Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Вернер не играше класично лево крило само на претходниве два дуели. Претходно и те како Вернер дремеше лево и беше крајно ограничен. Колку пати само го гледавме со Чилвел како се р'ваат со некој ропач од ВБА или Барнли.

Да разграничиме, едно е да ,,шалташ" позиции, особено во денешниов фудбал, а едно е примарно да играш на лево крило. Многу важна разлика. Вернер влегува централно и вчера промаши зицер од таа позиција, затоа што не ја следеше стандардната поставеност. Постои таква флексибилност, тоа тренер нема да ти го забележи.

Функционира добро, ама добро. Може да функционира одлично. Топките наменети во празно за Абрахам се потрошени топки однапред. Вернер да ги добива толку често, нападот би бил каде-каде пополетен и поефикасен.

Освен последниве два натпревари што ги спомена, нели. Се случува. После трескање од Шпанија, во главата ти е пуштена ,,Среќата со пари не се купува" од Тумбао салса бенд. Сакам да речам, мозокот ти е желе. Се чувствува и менталниот и физичкиот замор, она што го промаши вчера е директна последица. Не за џабе јас форсирам постојано ,,Вернер да одмори, Вернер да одмори".

Е сега има тука уште една цака. Друг фудбалер после две промашени одлични шанси против Њукасл ќе пропадне целосно. Вернер во следната прилика ја украде топката и беше доволно свесен за тоа дека не му оди и се обиде да го проигра Зијеш. Вториот пат, истрча 70 метри и му асистираше за погодок на Абрахам. Не го можат тоа многу фудбалери и не зборувам само за Челзи.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348

Јас немам таков впечаток, мислам дека цело време од кога играат вака со Тами си игра исто. Баш против Барнли ја ставивме тука сликата од просечните позиции кај што Вернер е најнапред, а Тами е на средина на терен.

1606316902756.png

Мислам дека и да игра како сам напаѓач, нема нешто значително да му се разликува играта од тоа што го игра сега. Пак ќе влага во истите шанси, пак ќе се движи на истите позиции. Тоа што сега е лево крило на хартија, на терен не значи ништо како што гледаме. Само како што кажав, за мене најдобрата верзија од Вернер е кога игра со уште еден напаѓач.
 
комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.961
Можете и приватно свакако никој не чита дугачки постови:ROFLMAO::cool:
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.951
Поени од реакции
1.923
Јас се слажам со Донев, ма да секако многу поголема продуктивност ќе биде ако Вернер игра напаѓач.
Но моментално подобро да игра Вернер него Маунт на крило, кога веќе од некоја си х причина не е Одои.

Ама нема ограничување стрикно да стои лево, влегува во средина и се наоѓа во шанси, плус на Абрахам се концентрирани штоперите така да за Вернер шанса да влета од втор план.

Добро си функционира сега за сега, кога ќе се врати Пулишиќ ќе биде друга приказна.
Автоматски споено мислење:

Можете и приватно свакако никој не чита дугачки постови:ROFLMAO::cool:
Нека има дискусија, цело време само статистика се постира :D
Некогаш си мислам сум забегал во комшиски фан клуб Ч)
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
B

Beginner

Гостин
Пули ќе е фит очекувам
Џејмс-Силва-Зума-Чилвел
Канте-Хаверц-Маунт/Кова/Жорж
Зијах-Вернер-Пули
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Пули ќе е фит очекувам
Џејмс-Силва-Зума-Чилвел
Канте-Хаверц-Маунт/Кова/Жорж
Зијах-Вернер-Пули
Спремен е, ама мислам нема шанси да стартува одма. И Хаверц не верувам да стартува.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.311
Оптимист сум за со Тотнем, не верувам Лампс да изгуби од Мурињо. Мислам ќе тепаме, ни одговараат (лига купот на страна, ептен очај беше тоа и ќе се разочарам ако пак некако се заебеме), имаме добар тим, влегуваме во добра форма и Лампс може против Мурињо ако ништо друго. Изморени се Тотенхем, стварно мислам дека нема да изгубиме.
Ќе зависи ова од Ламапрд ептен.
Мурџо ваљда ќе игра на реми, сакам да верувам дека барем еден дел од тимов ќе функционира за да не дозволиме пораз, ама за повеќе ќе видиме.
Оптимист сум.
 
Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.020
Поени од реакции
2.059
Za mene se osven pobeda utre ke bide razocaruvanje, iskreno.
Jas sum optimist za sezonava dokolku utre pobedime, pa duri se nadevam i na toa da osvoime PL :icon_mrgr:
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.311
Па добар тест е. Ако победиме ќе докажеме дека може да се носиме во дерби мечеви и знаеме како да се поставиме. Ако изгубиме тогаш Тотенхем ќе докаже дека до крај би се бореле за титула.
Ако е реми...то е, ништо посебно нема да ни каже резултатот (освен ако не се постаивме пичкарски..тогаш тоа ќе ни каже дека Лампард има страв во дерби мечеви :D )
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Не верувам ова да биде лесен меч. Мурињо го чита Лампард ко буквар и е многу поголем тактичар од него.

Овој меч денес, поточно исходот, ќе зависи исклучиво од индивидуалните перформанси на играчите и желбата за победа.

На тактички план ќе биде многу тесно.

Колку и да го хејтаме Мурињо, факт е дека е цар за да изигра тактички, посебно против негов бивши играч.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Мурињо го чита Лампард како буквар, ама во три меѓусебни дуели досега има исто толку порази.
Дерби, Челзи, Челзи.

:love:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Иначе ова е стартниот тим од првата утакмица откако Абрамович е сопственик на клубот:

Chelsea.png

Ич не можев да се сетам кој беше играчот до Кудичини, морав да проверам. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom