Ајде, ајде, ајде Вардарееееее
Ми се направи ќеиф што Царчев го тресна Симе во купов. Тук таму пратам женски ракомет откако си отиде Самс, гледам секоја година се помлад и помлад тим имаме и во првенството се за 1-2 разлика ги губиме дуелите.
Сестрите Коцеви ми беа талентирани пред 2 години, ама некако се здебелија и двете, особено Борјана. Бојана иако е здебелена, се уште има добра визија, ги растури денес Ѓорче Петров со паметни пасови до крило. Има изгубено на пробивност.
Ама затоа двете бекчиња Стефановска и Диневска растурија со влезови. Како шило е Диневска, мало ама пробивно и пргаво. Браво.
Штета што се ситни, немаат скок шутеви.
Утре финале за куп титула со Куманово, кои одмораа во полуфинале ради распадот на Металург...