И мене ми падна во очи тоа со летот, но се надевам дека не било тоа главна причина пошо мислам дека е једини играч што искочил од ова никакво парче земја што има потенцијал да направи нешто повеќе и да се одвои од македонскиот просек. Според мене изборот и е добар и логичен ако во игра биле Крим, Будуќност и Турингер.
Турингер е тим во кој што најголем дел од играчите се Германки, чисто се сомневам дека Сара зборува германски плус клубот повремено се соочува со финансиски проблеми, а и Германија не е нешто баш-баш кога е во прашање женскиот ракомет. Иако мора да се признае дека од Турингер имаат излезено и излегуваат доста интересни играчи. Будуќност е супер опција вака од прв поглед, многу млад тим, балкански, меѓутоа не знам колку би добивала минутажа покрај Ујкич бидејќи Аџич ја форсира доста интензивно.
Крим е исто така тим кој што работи со млади играчи, говорното подрачје е тоа мање-више, клубот е стабилен, произведе многу играчи низ годиниве, плус таму е и Мавсар со која што интензивно се дружеа додека играше во Вардар, a и Барби изгледа таму ќе заврши. Плус, минатата година на некое интевју ја слушав дека пред да потпише за Вардар била веќе готова работата со Крим и требала само да отиде во Љубљана, па Индира ја премислила. Така да, ништо чудно сега да загризале поинтензивно Словенците.