МП сезонава направи еден чекор нагоре со тимот, ако за тимот да стане најдобар потребно е да се воигруваат играчите, да имаат разбирање еден према друг, на теренот да делуваат како екипа која нема да ја "стави" кривицата на поединец и други слични работи... МП го направи тој чекор, на ред е пукнатините да бидат пополнети со околу 2 играча од Флор и тимот мислам дека би делувал надмоќно против било кој тим, а и ке може да се спротивстави на секаков предизвик.
Повеке од ова сезонава мислам дека и неможевме да добиеме, имавме најефикасен напад, каде што реков пукнатини погоре мислев на одбраната...еве таа ке биде зацврстена од Флор, играчите доста добро веке се познаваат, почнува да владее оној победнички ритам и по било каков кикс, тимот се држеше и во следниот натпревар докажуваше дека тоа било само еден лош момент, а сезонава ги имаше малку. Не е фер кон Пелегрини ова што најверојатно ке му го направат, се прашувам како би се оправдал Перез доколку по една година Мурињо остане со празни раце и добие клоца.
Стварно е крајно несериозен овој потег. Јас сум презадоволен од тоа што постигна МП изминатава сезона и нема никаква правдина доколку Мурињо седне на клупата. Значи да кажам уште еднаш, Мурињо според мене е најдобриот тренер, но сум за МП да остане од горе наведените причини. Доколку би го избркале на фер начин и да би требало да гласам кој да дојде, тоа ке биде Мурињо без сомневање, но не би сакал на ваков начин. Мислам дека бев јасен.