Ova im go kazaa pred nekolku dena. Imaa sostanok za ova mislam deka od ZRK samo si zaminuva
Сара имаше понуди уште пред да потпише за Вардар, па ваљда нема да и биде проблем да најде клуб сега. Само се надевам дека тоа би било клуб во кој би имала значајно поголема минутажа од Вардар.Мерк скинала лигаменти, не игра до крај на сезона. Тоа практично значи отпишување на Ѓер од борба за титула годинава, тешко дека без десен бек можат да се спротистават на тимовите на Ф4.
Него, лошо би било ако не успеат да и најдат солиден клуб од ЛШ на Сара за наредната година. Ако остане „да го развива“ македонскиот ракомет со домашни играчи идната сезона би направила огромен чекор назад во кариерата. Кога сме кај тимот за наредната сезона, се надевам не им е во план да пријавуваат тим за ЛШ составен само од наши девојки, тоа би било тешка бламажа за македонскиот ракомет.
Според мене ова е мошне разумен и логичен потег. Женската ЛШ во последниве неколку сезони е мизерија, особено ако се спореди со раните 2000-ти. Да не беа Вардар, Ѓер, Ростов и ЧСМ нема буквално да личи на ништо. Тимовите како Ларвик и Будучност функционираа бидејќи доаѓаа од земји со страшно развиени школи, мада и Ларвик полека го снемува од мапата. Посетеноста освен во Унгарија и Романија е смешна за натпреварување кое треба да биде "крем де ла крем" во женскиот ракомет. Далеку од тоа дека во машкиот ракомет е сјајно, но барем има најави за сериозни промени во следните неколку сезони во поглед на ТВ правата, спонзорствата и сл. Се надевам дека ќе си ја сфатат сериозно работата, дека ќе ги стават правите луѓе на работа и дека стварно ќе излезат неколку играчи од овој тим со оглед на тоа што ги имаат сите предуслови да се работи квалитетно.„Прво нешто што сакам да кажам е дека клубот останува максимално фокусиран кон трофеј во Лигата на шампионите. Тоа е прва работа за нас и останува цел и оваа година. Клубот наредната сезона од септември ќе настапува со играчи од сопствениот погон, млади ракометарки кои произлегуваат од вардаровата школа. Планираме со нив да се работи долги стази, да им се наметне амбицијата за да може да станат дел од македонската репрезентација за 2022 година за ЕП. Сме со намера колку можеме од тие девојчиња достојно да го презентираат клубот. Тоа е мотив за нас, но и предзивик. Се водевме според професионалното, на ракометарките со време им соопштивме да си бараат нови клубови. На многу од нив им завршуваат и договорите со нас. И покрај сите промени, иднината на клубот не е доведена под знак прашалник. Сите ќе го имаат истиот третман како и претходниците, односно на нив ќе биде ставен максимален фокус на работа, а исти ќе бидат и условите за работа и турнирите, за во континуитет да добијат настапи и да им растат амбициите“
Држи вода. Мада од друга страна па, во претходната постава на Вардар Јуниор имаше две-три девојчиња кои можеа малку по малку да ги буткаат во оган. Нолевска, Митова па и Стојановска, а они ја сменија речиси целата постава и тие неколку кои вредеа си отидоа во други клубови. Нолевска дури потпиша за Виборг за кој нема потреба да дискутираме што претставува во женскиот ракомет. Иста е и ситуцијата со Сара. Дел е од ЖРК веќе трета сезона, а во ЛШ имала колкава минутажа до сега? Да не збориме за тоа дека свесно и одговорно тврдам дека игра во подобра форма последниве две сезони од Јованка. Не тврдам дека од тие неколку девојчиња ќе искочеше нешто дури и да им се пружеше шанса, но нема како да знаеш ако не пробаш.Лесно е да се каже ама да се направи малку потешко. Со која стратегија ќе ги „развиваат“ овие играчи? Со истата со која еве веќе 6 години како Самсоненко го има тимов не извадија ниту еден играч? Со Кастратовиќ, Платон, Велкова и кои уште не други што отворија приватни школи кои работат веќе преку 10 години и исто така не извадија ниту еден играч? Што мајка ќе бараат тие девојчиња во ЛШ, освен да служат како топовско месо? Па Металург до пред некоја година ја имаше собрано цела репрезентација со Бајрамоска, Георгиевска, Пецевска, Мечевска, Андреева... и не успеаа ниту еднаш да пројдат квалификации и да стигнат до групи и ова сега треба да е поуспешен проект од тоа? Ние во машки ракомет каде приликите се десет пати подобри не можеме да составиме еден квалитетен младински тим сите овие години, ама за ова ги имаме правите луѓе.
Продавање магла откако останаа без буџетот, ништо чудно за година-две да пукне и овој „проект“.