Спинацола вчера најдобар, како на некој дроги беше, 3те 100% шанси што ги пропуштиа Мхтаријан и Педро тој го направи со дриблање и пробиви, како Меси да го гледав, незапирлив беше. А доколку го поатигнеше голот од 20 метри сигурно ќе беше во конкуренција за најубав на годината.
Карсдорп исто подобар од тоа што беше, уште еднаш фала му што одби да оди во Џенова а со тоа не дозволи да го гледаме сакатиот Де Шиљо во нашиот дрес.
Диавара како по обичај, после пауза му требаат 3-4 утакмици да фати ритам и форма, као некој дежок дизелаш е, мерџедес Д190, 1989 годиште.
Верету спремен од старт, нашиот најдобар средњак.
Пелегрини као некоја примадона, губи топки, изиграва сеоски Тоти.
Кристанте не знае дм да игра, а не па цб, многу лош, момент на уткмицата беше кога му ја дадоа капитенската лента
Ибањез исто несигурен, Манчини беше добар.
Од Педро сум задоволен, брзоплет играч со голема техника, кога ќе ја земеше топката и ќе почнеше да трча изгледаше као на ФИФА само него да си го ставил на профешнал, а другите на аматер. Ќе ни се најде Педро, 100 пати боље него Пероти.
Мхтаријан во улога како лажна 9ка, не беше лош, ама цркна после 70та минута.
Фонсека катастрофа одлуки за измени, да не ја рачунаме онаа принудната Карсдорп-Сантон, првата измена му беше во 80та мин кога Клајверт влезе место Пелегрини, а што чекаше до тогаш?? Зошто Мхтаријан го остави до крај кога човекот неможеше да оде?? Лошо, многу лошо...
И двете екипи имаа многу шанси, некако наште играат без душа, а не како да е отварање на сезоната.
Новите сопственици беа на трибини вчера, нешто што Палота во 7-8 години го направи 5-6 пати, а сега и Дан и Рајан Фридкин ја гледаа утакмицата.
Се шпекулира Рајан сакал Алегри да го земе за тренер, се убаво, и јас би сакал, ама има еден проблем, Алегри игра со 4ка во одбрана, а нашите бекови се добри само во 5ка одбрана како офанзивни, Спинацола ако во 5ка е како Меси, во 4ка е како Сантон...