Интересна работа ова форумов...
Едно време, имаше тука прекрасни дискусии... Луѓе дискутираа, љубители на кошарката пред се, а дури потоа навивачи на својот клуб.
Арно ама, почнаа да се регистрираат камикази-јузери, кои истресуваат понекоја глупост, провоцираат, и фала Богу, јадат бан на подолг временски период.
Тоа настанува така што во „штабовите“ станува муабет дека постои еден форум, масовен, се дискутира за кошарка, па има таму од Фемили, Ајдуци, Лозари (или кој било) па ај ќе одиме и ќе им е**ме матер.
Сте се заебале, мили мои дечиња. Нивото на форумов е преголемо за вас.
Еден период беше оставен подфорумов како место за празнење, ама и самите видовте дека не бива така.
Значи, ако ви се дискутира, дискутирајте, ако не, не се замарајте воопшто да пишете нешто. Сајбер хулиганство не минува тука. Ниту пак сељачко мерење на таквите изразено преку курназење.
Го пишувам ова на темата за МЗТ.
Поздрав до моите скопски пријатели, пораз имавте последното коло, но тоа е...спорт...топка...Наредното коло играме со вас. Се надеваме на победа во Јане Сандански.
8-ми март е. Морам сопругата да ја изведам некаде, бидејќи ја гледам многу ретко во последно време, па може да спијам на патот.
Инаку, сакав да дојдам, но ќе остане за некоја наредна прилика, здравје.