Јас не бев против Ѓоре, ама па не сум ни против одлуката да го сменат. Жал ми е што не успеа да направи нешто повеќе на резултатски план, ама се додека спонзорот има амбиции со Металург мене ми одговара било кој тренер. Со тоа што повторно назначија познат наш тренер, мислам дека Макстил не се откажа од трошење пари во Металург

Многу ме интересира како ќе спијат сега „синовите“ на Ѓоре, Велковски, Илијоски, Вајс ...

Да не ме разберете погрешно, дечкиве се квалитетни за нашава лига, ама мислам дека не се осеќаа загрозени за нивниот првотимски статус.
Нека му е со среќа на Џиџи, се надевам ќе има подобар скор од овие 3-7-3 на Ѓоре.