Фан Клуб: ФК Металург

Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Знае некој што му се случило на популарниот Будо? Во весник пишуваше дека „имал сериозно нарушување на здравјето“. После поразот од Пелистер, автобусот со играчите и тренерите заминал без да видат дека го нема Будо. Не знам колку тоа влијаело на здравјето негово.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Металург-Скопје 2:2. Ретко убав натпревар. Заслужено Скопје оди во полуфинале. Во 7ма минута веќе беше 2:0 за Металург и наместо да ги дотолчат, од тогаш застанаа. :toe:
Не знам зошто Џиџи не беше на клупа? Седеше и викаше од таа просторијата над соблекувалните. Изгледа уште нема официјален договор со Металург.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Тоа е има пари фали нешто друго,парите не се све во фудбалот по се изгледа.Заслужено Скопје отиде понатаму.Сега да ги видиме МАНЕКЕНИТЕ од Металург што ќе прават.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Тоа е има пари фали нешто друго,парите не се све во фудбалот по се изгледа.Заслужено Скопје отиде понатаму.Сега да ги видиме МАНЕКЕНИТЕ од Металург што ќе прават.
Ќе се истуркаат уште 3-4 кола, колку има до паузата?
После ако остнане Џиџи ќе прави чистка. Во Металург има премногу фудбалери. Ѓоре како правосмукалка, сите ги собра :)
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Аман де Скопје неможевте да го победите..:tapp::tapp:
Така испадна :toe:. Одма на почеток до 7ма минута Металург поведе 2:0 и помислив да станам да си бркам друга работа. Ептен останав дека времето беше убаво. Среќа што останав. Заради вакви натпревари фудбалот е интересен.
Многу луѓе што не се од овој дел на градот (Железара и Автокоманда) мислеа дека Скопје ќе игра без мотив затоа што во последно време односите на клубовите се повеќе од пријателски. :) Знаете зошто.
Ама стигна демант во 90-та минута :)
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Џиџи најавува осум откази

Новиот кормилар на скопскиот прволигаш Металург Никола Илиевски - Џиџи ќе направи длабок рез во актуелниот погон на „железарците“, кои завчера направија од готово-вересија и беа елиминирани од второлигашот Скопје во Купот на Македонија

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112791110264&id=19&prilog=0&setIzdanie=21848

Не знам во Спорт дали ги пишува имињата (уште не е online). Јас разбрав дека голманот Манчевски и Рутевски се првите што добија отказ. Според моите извори Јорде Георгиевски ќе биде новиот голман.
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
24

А Џиџи ги избкал или допрва ке ги брка на полусезона?Иначе редно беше Манчевски да лета,и да дојде некој поквалитетен голман.Ново засилување е исто така Јован Костовски што играше во Вардар,а доаѓа од екипата на ОФИ.Се надевам што побрзо ке биде заборавена оваа есенска полусезона и од пролет ке биде друга приказна.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Е видиш тоа не прашав. :uvo: Еееј, сега и мене ме интересира. Ај ќе гледам да дознаам што поскоро. Ми кажаа само дека тие двајца се првите што ќе си одат и плус некои помлади што тренираа со првиот тим ќе бидат вратени во младинци.
Ќе видиме во недела кој ќе брани. Рутевски со Скопје во средата не ни беше на клупа.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Денес има и официјална потврда. Рутевски, Шабани, Манчевски(голман), Стефановиќ, Донев не се веќе фудбалери на Металург. Утре ќе брани Наков, а од идната недела Јорде Георгиевски.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
има смена и на голманскиот тренер Мицевски тој е префрлен во младинскиот погон додека нов тренер на голманите е Михајло Шеќеровски

Денес има и официјална потврда. Рутевски, Шабани, Манчевски(голман), Стефановиќ, Донев не се веќе фудбалери на Металург. Утре ќе брани Наков, а од идната недела Јорде Георгиевски.
и омер бишевац не е веќе фудбалер на металург
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
и омер бишевац не е веќе фудбалер на металург
Да. Не ми текнуваше кој е шестиот. :)

Денес три бода од Кратово. 1:0 со голот на Велковски. Силекс и лани го тепавме во Кратово.
Тетекс е на ред сега :helou:
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Со Силекс победивте,а со Скопје неможете чудно е ова :)

Да. Не ми текнуваше кој е шестиот. :)

Денес три бода од Кратово. 1:0 со голот на Велковски. Силекс и лани го тепавме во Кратово.
Тетекс е на ред сега :helou:
Не биди толку сигурен дека ќе победите :)
Гледајќи играта што ја “покажавте“ у Тетово..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom