Чекај сега, јас мислев дека ме зафркаваш. Онака се ,,пецкаме", да биде поинтересно. Ама не било тоа случај.
Ми споделуваш слика која наводно треба да оди во прилог на она што го зборуваш, а се случува токму спротивното.
Донев друже, во 4-4-2, формација која напати Лајпциг ја играл лани, во напаѓачката двојка напред не постојат крила. Тоа што Вернер ја заземал левата страна во таа фаза од теренот е поради тоа што едноставно во таа поставеност мора некаде да се позиционира, побогу. Не можат и двајцата напаѓачи во 4-4-2 да се напикаат во петерец, бидејќи нели, шпицови.
На малата мапа токму тоа го гледаме. Нема филозофија некоја. На големата мапа пак, гледаме дека Вернер скоро сите погодоци ги постигнал од позицијата шпиц, односно таму бил најефективен. Или со други зборови, она што јас се обидувам да го објаснам.
Ние мора да сфатиме уште една работа. Испразнетото место на ,,ѕвезда" во Челзи од Хазард, сега го пополни Тимо Вернер. И ние, додуша ние сме неважни, Лампард мора така и да го третира. Не можеш ти Бруно Фернандес да го играш десно крило, само затоа што Скот МекТоминај може да пружи коректна партија на неговата матична позиција во среден ред.
Како што не можеш да го фрлиш Вернер на лево крило, само затоа што мора малку да му дадеш кураж на Абрахам после два коректно изиграни натпревари.
Како човек кој следи, ме чуди исто така и тоа што на почетокот од сезоната си ги пропуштил јавните критики на Вернер за неефикасноста на тимот и лошата игра во одбрана. Да, тој е Германец. И нема цици-мици, завиено, метафори, курофмиленче. Па кој и да биде на кормилото. Нема ништо да биде поразлично.
Нека продолжи да игра на крило и да се враќа до свој шеснаесетник, влегувајќи во дуели со Крис Бешам и Чарли Тејлор, па ќе видиш колку ќе биде среќен поради тоа.
Да, тој може да игра и лево и десно крило, може и задњи везни, затоа што е квалитетен фудбалер. Едно е што може, друго е каде е најдобар.