Фан Клуб: Челзи

Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Редно време е да го растуриме малерот против Њукасл. Изгледа дека Тиаго нема да игра стартна постава што ми влева недоверба во одбраната.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.951
Поени од реакции
1.923
Канте капитен <3

Добри сме, на Њукасл им фалат пуно играчи.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Левата страна ни е покриена. Чилвел и Вернер ќе го искинат Сент Максиман.
Не се плашете.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Добро е, ми се свиѓа што го зачувавме Одои и не им го дадовме на Баерн Минхен, осеќам ќе биде клучен играч во 2021/2022 кога ќе играме со Шрусбери и МК Донс во Лига Купот пред да изгубиме на пенали против Арсенал
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.962
Вернер од авион на утакмица ама не се наспал изгледа
Автоматски споено мислење:

Вернер од авион на утакмица ама не се наспал изгледа
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Одамна немам гледано натпревар каде што Челзи на гостински терен олку има играно фудбал и олку создавано шанси.
Штета само за конечниот резултат, можеше и требаше ова да биде над пет.

Рис Џејмс и дефинитивно го зацементира капитенот на клупа. Не постои играч со ваков напредок во тимов моментално. Да не заборавиме, има само 20 години.
Канте и сега веќе Чилвел (јеботе, многу ми е драго што ме демантираше) стандардно добри, Зума помалку сигурен од вообиачено. Рудигер внесе малку нервоза во одбраната.

Маунт сработи бајги во средина, Кова во второ беше подобар.
Што ти значи да имаш играч како Вернер. Зафркна три шанси, ама го гледаш дека не игра лошо, се движи одлично и знаеш дека еднаш ќе ја реши со некој потег.
Момакот истрча 70 метри, човече. Метак.
Абрахам денеска задоволително, по мене најдобра негова партија сезонава. Значителен напредок во играта со грб и спојувањето со крилата.

Ме плашеше овој Сент Џејмс, ќутете сега и уживајте.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Убеден бев дека ќе кикснат денес поради сите околности, ама тимов созрева се повеќе. Одлична, пребитна победа. На периоди играа супер, како за натпревар само два дена откако се вратија, на традиционално ептен зезнато гостување, одлично.

Утре рикавери, задутре лет до Франција, вторник пак натпревар :brlav:
 
B

Beginner

Гостин
Лампард:Rennes a big test, I will consider changes
Очекувам Емерсон и Аспи да почнат, во средина би сакал да го одмори Канте па место него Гилмор, Хаверц-Гилмор-Жорж би било интересно да се виде.
За нападот треба исто одмор за Вернер,Зијах, Пули.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Силва и Хаверц се со тимот за утре. Пулишич е ок ама не отпатувал за да се фокусира на физички тренинзи деновиве и да е спремен најверојатно од викендов.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
На ,,Стемфорд" против Лидс, со 2.000 фанови на трибините најверојатно.
 
B

Beginner

Гостин
Lampard emphasises he wants Olivier Giroud to stay at Chelsea, he is an important player.
А Жиру во последно време гласен е со неговиот агент по социјалните мрежи дека сака да замине заради тоа што не добивал минутажа.
Искрено не дека и имаше простор некаде да му се даде кога Вернер и Тами играт предобро.
На крај нека го пуштат нека замине ако сака толку минутажа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom