Фан клуб: ЖРК Вардар

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Ама и никој не се замара со женски ракомет у принцип, нема интерес. Затоа и никој не се буни. ЛШ е се послаба и послаба, се изгубија (или барем на се нивото на кое што беа) тимови како Ларвик, Кометал, Шлагелсе, Виборг, Хипо, Вардар, Крим, Сагунто итн. Кога лигата што треба да биде најсилна се сведува на три-четири клуба што останува за послабите купови под капата на ЕХФ како и националните првенства...
Хахахааха Вардар во овие ги наброја, не постоеше Вардар во тоа време. Не ти смета дека последните 5 години Вардар имаше дрим тим и само дрим тимот на Ѓер можеше да им парира? Или сега ќе секнат парите и не се израмнети екипите. Тоа дека има само 4 екипи е факт, Ѓер освојува без најдобриот офанзивен и дефанзивен играч а од следната сезона ем ќе му бидат здрави ем го земаат најдобриот голман. Не треба да се биди лицемерен, да пропаднеше Ѓер пред 2 години пола играчи ќе му ги земеше Вардар.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Хахахааха Вардар во овие ги наброја, не постоеше Вардар во тоа време. Не ти смета дека последните 5 години Вардар имаше дрим тим и само дрим тимот на Ѓер можеше да им парира? Или сега ќе секнат парите и не се израмнети екипите. Тоа дека има само 4 екипи е факт, Ѓер освојува без најдобриот офанзивен и дефанзивен играч а од следната сезона ем ќе му бидат здрави ем го земаат најдобриот голман. Не треба да се биди лицемерен, да пропаднеше Ѓер пред 2 години пола играчи ќе му ги земеше Вардар.
Не гледам што е лицемерно во мојот пост? Мене муабетот ми беше во контекст на тоа дека квалитетот на женскиот ракомет за жал е во постојан пад, публика има се помалку, спонзори и финансии има се помалку и затоа и никој не се замара што со години веќе женскиот Ф4 се организира во Будимпешта. Спореди ја конкуренцијата во последниве неколку сезони во ЛШ со конкуренцијата во времето кога беше активен Кометал.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Ne samo tebe ti tekna, svaka cas
На никој не му текна ни на фејсбук,ни на форумов,дека македонска снаа ни пресуди Факт.Онаа Талевска.
Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
378
Поени од реакции
1.038
Заврши „проектот“ во кој пролетаа мноооогу пари, играчи, тренери... Може да го оцениме како неуспешен. Беше започнат за да се освои европската титула, за домашните т.н. натпреварувања па и за регионалната лига никој посериозно не ни размислуваше. Секоја чест на играчите за желбата, пожртвуваноста, срце на терен и слични атрибути, не само вчера туку и низ сезоните наназад, ама сепак доаѓаме до болната вистина дека историјата ги памети само победниците. 100 луѓе кои не следат спорт да ги прашаш дали Кометал бил шампион 90 ќе речат да, а да ги прашаш уште колку финалиња изиграле и изгубиле нема ни 10 од нив да знаат. Така за жал ќе биде наскоро и со ЖРК. Ќе остане впечатокот дека сите овие сезони фалеше некоја ситница, некој Х фактор. Анализи ќе има многу, мислења уште повеќе, моето е дека фалеше цврста рака на клупата, стручен и стабилен тренер. Од ајмо девојке, преку сите асистенти, советници, Питлици, па до г-џа Дибирова кои се протераа низ клупата никој не се наметна со авторитет, со стручност, да знае што и како сака на терен и не помалку важно, да биде оставен на раат за тоа да го спроведе. Во европскиот женски ракомет има 40-тина играчи кои отскокнуваат и по правило се распоредени во 4-5 клуба. Остатокот е на ниво и повеќе подолу, а Вардар неколку сезони имаше безмалку две постави од тие 40-тина играчи. За жал не беше само тоа доволно.
Како и да е, заслужуваат почит и благодароност за тоа што досега го направија. Нас ни останува да чекаме некоја нова „странска инвестиција“ која наместо во Бунарџик ќе заврши во „Јане“ или „Борис“ за повторно да мешаме Скопско со дијазепам на Ф4.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Кометал нема шанси да освоеше титула во ваков формат на натпреварување, тоа е разликата. Константно играш фајнл 4 на безмалку домашен терен на скоро секогаш најсилната екипа во лигата.
ЖРК Вардар реално и немаше најсилен состав во ниту една од овие сезони. Лани типична кражба беше губењето на титулата, а и годинава се чувствуваше домаќинското судење за Ѓер.
Да игравме дома-гости, во една пеколна атмосфера во Јане Сандански (за финале на Лш, сигурно би се барала карта плус), секаква разлика ќе можевме да надополниме.
Штета, едноставно не се поклопија коцките во ниту една сезона. Секогаш блиску, а сепак далеку.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
И покрај пропустите на играчите,судиите збркаа голема работа.Чекаат најмала грешка на вардарки и свират фаул,чекори,пробивања а од спротива се толерираат таквите работи.
Претпоследниот напад во регуларни 60мин на Гер кога им свирна пенал,мислам дека беше чист поклон.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Broch или како и да се пишува треба да ја пуштат со мажи да игра...утсвари такво мавање и кај нив нема :)
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
А да не збориме дека за нив нападите траеа по цела вечност, додека за нас дигаа рака после неколку секунди.И да мора ова правило некако да се промени, ок да ставиш време неможеш, ќе се уништи играта.ама затоа можат да направат после дигањето на рака едно две додавања и крај.А не ко сега дигаат рака и ги оставаат по 10 додавања да прават.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Првото полувреме не го гледав, почнав од второ и мене воопшто не ми изгледаше пристарсно судењето за Ѓер.

