Фан Клуб: Рома

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Трагедијата да биде поголема... Некој си Лонго, генерален секретар што ни е и што згрешил си дал отказ поради грешката и денес се договорил да работи во Верона... Не знам дали оваа вест е вистина ама ако е жива брука...
Вистина е, ова е трагикомично:cenzura:
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Последнава недела комедии. Читам дека ќе сме се жалеле на одлукава да ни се одземи бодот против Верона ама немаме никаква правна основа така да во моментов сме на 0 бодови.

Лоша е финансискава ситуација. Колку што разбрав во моментов, Рома е на 4то место по плати во Серија А, 3ти по административни трошоци, и втор најголем долг во цела лига. Во сезонава 2020/2021, треба да направиме профит од 100 милиони, што според мене е речиси невозможно, ако се земи во предвид какви аматери работат во клубов и со какви играчи располагаме. Ни требаат уште 3-4 играчи да го комплетираме тимов како прво и прво, немаме спортски директор, а шансите за ЛШ ни се блиску до нула. Борче го спомна Фиенга погоре. Човеков во моментов ни е и мајка и мачеха и цел товар паѓа врз него, и од старата гарда на директори мислам дека тој ќе биде едиснтвениот што ќе остане, другиве Балдисони и остали клопотарци полека полека ќе си одат. Како што реков предходно тешко е да се очекува нешто од сезонава. Ова не е year 0 како што викаше Палота изминативе години туку е year 00. Мора да се ослободиме од голем број на играчи и непторебни трошоци па од наредна година да почнуваме некој посериозен проект, затоа и остана Фонсека сезонава, нема смисла да земаме нов менаџер па да го бркаме на крај од сезона бидејки не може да победи против Беневенто со Џеј-Џеј-ОЏ во одбрана. Јас ќе сум презадоволен ако завршиме пак 5-6ти и се ослбодиме од ѓубрето што го начукаа Мончи и Сабатини.

Џеко можда нема да си оди сега ама мислам дека до полу сезона или до крај на сезона сигурно ќе заминува. Финансискиов фер плеј буквално ќе не уништи и ако не направиме доволно профит од Џеко, Ундер и останативе отпишани, Заниоло сигурно ќе оди на продажба наредно лето а можда и Пелегрини. Ако некој го интересира да прочита и да направи математика како функционира ФФП ќе ви се дигне косата и ќе сфатите дека само чудо не спасува од пропаст. Во моментов може да извадиме некој денар само од Џеко, Заниоло, Пелегрини, Кумбула ако го продадеме наредно лето, и можеби Спинацола и Пау Лопез. Останативе заедно не можат ни 20% од тие 100 милиони да ни донесат. Верувам дека Фридкин ќе донесе некој поголем спонзор и дека ќе покриеме голем дел од нив ама немојте да се чудите ако ги продадеме сите наредно лето :). Баш гледав кога се сретнаа со Раџи градоначалничкава на Рим го донесоа и тој од Чешка што треба да покрие трошоци за стадионот и некој друг од Ротсчајлд како гаранција така да имаат сериозен план ама се со време.

Се надевам дека за брзо ќе почнат да се средуваат работиве. Драмава трае веќе неколку години уназад и време е да почнеме од нула и да мрнеме малце.

Наредна недела ни следува Јуве и само Свети Миранте можи да не спаси од 3-4 гола :)
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Чекајте малце.. Гледам на резултати нешто измени, жути картони, како да сте ја изиграле со Верона ама на крај службено 3-0.. Стварно не знам и не сум гледал, вие фактички изигравте и после завршеток на утакмицата се одлучи?
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Тоа и јас го размислував, колку е грешката во случајов кај Рома толку е и кај организаторот (делегати или како и да ги викаат одговорните што го проверуваат тоа)...
Се игра цел натпревар, и после неколку дена откриваат неправилност или грешка, а сигурно имаат време пред натпреварот да го проверат тоа... Ме интересира што се случува вака, дали се бришат картоните од натпреварот, стрелците на головите доколку ги има и крај краева играчите се изложени на ризик од повреда ...
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Ако ви беше малку драма, денес и Фиенга суспендиран на 30 дена. Не смее да влегува на стадион ни да купува играчи... И тоа се заради Де Лаурентис кој се жалел дека Фиенга не следел Ковид протокол на некој состанок :facepalm:
 
Член од
6 мај 2007
Мислења
589
Поени од реакции
601
Ако ви беше малку драма, денес и Фиенга суспендиран на 30 дена. Не смее да влегува на стадион ни да купува играчи... И тоа се заради Де Лаурентис кој се жалел дека Фиенга не следел Ковид протокол на некој состанок :facepalm:
Брееј ,па демек Де Лаурентис следел КОВИД протокол.Па идиотот заразен отишол на некој состснок пошто не можел да ги чека резултатите од тестот,за после да се испостави дека е позитивен.Зошто за него нема некој бан?
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Спинацола и Верету машини, Мхтаријан исто игра добро, а и Џеко.

И овие децата во одбрана со Кумбула наместо Кристанте добро си ја вршат работата.
Манчини со неговите 24 години изгледа како ветеран спрема Ибањез(21) и Кумбула(20) :icon_mrgr:
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Рома денес изгира супер меч, мислам дека имаме и поквалитетна старна постава од лани иако на хартија изгледаме како послаби, но сепак голем проблем е клупата едноставно немавме кој играч да го внесеме да направи освежување во екипата. Со некое засилување во зимскиот преоден рок, имаме големи шанси да се бориме за топ 4 и пласман во ЛШ.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
А овој Фонсека зошто не го освежи нападот? Зошто Мхтаријан го остави кога човекот неможеше да оди?
Од 5 можни измени, направи само две, па нормален ли е.. Клајверт за кој кур му е на клупа?
Прва измена у 70та, ејј не можам да си поверувам...

Џеко требаше да ја реши утакмицава, не играше лошо, али една од двете шанси мораше да биде гол.. Пелегрини и Диавара слаби, колку само му фали партнер на Верету во средината...
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.179
Поени од реакции
3.153
Рома - Јувентус 2 : 2

Многу кукавички пристап на 2 : 1 и играч више на терен.. Победа колку толку ќе ја залечеше раната од нашата неспособна управа..
Фатив 2 полувреме и не можем да се помирим за оние шансите на Џеко.. Но што е тука е нема назад..
Кумбула, Ибањез и Манчини делуваат добро на теренот.. Спинацола ваков ни треба, има напредок кај него..
Мики а нарочито Верету се супер..
Се сложувам за измените мораше да освежи порано и Клајверт да го уфрлеше во игра..
За Педро мислам дека уште 1-2 натпревари и ќе проработа и он..

Сега е важно да се победи во Удине па после паузата и ако дојде некој нов играч да фаќаме залет и да видиме до кај сме што сме..
Излегоа старо нови имиња кој Рома може да ги донесе :
1.Макс Аронс овој многу тешко
2.Омар Алдарете место Смолинг
3.Лукас Верисимо доколку не дојде еден од овие двајца
4.Мајорал готова работа
5.Начо кој Реал го нуди на Рома
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Кој е вој Макс Аронс, прв пат го слушам...

И Рудигер го спомнуваат како опција
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.179
Поени од реакции
3.153
Кој е вој Макс Аронс, прв пат го слушам...

И Рудигер го спомнуваат како опција
Десен бек од Норвич.. Јак млад 20 години.. Понудата на Рома била или ќе е позајмица со право на откуп..
Додека други заинтересирани клубови како Баерн ке опнат кешарица и чао тути..
Да и Рудигер би било убаво или оној од Базел многу го фалат..
Жал ми е за Смолинг ама нека им седи им ебем педерската екипа..
Излезе уште една вест дека Рома одбиле 25 мил. евра за Ибањез од Тотенхем..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Многу фанови на Рома а и медиумите го фалат Ибањез, а мене пак ништо посебно не ми изгледа, али јас знам да заречам некои работи :icon_mrgr:

Дај боже да грешам со мојта проценка дека ништо нема да биде од него :)
Автоматски споено мислење:

Од сите според мене Рудигер би бил најдобро појачање...
Или тој или Смолинг
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Ерменија и Азербејџан во војна. Ерменија ги собира сите мажи до 40 години да се приклучат во армијата во одбрана на државата. Покана добил и Мхтаријан, ако по некое чудо стварно се врати во Ерменија и мора да оди во војска да војува, слободно можам да кажам дека Рома е најпроклетиот и најмалерозниот клуб во светот!!
Таман со списокот и Диавара мислев дека се случи најголемата глупост во клубот и дека нема полошо од тоа, ова сега со Мхтаријан ќе биде врв над врвовите :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom