Фан Клуб: Челзи

Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Oddamna trebase da vodime so 2 gola prednost. Edinstvena dobra rabota e shto Sevilla igra 1-1 so Krasnodar vo momentov.
Автоматски споено мислење:

Auuuuu Girouuud golgeterishte!!
Автоматски споено мислење:

Werner trebase denes i nekni vkupno 4 gola da ima. :D
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.986
Чек, дали Вернерн аут-Џејмс ин требаше да биде замена и пред да го дадеме голот?
Хмм
Автоматски споено мислење:

Хахахаха, не ме јеби, Севиља исто дадоа гол :ROFLMAO:
 
B

Beginner

Гостин
Жиру седи си во Челзи :D
Лампард планира да го игра Вернер додека не се повреди/цркне од замор...

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Лошо второ, на крај сепак победа :D

Осигуран пласманот. И Севиља гледам дале на крај гол, па останува во директниот дуел да се реши за прво место.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Добри бевме само првите 20-26 минути, натаму многу лошо. Сепак успеавме да победиме.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Класика гостување во ЛШ во оваа фаза. Не смееја да примат онаков гол, но добро. Важно е што се вратија брзо и следните два меча можеме да бидеме полабави.
Зијеш е многу заебан играч. Исто и господинот Жиру.

Ќеф ми е што не се претрчаа. Тотенхем ќе го јаде.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
1.903
Не смем да пишу лошо за Лампрада, Иван ќе ме кара лол.
Срамота.
Брату пиши си ти јас немам никаков проблем, слобода на говор, твое право.
Ти твое мислење јас мое, ама ете пиши некогаш и кога е добро не само кога е негатива.
Ова генерално го зборам не се однесува на тебе, ама ете пошто ме спомна те цитирам, без никаква навреда или провокација од моја страна.

Тоа што Лампард лани го направи со издишан Педро, Вилиан, Маунт, Абрахам, Џејмс некое тренериште како Гвардиола ќе бараше нови 11 играчи. Треба респект за работата пред се, тоа што отиде дефанзивно со Севиља и Манчестер покажа план Б кој после месец дена донесе резултат од 6 победи во низа што долго долго време Челзи немаше направано и ги снема бугирање на нашите играчи по кои примаме гол...

Рен си беше океј утакмица ама пишав мора да се подобри реализација МОРА !!!
Вернер премногу промашува и тоа шанси кои се зона на напаѓач, негова природна позиција.
Ама ете треба да се врати Пулишиќ кај и да е, па вајда ќе одмори малку, Хаверц исто ќе влезе во план.
Се си е океј, битно е сега за сега дека има позитивна атмосвера во тимот и се создаде уиграност што во моментов е најбитно и најверојатно затоа и форсира некои играчи Френк.
Како Маунт, Чивел, Вернер и Абрахам.
Оди лајк за утакмицава.
А и за Абрахам, во право беше Донев има напреднато во игра со топка, прима назад разигрува. Тоа е треба да му се посветат минути и кредит за да се развива, ама неблагодарно е за Жиле. Тоа е фудбал јбг.

Ајде сега одиме на кокошки. :D
 
H

HoT _iCe

Гостин
Брат ја неможу да дискутирам сас људи што имав розеви наочаре, посебно што по природу тежнеју на дарк сајд, ако сматраш дека Лампард не бија за критику за тој што правеше на почетак на сезону и још увек што ќе га умре Вернера без дн, не знам што да ти кажу, колко и да дискутирамо на туј тему, никад нема да се сложимо. Ја немам ништо против Лампарда, не ни збору против њега, за ланску сезону кажа дека и беше овер ачивмент што постигна ама факт е дека на почетак на овуј, до пред 1 месец, се губеше како коза у култиватор.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Ништо. Интересно е што лани цела сезона играл како што игра и сега, ама сега еве во два натпревари нема гол, и ако не даде и против Тотенхем ќе почне протести да организира затоа што не му одговара позицијата :D
 
Чекај сега, јас мислев дека ме зафркаваш. Онака се ,,пецкаме", да биде поинтересно. Ама не било тоа случај.

Ми споделуваш слика која наводно треба да оди во прилог на она што го зборуваш, а се случува токму спротивното.

Донев друже, во 4-4-2, формација која напати Лајпциг ја играл лани, во напаѓачката двојка напред не постојат крила. Тоа што Вернер ја заземал левата страна во таа фаза од теренот е поради тоа што едноставно во таа поставеност мора некаде да се позиционира, побогу. Не можат и двајцата напаѓачи во 4-4-2 да се напикаат во петерец, бидејќи нели, шпицови. :ROFLMAO:

На малата мапа токму тоа го гледаме. Нема филозофија некоја. На големата мапа пак, гледаме дека Вернер скоро сите погодоци ги постигнал од позицијата шпиц, односно таму бил најефективен. Или со други зборови, она што јас се обидувам да го објаснам.

