Баш сакам да освоиме ЛШ,да му видам коментар на ФантомХ кога ќе го дига Тери трофејот,што ќе каже тогаш.Или тогаш ќе треба добри голови да сме давале од поголема далечина.Не знам зашто толку го потценуваш Челзи,во секој коментар,буквално.
И јас сакам да го видам то. За жал, не гледам како тоа ќе се случи.
И пред некое време го пишав ова. Карактерот го нема поради недостатокот на самодоверба. А со освојувањето на двојната круна , и со супер почетокот на сезонава , во тој поглед се подобривме. И Анчелоти пред неколку дена имаше изјава во која кажа дека овој состав има сила да освои ЛШ , и мислам дека Анчелоти може да се справи со проблемот и да ја врати самодовербата ( карактерот ).
Сега Анчелоти подобро го знае составот , а и веќе и играчите имаат голема желба за осојување на ова натпреварување. Најтазе пример изјавата на Малуда која може да ја најдете на официјалната страна на клубот.
Покрај сево ова , и Анчелоти не е за потценување. Има освоено ЛШ и предходно , и тоа не во многу далечно минато.
Прв добар обид за дискусија на темата која ја започнав, ама искрено, само тоа шо Анчелоти подобро го знае составот оди во прилог на тезата дека Челзи е способен за титула во ЛШ сезонава. Никакви изјави, дали Анчелоти освојувал ЛШ и слични глупости.
А што се другите тимови повеќе од нас ? Кој КУР се Барса,Реал,Баерн и остали....Зошто да не се сметаме за фаворити?
Јаки сме,нека ни го пушат сите...
:bip:
Врз основа на што - можат да ни го пушат?
Тимот игра доста долго заедно, има квалитетни играчи во Дрогба, Лампард и пред се Есиен и сл, има квалитетен стручнак кој знае како се освојува ЛШ и тоа е тоа... Тука се рецептите за успех.. Е сега, едино, она кое што ве ставам на второ место е само потанката клупа за разлика од Барселона... Од Реал не очекувам битка во ЛШ.... Па можно е и да гледаме повторно англиско полуфинале, или можеби полуфинале како она пред неколку години, кога бевте поуспешни од нас...
Вака јас ги гледам работите од страна, како ненавивач на Челзи, а навивач на Арсенал...
Фантон, можеби е скептик, бидејки го знае подобро тимот од мене, но мора да се признае дека сте фаворити... Па и кладилницте ве ставија на прво место за освојување на ЛШ... Заедно со Барса имавте по 4.50 чинам, коефициент за освојување или играње во финале...
Поздрав
Тимота игра доста време заедно, точно е, само повеќе отколку шо треба - прочитан е насекаде и од секого и нема шо ново да понуди. То е проблем. Лани новината беше Анелка со неговото плејмејкерство. И не помина, ни одблиску. Годнава шо е новината? Какута? Ај да не се заебаваме. Квалитетни играчи - Лампард е легенда на Премиер Лигата, најконстантен играч години наназад, го рангирам и над Гигс, колку и да скокаат природњаците од Јунајтед. Но неговите квалитети многу тешко поминуваат во европски рамки. Дрогба - ти треба само едно физички гледано чудовишти да се залепи до него, ништо друго. Есиен - уште памтам колку очајно ја исфрли топката од работ на шеснаесетникот, не напред или во аут, туку до Иниеста.....останатото е историја. Есиен е бизон, ама се сомневам во неговата ментална спремност и капацитет воопшто. Зошто од Реал да не очекуваме битка за ЛШ?
Зошто мора да се признае дека сме фаворити? Оти кладилниците така пишале? Па и јас прашувам - зошто е то така? И не можам да најдам реален одговор.
Челзи оваа година има највеќе шанси за освојување на ЛШ од кога било, без разлика на тоа дека имаме "слаба клупа" и "малку сме се засилиле".
Не знам до кога ќе ви ги читам скептичниве коментари али едно морате да сфатите дека сезонава не сме ослабнати, туку сме појачани и тоа доста. Зошто? Не се правам многу паметен али доста непотребни фудбалери се продадени, кои едвај добиваа шанса(освен Балак) и изгубивме на брзина а добивме на техника. Сезонава сме поуиграни од кога било и самодовербата ни е качена со оглед на двојната круна и стартот за кој секој тим сонува.
И Фантом немој да збориш мадиња сите знаеме дека поголеми мадиња од Есиен, Дрогба, Кол, Лампард и Тери нема никој во фудбалов.
И на крај Анчелоти не е луд и се што се прави се прави врз стратегија, не го составува тој тимот од денес за утре, да разјасниме.
И не се споредувајте го тогашен Милан со овој Челзи, срамота е како вие фанови на Челзи можете да правите таква компарација.
Да се надоврзам, зошто правите компарација?
Она што отсекогаш му фалело на Челзи во ЛШ е среќата, која никогаш не ни била наклонета, Ливерпул не отиде во финале затоа што беше многу јак(сите знаевме дека не беше, туку тогаш беше позади нас на табелата во ПЛ).Милан беше далеку поискусен од тогашен Ливерпул(и со Анчелоти на клупата), со играчи кои знаат како се игра во финале, а сега сме ние во таква ситуација и едниствен противник кој може да ни се носи сезонава во ЛШ е Барселона, мислам дека е доволно јасно зошто Челзи и Барса се фаворити.
Како бе едвај добиваа шанса? Деко беше нашиот најталентиран играч убедливо, сметам дека со Малуда беше клучен во победата на Олд Трафорд (победа за титула) со неговата улога на средината.
Тери, Есиен и Дрогба можеби покажуваат мадина на Стоке и слични, ама ги немам видено против европјаниве. Ајде Тери добро, горе-долу, ама црнциве? Катастрофа.
Искуството, тоа в ред, ама од друга страна пак, какво е искуството на Челзи во ЛШ? Сам кажа - јас би го парафразирал како фрустрирачко, очајно. И тоа го покажуваат играчите во секој натпревар со појаките екипи во ЛШ.
На денешниот тренинг Хиларио го повредил грбот...сеуште нема никакви информации дали повредата е сериозна.
не знам сигурно дали на тренинг или ...
Изгледа сериозно е, в болница бил однесен одма ѓомити.
Ко вчерашен да е сер-лово ебаго, аман од него, ко да не знајме досега оти ко ќе ти гледаат в грб не зависи ништо од нив.
Epa drugarce za ova ke pisuvam na mojot blog za nekoja nedela (ne mozam sega iam problemi so netot) togas istata statija ke ja postiram tuka i ke praime muabet na ovaa tema! Inace siguren sum deka CHELSEA e na ramnisteto na Barca i Real, a pricinite ke gi objasnam kako sto rekov za nekoja nedela. Inace mojte stavovi se sekogas objektvni bez razlika sto sum fan na chelsea!
PS: Blogot mozes da go vidis kako moj potpis:salut:
Повели, тоа чекам јас. :smir:
Ќе игра Бенајун, односно бар на клупа, празникот бил до вечер - според официјалниот ни сајт.