Фан Клуб: Рома

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.944
Поени од реакции
8.843
25 години го пратам клубот, не се сеќавам дали некогаш е била вака жална ситуацијацијата како што е сега. Прво беше тензична, премина во хаотична, ама сега е ЖАЛНА, ова мислам дека е врвот.
Можеби сезоната 2004/05 беше нешто слично кога на две кола до крај Рома и Лацио во римското дерби одиграа "пријателска" нерешено за да спасат гз од испаѓање, на крај Лацио заврши два бода над зоната за испаѓање, а Рома 3 бода над зоната, навивачите си ги бараа парите од картите...

Кој сака тренер нека дојде нема да го оправи овој тотално неизбалансиран тим, само нека гледат да не заглават(договор на 3-4 години) со некој што ќе зима огромна плата а ништо да не смени
Автоматски споено мислење:

Пред недела дена ангажираа специјален психолог да го дигне моралот на играчите.
Денес испадна фотографија од новиот психолог, по фацата изгледа на него ќе му треба психолог после една недела во клубот

IMG_1700.jpeg
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.573
Поени од реакции
29.193
25 години го пратам клубот, не се сеќавам дали некогаш е била вака жална ситуацијацијата како што е сега. Прво беше тензична, премина во хаотична, ама сега е ЖАЛНА, ова мислам дека е врвот.
Можеби сезоната 2004/05 беше нешто слично кога на две кола до крај Рома и Лацио во римското дерби одиграа "пријателска" нерешено за да спасат гз од испаѓање, на крај Лацио заврши два бода над зоната за испаѓање, а Рома 3 бода над зоната, навивачите си ги бараа парите од картите...

Кој сака тренер нека дојде нема да го оправи овој тотално неизбалансиран тим, само нека гледат да не заглават(договор на 3-4 години) со некој што ќе зима огромна плата а ништо да не смени
Автоматски споено мислење:

Пред недела дена ангажираа специјален психолог да го дигне моралот на играчите.
Денес испадна фотографија од новиот психолог, по фацата изгледа на него ќе му треба психолог после една недела во клубот

Прегледај го приврзокот 434892
Братов во фацава е како да е вратен од фронт во Газа или во Украина и ко да изгледал којзнае какви грозотии и масакри.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.323
Поени од реакции
3.390
Клаудио Раниери Ранко нов тренер на Рома до мај..
Го сакам човеков се гледам себе си во него..прав навивач (y)
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.323
Поени од реакции
3.390
Нов пораз овој пат од Наполи 1-0 ..
Следи Тотенхем па Аталанта..
Резултатите ќе дојдат нема уште да тонеме но нема ништо спектакуларно нешто да направиме во серија А..Нема ни ЛК да фатиме озбилно побегнаја сите конкуренти..Евро куп може да заработиме единствено преку купот ако го освоиме,АКО ГО :(
ЛЕ може би биле таму негде во завршница ама смешно е сега да кажеме дека ќе идеме атак на тој куп..секој веќе не гледа со потсмев а ривалите ни одат без респект во двобој..
Годинава ќе оди жртва што ќе оди барем да расчистат со некои играчи и ако може да се извади некој нов Писили од школата..Од сега мора да знаат што на лето..Луѓе ајде Аталанта знаеме во каква шема се гледајте една Виола каде е..Лацио ? Па поскап играч од 10/15 мил незнам дали купиле летово..Севкупно ако потрошиле колку ние Довбик што го плативме а каде се они ? Буквално со анонимуси од Данска,Белгиска лига си газат поштено..Нити стратегија имаме нити ништо..Одговорност мора да сноси некој од челните луѓе а со нив и сенаторите Брајан,Лоренцо,Џанлука кој се рак рана на оваја Рома..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.944
Поени од реакции
8.843
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.323
Поени од реакции
3.390
Buona giornata Romanisti !!!!

Одамна не нема на темава што поради лошите резултати на почетокот на сезоната,што поради хаосот до отказот на Јурич..
Ајде вака откако дојде Ранко во Рома имаме само 3 порази во калчото на 14 натпревари..Првите натпревари со Аталанта и Наполи за нешто подоцна и пораз од Комо каде што и не бевме толку лоши за пораз..
Екипата се крена после новата година каде се бележат одлични резултати..
Во Европа лигата поминавме преку потешкиот пат во разигрување и тоа противник кој мноогу ни должеше ,Порто..
Порто беше надигран во секоја смисла..Мала надеж имаја со црвениот картон на Драгао кој го заработи Кристанте но и таму остана тимот непоразен и ако имаше апла домаќинско судење..
Следен противник во Европа ни е Атлетик Билбао,незгоден противник кој и тие кренаа форма..Повторно домаќини после септемвриските 1:1 на олимпико..

Во купот сме елиминирани од Милан на Сан Сиро после храбрата борба..Горк пораз,надежите ни беа преку купот да фатиме Европа следната година..

Како надежите згаснаа преку купот за излез во евро куповите така Рома се крена на едно шампионско ниво во серија А..
Screenshot_20250225_124858_Flashscore.jpg

Некоја нова Рома под водство на Ранко..
Ама некој ќе рече лесен распоред и незнам што..Па Рома беше на 2 бода во ноември месец од 18то место кое води во серија Б а сега сме на -2 бода од 6-тата Фиорентина, место кое води во Европа..
Пишувавме ние тука на форумот и новините како еден Хумелс седи на клупа ,Коне кој играше повремено ,блед Паредес, Анхелињо што изгледаше како некој бек од Зрињски и итн..
Сега сите овие играчи се главни адути на Рома и носители на играта предводени од Дибала..
Сите играчи живнаа еден Челик што есеноска не би фатил место во Умраниеспор ене го сосема солидни натпревари игра на позиција стопер во 3ка..
Суле почнува да се наметнува што може многу да значи за овој тим во иднина и да се надоградува овој тим околу него..
Балданзи како и Суле крева форма , влага во дуел игра ,проигрува,опасен во 16тник..
Има надеж дека може да се извлече нешто од оваа сезона но мора како до сега секој натпревар да се игра како финале..
Прво незгодниот Комо во недела а потоа Билбао во четврток..

Негде налетав на вест се спомнува Гасперини за можен тренер на Рома од летово..Не го сакам како личност ( има јадено трици против Рома) ,за резултати има човекот..
Ја би Ранко да остане уште 1 сезона па да се иде на посигурна варијанта од тренер и исклучиво да биде Италијанец а не некој си Французи..
Секако може Клоп зошто да не :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom