Делумно си грешка, делумно не.
Јас не го правам Челзи „ко тим кој што едвај се изборил за пласман во групната фаза“, јас всушност на Челзи му давам шанси за полуфинале, какви такви. Поентата е шо многу, многу често - на фудбалските сајтој на интернет, при муабети за фудбалов во група ко ќе се гледа, а последно (воедно и инспирација за ова шо го пишав) и коментарот вчера на тој на Канал 5 кој ги стави Челзи и Барселона како ПРВИ фаворити, а цела емисија не се сеќавам да беше сериозно спомнат Челзи и неговата игра. Од дркањето на Мурињо, до „кај е топката, кај меси кај чави - не, в гол е“.
Значи, Челзи е главен - прв/втор фаворит. Мене ме интересира од каде тој заклучок? Врз основа на - ШТО? Реал не поминал осмина 7 години. Па шо е битно? И Челзи лани не помина, се посрамоти ко и Реал. Реал очигледно го гради тимот, вака или онака. Баерн Минхен? Мислам дека барем за нив нема потреба да зборувам.
Не, јас не го правам Челзи ко Вардар. Јас во Челзи гледам четвртфиналист или евентуален полуфиналист со многу среќа. Но не гледам победник. И затоа ме интересира каде другите го гледаат Челзи како освојувач на ЛШ догодина на Вембли. Зошто не гледам победник? Безрбој пати имам пишувано, сега ќе спомнам само една причина пак - пошто играат ко јајцата да им останале во......при......не е битно то ајде. Или накратко, не е најквалитетен тим (втор или трет можеби), менталитет далеку од потребното.
И пак, јас според претходново, не гледам победник. Ме интересира каде го гледаат победникот во Челзи, тие што го гледаат секако?