Тепаа маџарките ама и добиваа санкции за тоа, имаа повеќе исклучувања од Вардар. Исто и за пасивноста, ист беше критериумот. Лани онаа лезбејката им одзеде чиста победа со едно од најсрамните судења воопшто во ракометот, но годинава немаше пристрасно судење, бар според мене.

Едноставно, самите си се победија, којзнае кој пат. Имаш голман со катаљарда одбрани, пола од нив фатени зицери, во четирите последни минути од мечот имаш играч повеќе, не успеваш да се одлепиш. И покрај тоа имаш 10 секунди за победнички гол, ја сјебуваш акцијата.

После пак се држиш ама Аморим ја покажува класата и носи заслужена победа на Ѓер.

А Ф4 е најглуп можен формат. Не мора дома-гости финале, туку треба да се направи само финалето да се игра на неутрален терен. Ко во фудбалската ЛШ, одреди пред почетокот сала кај ќе се игра финалето, полуфиналето дај го во 2 меча да се игра и воала.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Zenski rakomet ne sum pratel do sea, ovaa sezona pocnav da pratam. Epten e ne-fer ova so terenot, mora da go promenat toa.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Абе луѓе судењето си беше ок ,може некоја ситуација ама ако судеа според сите правила ЛЕКИЌ ТРЕБАШЕ ЦРВЕН ДА ДОБИЕ УШТЕ ВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ,имаше чист удар во лице на Офтендал,ако се сеќавате кога Леки ја гушна и се извини на судиите
А и Горбиц кога даде гол од крило и свирнаа престап на повторената се виде дека не беше.
Никој не е крив си прокоцкавме сами ама јбг:(
 
Последно уредено:

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Абе луѓе судењето си беше ок ,може некоја ситуација ама ако судеа според сите правила ЛЕКИЌ ТРЕБАШЕ ЦРВЕН ДА ДОБИЕ УШТЕ ВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ,имаше чист удар во лице на Офтендал,ако се сеќавате кога Леки ја гушна и се извини на судиите
А и Горбиц кога даде гол од крило и свирнаа престап на повторената се виде дека не беше.
Никој не е крив си прокоцкавме сами ама јбг:(
Чист престап беше тоа, прво доскокна во голманскиот простор после упати удар...а не дека згазна на линија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom