Фан клуб: ЖРК Вардар

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.170
Значи се повлекува полека Сасмоненко, прво од РК Вардар се најавени заминувања, еве сега и од ЖРК, се надевам дека и со ФК Вардар нема да биде иста приказната
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ќе си замине од сите три клуба со тек на време, повеќе од очигледно... :kluc:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Мерк скинала лигаменти, не игра до крај на сезона. Тоа практично значи отпишување на Ѓер од борба за титула годинава, тешко дека без десен бек можат да се спротистават на тимовите на Ф4.
Него, лошо би било ако не успеат да и најдат солиден клуб од ЛШ на Сара за наредната година. Ако остане „да го развива“ македонскиот ракомет со домашни играчи идната сезона би направила огромен чекор назад во кариерата. Кога сме кај тимот за наредната сезона, се надевам не им е во план да пријавуваат тим за ЛШ составен само од наши девојки, тоа би било тешка бламажа за македонскиот ракомет.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549

Сара имаше понуди уште пред да потпише за Вардар, па ваљда нема да и биде проблем да најде клуб сега. Само се надевам дека тоа би било клуб во кој би имала значајно поголема минутажа од Вардар.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Несакам да верувам во распад ама изгледа нема друго,додуша само пенка и лакрабер официјално си идат ама повеќе од очигледно дека и другите,само незнам зошто Сергеј го правеше ова а сега си игра мајтап да не го купеше Вардар немаше да има финал4 шампиони и сл работи ама сега кога се навикнавме да сме во врвот на европа како ќе се одвикнеме е прашање, и тоа баш кога дојдоа до тие сезони што ги очекувавме неколку години,па и незнам зошто некој бизнисмен не го привлеге ваков клуб готов со играчи со систем на игра и слично Сергеј кога беше најтешко да се купат играчи да се земат Лекич и Радичевич Суслина и др да не ги набројувам не е лесно во анонимен клуб исто и кај мажите Штербик Дибиров и сл.
Сега сите млади играчи би прифатиле да играат за Вардар па и поискусни башка шампиони сме тогаш му текнува смалување на буџет и други глупости
Сега останува да се радуваме ако успеат да задржат некој играч или некој евентуално да сака да вложи во клубот
Сергеј кај и да е ке стави:kluc:на клубот па ќе останеме со општински буџет и ќе играме со Радовиш Пролет и остали
Ама не за џабе отпеал Џани "Све што је лепо живот ми ускрати":popce:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
http://www.gol.mk/rakomet/zhrk-vardar-se-raspushta-dzvezdite-si-odat-kje-igraat-makedonski-rakometarki
„Прво нешто што сакам да кажам е дека клубот останува максимално фокусиран кон трофеј во Лигата на шампионите. Тоа е прва работа за нас и останува цел и оваа година. Клубот наредната сезона од септември ќе настапува со играчи од сопствениот погон, млади ракометарки кои произлегуваат од вардаровата школа. Планираме со нив да се работи долги стази, да им се наметне амбицијата за да може да станат дел од македонската репрезентација за 2022 година за ЕП. Сме со намера колку можеме од тие девојчиња достојно да го презентираат клубот. Тоа е мотив за нас, но и предзивик. Се водевме според професионалното, на ракометарките со време им соопштивме да си бараат нови клубови. На многу од нив им завршуваат и договорите со нас. И покрај сите промени, иднината на клубот не е доведена под знак прашалник. Сите ќе го имаат истиот третман како и претходниците, односно на нив ќе биде ставен максимален фокус на работа, а исти ќе бидат и условите за работа и турнирите, за во континуитет да добијат настапи и да им растат амбициите“
Според мене ова е мошне разумен и логичен потег. Женската ЛШ во последниве неколку сезони е мизерија, особено ако се спореди со раните 2000-ти. Да не беа Вардар, Ѓер, Ростов и ЧСМ нема буквално да личи на ништо. Тимовите како Ларвик и Будучност функционираа бидејќи доаѓаа од земји со страшно развиени школи, мада и Ларвик полека го снемува од мапата. Посетеноста освен во Унгарија и Романија е смешна за натпреварување кое треба да биде "крем де ла крем" во женскиот ракомет. Далеку од тоа дека во машкиот ракомет е сјајно, но барем има најави за сериозни промени во следните неколку сезони во поглед на ТВ правата, спонзорствата и сл. Се надевам дека ќе си ја сфатат сериозно работата, дека ќе ги стават правите луѓе на работа и дека стварно ќе излезат неколку играчи од овој тим со оглед на тоа што ги имаат сите предуслови да се работи квалитетно.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Ваљда ќе успееме да истраеме и да истераме една ваква работа до крај, долг процес е ама мислам дека е исправна одлуката.

Само немој да испадне да зборат вака а у реалност да играат 30+ годишни ракометарки на сметка на помладите.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Лесно е да се каже ама да се направи малку потешко. Со која стратегија ќе ги „развиваат“ овие играчи? Со истата со која еве веќе 6 години како Самсоненко го има тимов не извадија ниту еден играч? Со Кастратовиќ, Платон, Велкова и кои уште не други што отворија приватни школи кои работат веќе преку 10 години и исто така не извадија ниту еден играч? Што мајка ќе бараат тие девојчиња во ЛШ, освен да служат како топовско месо? Па Металург до пред некоја година ја имаше собрано цела репрезентација со Бајрамоска, Георгиевска, Пецевска, Мечевска, Андреева... и не успеаа ниту еднаш да пројдат квалификации и да стигнат до групи и ова сега треба да е поуспешен проект од тоа? Ние во машки ракомет каде приликите се десет пати подобри не можеме да составиме еден квалитетен младински тим сите овие години, ама за ова ги имаме правите луѓе. (y)
Продавање магла откако останаа без буџетот, ништо чудно за година-две да пукне и овој „проект“.
 
Држи вода. Мада од друга страна па, во претходната постава на Вардар Јуниор имаше две-три девојчиња кои можеа малку по малку да ги буткаат во оган. Нолевска, Митова па и Стојановска, а они ја сменија речиси целата постава и тие неколку кои вредеа си отидоа во други клубови. Нолевска дури потпиша за Виборг за кој нема потреба да дискутираме што претставува во женскиот ракомет. Иста е и ситуцијата со Сара. Дел е од ЖРК веќе трета сезона, а во ЛШ имала колкава минутажа до сега? Да не збориме за тоа дека свесно и одговорно тврдам дека игра во подобра форма последниве две сезони од Јованка. Не тврдам дека од тие неколку девојчиња ќе искочеше нешто дури и да им се пружеше шанса, но нема како да знаеш ако не пробаш.

Да не се разбеме погрешно, и јас сум скептик. Искуството како што и ти самиот кажуваш покажало дека многу малку со сработило во тој поглед од кога клубот е на високо ниво, но да видиме. Времето ќе покаже.
 
Член од
27 јуни 2014
Мислења
80
Поени од реакции
219
Се навикнавме на врвен ракомет во ЖРК а без пари ништо од тоа...:notworthy: и приказните ќе развиваме репрезентативни ракометарки не држат, ако за 5 години ниту една не си извадил од сопствената академија.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Проблемот е што нема некои ракометарки со надеж на кои би им помогнало форсирањето барем според мене, сем нели Ристовска. Освен ако не планираат да ја враќаат оваа комшивкава моја Ива пола држава што ја пројде.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Тоа со младите ракометарки е гола вода. Полека ќе згасне клубот и тоа е тоа. Нека освојат барем оваа година титула и да ги памтиме по убаво. Се изназемаа пари, ништо не освоија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom