Уффф, леле како ме нервираат еј. Мора да се искорени ова лузерсково што го наметна крмаков, да се игра кога ни гори под нозе, а дотогаш ништо. Од почеток треба да се игра бре! До 35 минута, освен тупење ко Барселона и кружење, не направивме ништо поконкретно. Немаа желба момциве, помислив дека веќе имаат обезбедено место за ЛШ, така се однесуваа.
Лампард како ме извади од такт, тројца напред, тој шутира. Јас ја разбирам желбата да се сруши рекордот и да се постигне гол, ама се надевам дека не станал и тој таков, да гледа за себе, а не за тимот. Среќа после се извади со асистенцијата до Оскар, кој реализираше фантастично и со постигнатиот гол од пенал. Кога сме кај Оскар, криво ми е што го дупат на оваа позиција, не го бива за таму, ама па колку-толку се снаоѓа, се труди, што да прави. Има само еден проблем. Не може константно да ја контролира топката. Многупати досега дал предолг фор, или пак топката му избегала и така акцијата била уништена. Тоа мора да го корегира.
Ешли па, после повредава, како го шибаат овие две утакмици, за момент си помислив, подобро и Бертранд да играше(да да, баш тоа).
Добро дојдоа головите, касно, ама да ги убиеме психички, да продолжиме со исто темпо во второ, зошто ништо не е сигурно со нас. И да. Демба Ба, човеков немаше шанса за гол, ама секоја топка кон него, како ја смируваше, како ги проигруваше, како правеше финти со тело и ослободуваше простор, секоја му чест. Ме потсеќа на Дрогба по многу работи, најсериозно.