Teшко ми е на душава.
Дотолку да поголемиот дел од сезонава не ги гледав Лејкерси, не гледав НБА воопшто. Не ја гледав ни последнава утакмица, воопшто не ни знаев дека е последната. Не пратев НБА оваа сезона затоа што мачна ми беше помислата дека ова му е последна сезона на човекот кој толку долго, целата кариера, беше лице на клубот за кој навивам.
Ќе го паметиме, и ќе го славиме. Еден од најголемите и најдобрите во историјата на кошарката.
Легенда.
Завршувањето на кариерата на Коби Брајант, е тешко за сите љубители на кошарката. Уште потешко е за навивачите на Лејкерси. Но на некој начин можеби најтешко е за нас што сме и љубители на кошарката, и навивачи на Лејкерси, но и врсници на Коби. За нас неговото повлекување од НБА е нешто како соочување со сопствената смртност. Нажалост од фактите нема бегање, се си има почеток, и крај. Дури и кариерите на великаните како Коби, и тие имаат крај.
А за нашите Лејкерси - се надевам дека ова е нов почеток!