Ние мора да сфатиме уште една работа. Испразнетото место на ,,ѕвезда" во Челзи од Хазард, сега го пополни Тимо Вернер. И ние, додуша ние сме неважни, Лампард мора така и да го третира. Не можеш ти Бруно Фернандес да го играш десно крило, само затоа што Скот МекТоминај може да пружи коректна партија на неговата матична позиција во среден ред.
Како што не можеш да го фрлиш Вернер на лево крило, само затоа што мора малку да му дадеш кураж на Абрахам после два коректно изиграни натпревари.

Како човек кој следи, ме чуди исто така и тоа што на почетокот од сезоната си ги пропуштил јавните критики на Вернер за неефикасноста на тимот и лошата игра во одбрана. Да, тој е Германец. И нема цици-мици, завиено, метафори, курофмиленче. Па кој и да биде на кормилото. Нема ништо да биде поразлично.

Нека продолжи да игра на крило и да се враќа до свој шеснаесетник, влегувајќи во дуели со Крис Бешам и Чарли Тејлор, па ќе видиш колку ќе биде среќен поради тоа.
Да, тој може да игра и лево и десно крило, може и задњи везни, затоа што е квалитетен фудбалер. Едно е што може, друго е каде е најдобар.
 
Тоа што јас го пишав и вчера е дека според мене Вернер не игра како крило сега, не му е ни дадена таква задача да ја гушне аут линијата и да дреме лево. Тебе не те разбрав дали мислиш дека тоа му е задачата дадена од Лампард, ама он затоа што не е крило не слуша и си влага во средина. Не, Вернер си ја игра неговата игра, во текот на натпреварот го гледаме и лево и десно и централно. Како што гледаме секој натпревар влегува во чисти гол шанси. Фрустрира тоа што не ги користи повеќето, ама добро. Ова ми кажува бар мене дека неговата позиција не е никаков проблем. Проблем би било доколку стварно беше ставен како вистинско крило и дремеше само лево, па не доаѓаше до шанси за гол. Во тој случај стварно ќе беше проблем кој ќе мораше веднаш да е решен.
И да, нормално дека не е исто 4-4-2 кај Лајпциг и ова сега Челзи што го игра. Ама баш побарав хитмапа и ми се потврди тоа што го мислев, дека најголемиот дел од времето го поминувал лево. А ако има негде за сезонава (не најдов), убеден сум дека ќе биде скоро иста. Значи на ист дел од теренот се движи како и лани.

Според мене најдобрата верзија од Вернер е со уште еден напаѓач. Тоа мислење го имав уште кога го направи трансферот и гледав неколку натпревари, а на јутуб му ги гледав сите голови од сезоната (патем, ако го отвориш видеото од Бундес со сите негови голови од лани ќе видиш дека добар дел му се баш кога влегува од таа лева страна, истото што го прави и сега). Баш тогаш знам пишав состав со Тами напред, а Вернер лево и се цитиравме и тогаш. Е Тами не беше добар по рестартот, па си реков ок, ако Тами продолжи вака сигурно нема да е стартер следна сезона и ќе оди Вернер напред. Ама Тами еве од старт на сезона импресионира и покажува добар напредок во олраунд играта, и функционираат добро со Вернер. Ако продолжат така двајцата за мене е лудост еден да седнува на клупа.

Доколку Вернер беше ограничен на крило, како што сакаш да претставиш, ќе се согласев. Доколку беше ограничен на крило и не влагаше во шанси, како и да игра Тами, ќе мораше да седне на клупа за Вернер да игра строго како напаѓач. Ама и за тоа пишав. Вернер според мене не е таков напаѓач. Дури и да го стартува натпреварот централно, он пак ќе ја има истата игра како сега. Ќе оди и лево, ќе оди и десно, ќе влага во шанси од секоја страна. Во тој случај претпоставувам дека во секоја акција во која ќе се повлече или оди на страна, Хаверц би одел напред како напаѓач. А и секако не викам јас дека мора цела сезона да се игра вака. Нормално дека ќе игра и како главен напаѓач. Засега функционира добро вака. Затоа целиов муабет со тоа дека Вернер мора да игра напаѓач мене ми е само измислување проблем кај што го нема.

Секако не мора да се согласуваме, ни па сметам дека сигурно јас сум тој што е во право. Ова е мое мислење.

А кога веќе го збориме, се надевам дека ќе ја подобри реализацијата затоа што греота е да пропушта шанси како во последниве два натпревари. Изгледа како секој пат да е пред гол да го маваат флешови од поразот против Шпанија. Исто и на пасовите треба да поработи, впечатокот ми е дека тоа му е најслаб елемент од играта.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom