Пошто еве ме бараат некои да сум пишел нешто, ајде да пишам.
Ма да нема ни што да се пише многу за сезонава.
Немавме ни еден играч од кој што зависесевме па да кажеме ете да не беше тој..
Немавме ни долга сезона во ЛШ па да речеме ете..ќе видиме сеа у ЛШ да се сконцентрираме..
Немавме ни конкуренти во ЕПЛ да речеме ете..тие 2 победи ни сменија многу за титулава..
Стварно нема ништо да се каже за сезонава. Лесно освоена титула.
Според ова што се случи сезонава изгледа дека Мурињо посади семе за следните сезони на Челзи, и сите наредни успеси и неуспеси на тимот да бидат запишани токму на Мурињо. Нешто слично како и неговото прво менаџерствување во тимот. Така да еве уште од сега и ја си посадувам семе дека ако догодина освоиме титула ќе биде ради Мурињо...ако не освоиме ништо па ќе биде ради Мурињо.
Исто како и сезонава што освоивме титула ради Мурињо.
Ситуацијава ептен ме потсеќа како последната сезона на САФ во Јунајтед кога Јунајтед со тапа игра и тапа тим освои лесно титула...и после тоа си отиде Фергусон и еве го тимот се мачи 4то место да обезбеди.. Е сега разликата помеѓу тој тим на Фергусон и овој на Мурињо е огромна. САФ возеше Југо како Мерцедес, а Мурињо води Мерцедес како Пежо..
И тоа е..стварно нема што многу да се каже. Со играчи сме тамам...то ест не сме..ни требаат бекови и напаѓач...ама па кога можевме без бекови последни 5+ години..шо ќе ни е сега..
Сигурно ќе купиме некој играч од некоја холандска/португалска лига колку да се дешава нешто.
И тоа е тоа. Рано е за следната сезона, доцна е за оваа сезона да се концентрираме кон некој куп... освоивме 2 титули сезонава што е тамам за успешна сезона. Ме интересира како ќе размислува Роман и дали ако следната сезона ете неосвоиме титула а стигнеме многу блиску до 3-4 титули дали ќе рече "Добро, не можеме секоја сезона да освојуваме титули" или ќе се понаша како што се понашаше на другите тренери.
Се читаме во иднина, кога ќе има нешто повеќе да се каже, вака сега за сега тимов е предвидлив како лош хорор филм, ете му реков и на Донев дека одвај ќе ја добиеме денашнава утакмица и покрај тоа што нашиов тим вреди колку прстот на еден од играчвие на Лестер