоможност да се убедат играчи да си заминат, преширок ростер и слично) не признавам доколку Милан се одлучи да ја продолжи праксата од изминативе неколку години. Никакво продавање на Шиљо/Шарави, никакво носење на Бирса/Констант/Траоре/Есиен/Закардо/Силвестре тип на играчи нема да прифатам под кое и да е оправдување.
Нормално и никакво непродавање на сиот шлајм и сето ѓубре моментално во Милан не прифаќам под било кој изговор.

Сакам да се надевам дека ова 8 место во Серие А ( ОСМО - со зборови) во сите знаеме каква италијанска лига, им делуваше како сериозна шлаканица, доказ за неуспешноста на практиката која ја имаа овие неколку години и ладен туш кој ги освести, па овојпат ќе бидат искрени во тој “проект“ на подмладување на Милан и враќање таму каде што му е местото. Имаат доволно примери од кои може да се види дека можна е изградба на силен тим без тие астрономски цифри пари. Треба само искрен и сериозен пристап. Овојпат не им верувам додека не видам такви потези, ама искрено се надевам и очекувам.
Времето за рез и градење на нов и сериозен тим е сега. Кога заради неуспешноста мораат нешто да превземат и кога ќе играме само домашни утакмици.

Во таа смисла, по прашањето за тренер на Милан сум ептен поделен и неодлучен. Кога би ме прашале би им рекол да го потврдат Сидорф и да му даат што е можно поодврзани раце. Човекот е створен за тренер - менаџер. Тип на тренер какви што се тренерите во Премиер Лига. Менаџер кој има главен збор за трансфери, не му се мешаат во формации и тактики, има главен збор во соблекувална и поширок простор за дејствување. Е сеа знам дека во Италија тоа е скоро невозможно затоа што и спортски директори и претседатели на клубови, наместо да си ја гледаат својата работа сакаат и тренери и судии и капитени и се да бидат, ама Де Лаурентис со Бенитез и Ањели со Конте докажаа дека можно е да постои таков менаџер во Италија, па и не само што е можно, туку е и пожелно со оглед на тоа што одлично се покажаа.

Мислам дека Сидорф има голем потенцијал за таков тип на тренер кој не е марионета на директорот и претседателот. Авторитетот кој очигледно се обиде да го наметне во соблекувалната и ова што Галијани и Берлускони одма скокнаа кога не ги послуша, го докажуваат тоа. Меѓутоа, очигледно е и дека не успеа да го наметне тој авторитет кај сите играчи, претпоставувам од едноставни причини. Во Милан има игрчи кои се осеќаат или се осеќаа недопирливи и се опуштија као Абате и Монтоливо на пример. Поготово со ноншалантноста во играта. Кога Сидорф ги стегна, почнаа да квичат, па мораше Галијани да реагира. Сигурно е и тешко тренерски авторитет да ти наметне некој со кој буквално до вчера си играл во тим. Меѓутоа, Сидорф покажа сериозен пристап, покажа одлично справување во тешка и непозната ситуација, покажа тренерска и тактичка еластичност, па на крајот на краиштата покажа и резултати, така да од мене има поддршка за се она кое се обиде да го вметне во Милан. Оттука, ако го потврдат Сидорф, сакам Галијани и Берлускони да застанат навистина зад него, да му даат поголем простор и слобода на делување. Ако одлучат да го тргнат, после тоа што го натераа наеднаш да прекине играчка карира во Бразил и итно да полета за Италија, испаѓаат крајно некоректни (поготово после тоа што Сидорф и не се покажа како лошо решение - напротив), а нему ќе му посакам успех некаде каде што ќе има поголема слобода, верувам дека ќе стане одличен менаџер.

Од другиве имиња, сите некако ми се тука некаде. Ниедно претерано сериозно и ниедно не ми дава надеж појше од Сидорф дека со него би настапила нова ера на Милан. Баш напротив. Мислам дека таква нова ера би била целосна со Сидорф (ама менаџер Сидорф, а не марионета) или Инзаги ( ист таков) као тренери на Милан. Единствено би го сменил Сидорф за Инзаги, размислувајќи скроз необјективно, од крајно навивачки побуди.

Во врска со последново и очигледно најсериозно име - Емери, кажав дека немам до крај изградено мислење, имам само неизмерна и помалку луда желба да го донесе Ракитиќ со него. :) Освојувањето на ЛЕ со Севиља, во, да не се лажеме сериозна конкуренција годинава и успесите со Валенсија, би требало да говорат доволно за негов квалитет. Меѓутоа, во врска со него не ми се допаѓа тоа што како главна карактеристика која би била одлучувачка за да му се дае Милан е тоа што знае да извлече максимум од просечни тимови. Ако овие го носат Емери за да извлече максимум од Констант, Мунтари, Бирса, Запата и Абате и да му носат такви и слични играчи - да му ебам мајката. :) Ако го носат со таа замисла, значи ништо од нов, подмладен и Милан со класа потенцијал.Ако го носат за да влече максимум од ваквиот просечен и во иднина исто таков просечен Милан - не го сакам! Во тој случај, на Милан му треба нешто друго. А доколку го носат со замисла да биде водач на тој новиот Милан и во него препознале квалитети кои покажуваат дека е кадарен за тоа - тогаш во ред.

Замислата на Милан одма ќе се види. За неколку лета наназад викавме дека се “најважни досега“ и “многу важни“, ама сепак мислам дека ова е тоа лето кога Милан ќе покаже дали има сериозна намера да почне нов циклус, да се врати прво во врвот на Италија, а после и меѓу најдобрите во Европа или има намера да се крпи од година за година, со надеж дека некои просеци ќе имаат најдобра сезона во животот и ќе блеснат за момент.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom