Искрено кажано, јас на форумов ретко и да приметувам вистински спортисти...
Дискусија за кошарка скоро и да нема, има само некои кои демек следат кошарка, и доаѓаат тука со цел да се испокараат, да лечат комплекси навредувајќи ги неистомислениците, а со спорт, т.е кошарка врска да се немало...
Но, што е тука е, одиме понатаму. Бановите наскоро истекуваат, се враќаат Радикал и Коле. А дали ќе пишуваат или не, тоа е нивно право, а јас лично сакам да се вратат.
Сериозно размислував деновиве да предложам и укинување на овој подфорум, бидејќи истиот е убедливо најкатастрофалниот дел од овој форум, токму заради гореискажаното. Иако има многу дискусија, и многу членови кои пишуваат тука.
Но, како пишуваат?
Преку таквото ми е од постојани провокации, па премин кон „сељаци“, „скопски педери“ и сл.
Милион пати сум рекол: Поарно и не пишувајте ако мислите да напишете само „Ќе ве е***е“ или слично на ова.
Тоа води кон соодветен нервозен испровоциран одговор во жесток вулгарен стил кој е недозволен на овој форум.
И, како последица на сево ова, админите го употребиле крајното средство БАН.
Не барам, ниту посочувам виновници. Барам само да имате ниво на пишувањето и изразувањето.
Ако не знаете како, видете, прочитајте, ќе ви текне и ќе успеете. Ако пак продолжите по старо...ќе има банови. Иако ретко посегнувам по нив.
едит: Фантом, НАЈГОЛЕМА ОПОМЕНА ДО ТЕБЕ!