Последнава недела комедии. Читам дека ќе сме се жалеле на одлукава да ни се одземи бодот против Верона ама немаме никаква правна основа така да во моментов сме на 0 бодови.
Лоша е финансискава ситуација. Колку што разбрав во моментов, Рома е на 4то место по плати во Серија А, 3ти по административни трошоци, и втор најголем долг во цела лига. Во сезонава 2020/2021, треба да направиме профит од 100 милиони, што според мене е речиси невозможно, ако се земи во предвид какви аматери работат во клубов и со какви играчи располагаме. Ни требаат уште 3-4 играчи да го комплетираме тимов како прво и прво, немаме спортски директор, а шансите за ЛШ ни се блиску до нула. Борче го спомна Фиенга погоре. Човеков во моментов ни е и мајка и мачеха и цел товар паѓа врз него, и од старата гарда на директори мислам дека тој ќе биде едиснтвениот што ќе остане, другиве Балдисони и остали клопотарци полека полека ќе си одат. Како што реков предходно тешко е да се очекува нешто од сезонава. Ова не е year 0 како што викаше Палота изминативе години туку е year 00. Мора да се ослободиме од голем број на играчи и непторебни трошоци па од наредна година да почнуваме некој посериозен проект, затоа и остана Фонсека сезонава, нема смисла да земаме нов менаџер па да го бркаме на крај од сезона бидејки не може да победи против Беневенто со Џеј-Џеј-ОЏ во одбрана. Јас ќе сум презадоволен ако завршиме пак 5-6ти и се ослбодиме од ѓубрето што го начукаа Мончи и Сабатини.
Џеко можда нема да си оди сега ама мислам дека до полу сезона или до крај на сезона сигурно ќе заминува. Финансискиов фер плеј буквално ќе не уништи и ако не направиме доволно профит од Џеко, Ундер и останативе отпишани, Заниоло сигурно ќе оди на продажба наредно лето а можда и Пелегрини. Ако некој го интересира да прочита и да направи математика како функционира ФФП ќе ви се дигне косата и ќе сфатите дека само чудо не спасува од пропаст. Во моментов може да извадиме некој денар само од Џеко, Заниоло, Пелегрини, Кумбула ако го продадеме наредно лето, и можеби Спинацола и Пау Лопез. Останативе заедно не можат ни 20% од тие 100 милиони да ни донесат. Верувам дека Фридкин ќе донесе некој поголем спонзор и дека ќе покриеме голем дел од нив ама немојте да се чудите ако ги продадеме сите наредно лето

. Баш гледав кога се сретнаа со Раџи градоначалничкава на Рим го донесоа и тој од Чешка што треба да покрие трошоци за стадионот и некој друг од Ротсчајлд како гаранција така да имаат сериозен план ама се со време.
Се надевам дека за брзо ќе почнат да се средуваат работиве. Драмава трае веќе неколку години уназад и време е да почнеме од нула и да мрнеме малце.
Наредна недела ни следува Јуве и само Свети Миранте можи да не спаси од 3-4 гола
