Моето мислење за моменталната ситуација со Милан, во врска со тренер и неиграњето во Европа е следно
Сега е моментот кога ќе се види дали Милан навистина има намера да направи рез со досегашната практика или ќе тоне се подлабоко со просеци. Мене ми е више доста од купување играчи од типот “па добро, можда не е класа, ама е барем бољи од Бонера“ или од играчи као “во одминати години е, ама има уште сезона-две во него, може да се најде, за во Италија е одличен“ и слично. Такви медиокритетски и краткорочни решенија го донесоа Милан на ова дереџе.
Сакам Милан сега да го одреди костурот на чија основа ќе гради тим со подолгорочни цели. Рецимо, основата нека бидат Шиљо, Шарави, Балотели, Де Јонг, Монтоливо, Поли, Кристанте (ако стварно го бива) и околу нив нека се гради екипата. На пример нека донесат младич со потенцијал да ротира со Де Јонг, ако не го бива Кристанте исто таков младич за да ротира со Монтоливо и слично. Во оваа основа има доволно и класа и искуство и потенцијал за да служи како сериозен настап на нов Милан.
Никакви изговори (немање пари, неиграње во Европа, долгови, немоможност да се убедат играчи да си заминат, преширок ростер и слично) не признавам доколку Милан се одлучи да ја продолжи праксата од изминативе неколку години. Никакво продавање на Шиљо/Шарави, никакво носење на Бирса/Констант/Траоре/Есиен/Закардо/Силвестре тип на играчи нема да прифатам под кое и да е оправдување.
Нормално и никакво непродавање на сиот шлајм и сето ѓубре моментално во Милан не прифаќам под било кој изговор.
Сакам да се надевам дека ова 8 место во Серие А ( ОСМО - со зборови) во сите знаеме каква италијанска лига, им делуваше како сериозна шлаканица, доказ за неуспешноста на практиката која ја имаа овие неколку години и ладен туш кој ги освести, па овојпат ќе бидат искрени во тој “проект“ на подмладување на Милан и враќање таму каде што му е местото. Имаат доволно примери од кои може да се види дека можна е изградба на силен тим без тие астрономски цифри пари. Треба само искрен и сериозен пристап. Овојпат не им верувам додека не видам такви потези, ама искрено се надевам и очекувам.
Времето за рез и градење на нов и сериозен тим е сега. Кога заради неуспешноста мораат нешто да превземат и кога ќе играме само домашни утакмици.
Во таа смисла, по прашањето за тренер на Милан сум ептен поделен и неодлучен. Кога би ме прашале би им рекол да го потврдат Сидорф и да му даат што е можно поодврзани раце. Човекот е створен за тренер - менаџер. Тип на тренер какви што се тренерите во Премиер Лига. Менаџер кој има главен збор за трансфери, не му се мешаат во формации и тактики, има главен збор во соблекувална и поширок простор за дејствување. Е сеа знам дека во Италија тоа е скоро невозможно затоа што и спортски директори и претседатели на клубови, наместо да си ја гледаат својата работа сакаат и тренери и судии и капитени и се да бидат, ама Де Лаурентис со Бенитез и Ањели со Конте докажаа дека можно е да постои таков менаџер во Италија, па и не само што е можно, туку е и пожелно со оглед на тоа што одлично се покажаа.
Мислам дека Сидорф има голем потенцијал за таков тип на тренер кој не е марионета на директорот и претседателот. Авторитетот кој очигледно се обиде да го наметне во соблекувалната и ова што Галијани и Берлускони одма скокнаа кога не ги послуша, го докажуваат тоа. Меѓутоа, очигледно е и дека не успеа да го наметне тој авторитет кај сите играчи, претпоставувам од едноставни причини. Во Милан има игрчи кои се осеќаат или се осеќаа недопирливи и се опуштија као Абате и Монтоливо на пример. Поготово со ноншалантноста во играта. Кога Сидорф ги стегна, почнаа да квичат, па мораше Галијани да реагира. Сигурно е и тешко тренерски авторитет да ти наметне некој со кој буквално до вчера си играл во тим. Меѓутоа, Сидорф покажа сериозен пристап, покажа одлично справување во тешка и непозната ситуација, покажа тренерска и тактичка еластичност, па на крајот на краиштата покажа и резултати, така да од мене има поддршка за се она кое се обиде да го вметне во Милан. Оттука, ако го потврдат Сидорф, сакам Галијани и Берлускони да застанат навистина зад него, да му даат поголем простор и слобода на делување. Ако одлучат да го тргнат, после тоа што го натераа наеднаш да прекине играчка карира во Бразил и итно да полета за Италија, испаѓаат крајно некоректни (поготово после тоа што Сидорф и не се покажа како лошо решение - напротив), а нему ќе му посакам успех некаде каде што ќе има поголема слобода, верувам дека ќе стане одличен менаџер.
Од другиве имиња, сите некако ми се тука некаде. Ниедно претерано сериозно и ниедно не ми дава надеж појше од Сидорф дека со него би настапила нова ера на Милан. Баш напротив. Мислам дека таква нова ера би била целосна со Сидорф (ама менаџер Сидорф, а не марионета) или Инзаги ( ист таков) као тренери на Милан. Единствено би го сменил Сидорф за Инзаги, размислувајќи скроз необјективно, од крајно навивачки побуди.
Во врска со последново и очигледно најсериозно име - Емери, кажав дека немам до крај изградено мислење, имам само неизмерна и помалку луда желба да го донесе Ракитиќ со него.

Освојувањето на ЛЕ со Севиља, во, да не се лажеме сериозна конкуренција годинава и успесите со Валенсија, би требало да говорат доволно за негов квалитет. Меѓутоа, во врска со него не ми се допаѓа тоа што како главна карактеристика која би била одлучувачка за да му се дае Милан е тоа што знае да извлече максимум од просечни тимови. Ако овие го носат Емери за да извлече максимум од Констант, Мунтари, Бирса, Запата и Абате и да му носат такви и слични играчи - да му ебам мајката.

Ако го носат со таа замисла, значи ништо од нов, подмладен и Милан со класа потенцијал.Ако го носат за да влече максимум од ваквиот просечен и во иднина исто таков просечен Милан - не го сакам! Во тој случај, на Милан му треба нешто друго. А доколку го носат со замисла да биде водач на тој новиот Милан и во него препознале квалитети кои покажуваат дека е кадарен за тоа - тогаш во ред.
Замислата на Милан одма ќе се види. За неколку лета наназад викавме дека се “најважни досега“ и “многу важни“, ама сепак мислам дека ова е тоа лето кога Милан ќе покаже дали има сериозна намера да почне нов циклус, да се врати прво во врвот на Италија, а после и меѓу најдобрите во Европа или има намера да се крпи од година за година, со надеж дека некои просеци ќе имаат најдобра сезона во животот и ќе блеснат за момент.