Фан Клуб: ФК Металург

Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Победивме конечно и во гости.
Ништо спектакуларно да ја победиш Слога, ама да се надеваме дека после оваа победа малку ќе им се „опуштат“ нозете на фудбалерите и ќе заиграат поопуштено.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Против Скопје за куп во 1/4 финале. Подобро не можеше :)
Особено ако се знае кој им дава пари на Скопје за да платат судиски трошоци оваа сезона ...
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Земаме три бода во среда, осеќам некако. Време е да изгуби Работнички :)
Се надевам дека ќе му текне на Ѓоре да игра поотворено.
Штета што падна во среда овој натпревар 50 луѓе нема да има на трибина.
Да не знае некој дали ќе има на А1?
 
Член од
3 октомври 2009
Мислења
99
Поени од реакции
1
Нема да има на А1. Тие едвај преку викенд прават некаков пренос, а камо ли сред работна недела да си менуваат програмска шема и да си тупат памет со македонска лига, ни случајно :nenene:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Не е лошо бод против Работнички.
Слушав на радио и уште ми е криво што оваа утакмица падна во среда. И тоа на вака убаво време ко што беше денес. :toe: Баш интересен натпревар бил. И што остана сега да се гледа? Тапа екипи што ќе се бранат со 10 фудбалери во 16-тник.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Бев на утакмицата и морам да кажам дека беше интересен натпреварот и двете екипи имаа свои шанси.
Можеби грежка на Металург беше што во второто полувреме одма се повлече и прими гол,потоа и Вандаир излезе сам но лошо реагираше,до крајот Металург имаше два обиди од далечина но Наумовски со паради ги одбрани,а во финишт Зе Карлос имаше две зицер ситуации но шутираше право во Манчевски.
Се на се реално реми
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
Како што разбрав, Ѓоре Јовановски повеќе не е тренер на Металург
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
24
Како што разбрав, Ѓоре Јовановски повеќе не е тренер на Металург
Точно си разбрал Ѓоре Јовановски од денес не е повеќе тренер на Металург со него си иде целокупниот стручен штаб.Од денес нов тренер е поранешниот селектор Никола Илиевски-Џиџи.Па ваљда ке тргнат работите на подобро и играчите ке почнат да ги оправдуваат средствата вложени во нив.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Јас не бев против Ѓоре, ама па не сум ни против одлуката да го сменат. Жал ми е што не успеа да направи нешто повеќе на резултатски план, ама се додека спонзорот има амбиции со Металург мене ми одговара било кој тренер. Со тоа што повторно назначија познат наш тренер, мислам дека Макстил не се откажа од трошење пари во Металург :)
Многу ме интересира како ќе спијат сега „синовите“ на Ѓоре, Велковски, Илијоски, Вајс ... :) Да не ме разберете погрешно, дечкиве се квалитетни за нашава лига, ама мислам дека не се осеќаа загрозени за нивниот првотимски статус.
Нека му е со среќа на Џиџи, се надевам ќе има подобар скор од овие 3-7-3 на Ѓоре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom