G@rfielD
Модератор
- Член од
- 10 февруари 2007
- Мислења
- 10.755
- Поени од реакции
- 9.800
Види, не зборев конкретно за мене, зборев во глобала за навивачите на Јувентус. Така е тоа кога си актуелен шампион, сите гледаат да те спуштат од врвот. Ние бевме шампиони, и не спуштија од врвот, тоа е тоа. Вие сте најомразени поради изминативе неколку години, нас не мразат поради фактот што сме најдобар тим у Италија, и така е тоа, така и ќе остане. Затоа и сите ни се ситат на она што сме у моментов...Околу делот играта го говори спротивното, јас не мислам така и сметам дека Интер не беше надигран од Рома во никој случај.
Инаку џабе ти е муабетот, имаш 17 години, а последна голема низа (во случајов хет-трик) на титули на Јувентус во Италија е од 94-95 до 97-98. По моиве калкулации, лично ти пратиш фудбал од 2-3 години и истиот тој притисок, тоа настојување на душманите да те оборат го имаш почуствувано уште тогаш. Морам да признаам дека се работи за големо искуство.
Се извинувам за оф-топикот, фанови на Рома.
Ајде, доста е оф топици. Ако може некој да постира статистика за мечот, баш ме интересира како тоа изгледаа шансите на Рома во однос на оние на Интер.