Фан Клуб: ФК Металург

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Че играемо у Европа еииии...минчо ми кажа :vozbud:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Не биди толку сигурен дека ќе победите :)
Гледајќи играта што ја “покажавте“ у Тетово..
Хехе. Јас сакам борба, а не сигурна победа :)
Не сум сигурен ама се надевам дека ќе победиме. Тоа во Тетово поминато е. Други услови се сега.
Денес читам дека и Зоран Јовановски не е веќе во Металурт. Земете го назад, можеби ќе ве „појача“ за во недела :smir:.
Повелете тетовци во недела, ќе има место за сите. Мирна атмосфера има кога игра Металург.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Никој не профитира. Металург нема да изгуби бодови, ама па ќе дојде ред да биде слободен некое коло. :toe: Исто ти се фаќа.
Ренова реално ќе изгуби затоа што победи со Македонија и тоа на гости. Другите тешко дека ќе победеа.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
зоран јовановски од денеска не е веќе фудбалер на металург
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
24
Како што тргнал Џиџи гледам ке го стабилизира Металург,згора на се според новата табела Металург е со најголем ќар.Моментално заедно со Пелистер се наоѓа на третата позиција.А се гледа дека Џиџи си ја врши како што треба работата со тоа што се ослободи од оние играчи од кои Ѓоре требаше одамна да се ослободи (а некои немаше ни потреба да доаѓаат).Со успешна пролетна сезона мислам дека не би требало да биде проблем осигурање на третата позиција со што значи и излез во европа.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Ќе видиме тоа за во Европа. Турново и Пелистер се премислија за бојкотот. Мора да има некое частење по тој повод.
4 екипи одат во Европа. Ренова, Работнички и уште две.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Нов голам во Металург 22-годишниот битолчанец, Синиша Ристевки кој е од школата на пелистер
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Најави Џиџи дека не сака да инвестира во фудбалери што се на минување низ Металург. Демек сакал екипа што ќе остане иста неколку години. Баш да видиме. Сите на почеток тоа го изјавуваат.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
И Силекс бара службени бодови за наптреварот против Металург. Прво мора да се изнасмеам на службите во Силекс.:pos2: Требаше од весник да прочитаат па да видат дека можеби и кај нив има основа за жалба.:pos2::pos2:

Инаку случајот е поврзан со настапот на Вајс. Тој доби сузпензија од 2 меча.
Првиот беше за куп со Скопје.
За вториот Металург го рачуна службено добиениот натпревар против Турново.

Член 16

Автоматската казна забрана на играње на еден првенствен или куп натпревар, играчот не ја издржал, ако неговата екипа натпреварот го предала без борба (службено), како и кога не настапил на натпревар кој е прекинат пред истекот на најмалку 80% од времето кое е предвидено со Правилата за фудбалска игра за тој натпревар.
Играчот на екипата која го добила натпреварот без борба (службено), ја издржал автоматската казна забрана на играње еден првенствен или куп натпревар.

Според член 16 Металург има право да го рачуна така, меѓутоа аргументот на Силекс е тоа дека суспензијата на Вајс не е автоматски добиена казна туку тоа е изречена казна заради црвен картон. Повторно игра на зборови како и во случајот на Работнички. :toe:
Мислам дека и двата случаи се невозможни да се докажат. Тешко дека ќе има измена на резултатите.
Ахх, што не учев за адвокат :)
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Хехе. Јас сакам борба, а не сигурна победа :)
Не сум сигурен ама се надевам дека ќе победиме. Тоа во Тетово поминато е. Други услови се сега.
Денес читам дека и Зоран Јовановски не е веќе во Металурт. Земете го назад, можеби ќе ве „појача“ за во недела :smir:.
Повелете тетовци во недела, ќе има место за сите. Мирна атмосфера има кога игра Металург.
Еее да де поминато..али да не ви се повтори играта со Скопје :)
А па може и да имате и предност зашто излеа нема да ни играат тројца клучни играчи..
И по све прилике може ќе наминем да зрнем како ќе изиграа.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Еее да де поминато..али да не ви се повтори играта со Скопје :)
А па може и да имате и предност зашто излеа нема да ни играат тројца клучни играчи..
И по све прилике може ќе наминем да зрнем како ќе изиграа.
Нема да се повтори играта со Скопје :)
А и да се повтори нема да е лошо. Среќа имаа Скопје, два пати шутнаа на гол, а Металург утна 3-4 добри.
Играта нека се повтори, резултатот да не се повтори :smir:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.489
Поени од реакции
8.647
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=110424937A8CFF45B73E7683C3A923EC


Илиевски ја тестира довербата на играчите

Новиот тренер на фудбалскиот прволигаш Металург, Никола Илиевски-Џиџи, не издржа до крајот на есенскиот дел од првенството за да ја направи селекцијата на играчите со кои ќе ја продолжи соработката. „Пребројувањето“ на играчите што ќе останат на Железарница ја забрза неочекуваната елиминација од фудбалскиот куп на Македонија, од второлигашот Скопје, што претставуваше неславно деби за новоангажираниот стратег.

Како резултат на елиминацијата од купот Илиевски ги подели првите откази за седуммина играчи: Ванче Манчевски, Зоран Јованоски, Алексаднар Донев, Омер Бишевац, Емир Шабани, Благојче Рутевски и Јован Стефановиќ, а ангажираше двајца новаци: Јорде Георгиевски и Јован Костовски. Голманот Георгиевски веќе е на располагање, а за интернационалецот Костовски како повратник се чека само задолжителниот сертификат.

- Не ме интересираат имиња. Играчкиот потенцијал се потврдува на теренот со резултати. На листата се уште неколкумина кандидати кои треба да ме уверат дека заслужуваат да ја продолжиме соработката. Шанса им се преостанатите две средби од првенството, вели Илиевски за почнатата акција.

Илиевски го наследи на клупата Ѓоре Јовановски, кој доби отказ поради несоодветните резултати на тимот од кој се очекуваше место при врвот на табелата. Проветрувањето во тимот беше најавено за во паузата од првенството.

- Она што е вложено, играчите треба да го оправдаат со резултати. Индивидуалниот потенцијал не е корисен ако не е во функција на тимот. Затоа сите треба во прв план да го ставиме тимот, да дејствуваме како целина, вели Илиевски.

По прекројувањето на прволигашката табела со дисквалификацијата на Македонија ЃП и Слога Југомагнат, Металург се проби на третата позиција (19 бода), но е далеку зад водечката двојка Ренова и Работнички, кои имаат предност од 13 односно 12 бода. Поради нерасчистениот договор на клубот со претходниот тренер Јовановски, неговиот наследник Илиевски неможе да седне на клупата. (Д.Н.)

се надевам дека Пелистер ќе си го врати назад рутевски па зошто да не и уште некој да земи без пари да игра за нас :kesa:ако сака само за излез во европа да игра :smir:

 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Ѓоре како да сакаше да направи два тима. Собираше играчи на кило. Рутевски мислам дека беше во добра форма пред да дојде во Металург. Што му се случи овде не знам. За него не очекував дека ќе биде пуштен да си оди. Се надевам дека Џиџи најдобро знае. За Манчевски (голманот) и за Зоран Јовановски и Шабани јасно беше. Мислам дека никој нема да жали по нив. Рутевски мислам дека не доби вистинска шанса во Металург.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom