Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Хахахаха......Носот ова сигурно се однесува за Ибрахимович....иначе поубаво е да го викате клунар......хахахахаха
Па само еден е со толкав нос,клунар,носле или шпакла исто ти е:)
Него официјално е дека Пелегрини ке си оди?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
Па само еден е со толкав нос,клунар,носле или шпакла исто ти е:)
Него официјално е дека Пелегрини ке си оди?
Сега во 5 ќе има состанок помеѓу Перез, одборот на директори, и Пелегрини, и се ќе се дознае. Медиумите шпекулираат дека ќе му биде врачен отказ, но можно е како што кажа Веном, да се разговара за можните засилувања за наредната сезона. :)
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Сега во 5 ќе има состанок помеѓу Перез, одборот на директори, и Пелегрини, и се ќе се дознае. Медиумите шпекулираат дека ќе му биде врачен отказ, но можно е како што кажа Веном, да се разговара за можните засилувања за наредната сезона. :)
Не е лош Пелегрини само малце се губи кога игра со поголеми екипи,али имаше добра сезона Реал со МП.
 
O

ob1

Гостин


Сакам вакви маици да си направиме, со реал амблеми. Ама треба некој шо се разбира во фотошоп да ги дизајнира, по урнеков на интеристиве.
Лелеее дај ве молам да направиме маички, само да не бидат црни туку да бидат бели, зашо официјална боја на Реал е Бела. Да го има Амблемот на Реал, Македонското знаме и да има некоја изрека на шпански.

Иначе не ме плаши толку купувањето на Давид Виља во Браса, отколку што ме плаши што Давид Виља нема да дојде во Реал. Како и да е во следните 2-3 денови очекувам купување на лево крило (Давид Силва/Ди Мариа) и донесување на Мурињо.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Многу ми е криво за Виља што замина во Барса,знате дека тој ми беше огромна желба лани наместо Бензема.Но тоа е...сега ќе ни биде непријател,како што се шпекулира а за мене и 90% можно пошто Фабрегас е нивно дете,Барса до година ќе биде уште појака.Така да не очекувам дека Перез ќе седи мирен и ќе продолжи да игра со истиов состав.Како што кажа Манга ,најпрвин Мурињо,па Силва а после СП се мислам дека ќе се даде уште една огромна сума,за некој што ќе изигра феноменално.Денеска останува да го чекаме 17.00 часот.
 
B

boki10messi

Гостин
Inace sega ova ke vi e Galacticos 3 ili samo prodolzenie na Galacticos 2???? Cisto, informativno, daleku od provokacija. :)
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Хахахаха......Носот ова сигурно се однесува за Ибрахимович....иначе поубаво е да го викате клунар......хахахахаха
Да токму тој со носот во првото Ел Класико влезе од клупата и потоа не знам што точно се случи :) Мала шала (не сакам да испадне провокација).
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Да бе вие лупните го зборот и после шала не било провокација.Пред да се извињаваш треба да внимаваш.:)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.727
Јаc типувам дека ќе остане МП.... 15.00 коефициент :)
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Јас типувам оти нема да остане. 1.01 коефициент :)
 
Член од
10 декември 2009
Мислења
534
Поени од реакции
87
Мојата анализа за целата сезона

Во Мај 2009 само што заврши сезоната 2008/2009 во Шпанско првенство која сезона Реал Мадрид заврши на второто место зад Барселона (за која тоа е најуспешна сезона во историјата со освоени три титули) со заостаток од 7 бодови, за Реал Мадрид тоа беше релативно добра сезона во која имаше скор од 16 победи од 17 натпревари, но тогаш дојде големото El Clasico пред кое Барселона имаше предност од 4 бодови пред Реал Мадрид и со победа на Реал Мадрид трката за титулата ќе беше многу неисвесна, но тогаш дојде најголемиот дебакл во историјата на Реал Мадрид со поразот на домашен терен од цели 6-2 (тоа беше првпат да Реал прими 6 голови на домашен терен) и тука заврши борбата за титулата и сите MADRIDISTAS низ целиот свет беа револтирани и многу разочарани. Тогаш сите сакаа да се направи голем рез и да се направи нешто во клубот со кое ќе се биде рамо до рамо многу силната Барселона и од наредната сезона да се биде многу по конкурентни.
Уште на половина од сезоната Реал Мадрид остана без претседател и мораа да се распишат избори на кој ќе се избере нов претседател, кој претседател ќе се обиде да го спаси клубот од агонијата во кој се наоѓа. Уште откако остана без претседател почна да се шпекулира дека за претседател ќе биде избран големиот Флорентино Перез и на крајот тоа и се оствари по завршувањето на сезоната тој беше назначен за претседател бидејќи немаше други конкуренти за функцијата.
Перез во својата програма вети еден голем проект на долгорочен рок, проект во кој ќе создаде тим кој ќе застрашувачки силен на кој тим сите ќе му завидуваат и тим кој ќе освои се што може да се освои. Овој негов проект се засноваше на три категории на играчи: Играчи-Звезди, Играчи-Шпанци и Играчи од Кантерата (подмладокот). Овој проект за него не претставуваше промовирање на Реал Мадрид од спортски аспект туку и од социолошки, културен и маркетиншки аспект. Со ова Перез сакаше на Реал Мадрид да му ја врати старата слава на НАЈДОБАР КЛУБ ВО 20-от ВЕК.
Уште во првите денови откако ја презеде функцијата Перез почна да го реализира својот проект, Прво, го донесе Кристиано Роналдо од Манчестер Јунајтед за рекордни 94 милиони евра, Втор, следуваше Кака од Милан за 67 милиони евра, Трет, Раул Албиол од Валенсија за 15 милиони евра, Четврт, Бензема од Олимпик Лион за 42 милиони евра (со се премии), Петти, Чави Алонсо од Ливерпул за 35 милиони евра, Шестти, Арбелоа од Ливерпул за 4,5 милиони евра, Седми, Гранеро од Гетафе за 6 милиони евра (имаше откупна клаузула) и Гарај се врати од позајмица од Расинг Сантандер. На средината на Август дојде време да почне да се продаваат старите играчи за да може да се направи ростер од 24 играчи. Тогаш се продадоа Хајнце на Марсеј, Мигуел Торес на Гетафе, Робен на Баерн Минхен, Снајдер на Интер, Хунтелар на Милан, Мичел Салгадо во Блекбурн, Канаваро во Јувентус, Кодина во Гетафе. И така се направи ростер од 24 играчи кои навистина беа одлични играчи.
Сезоната започна фуриозно и тоа во 5 кола Реал Мадрид имаше 5 порази, во 6 коло дојде и првиот пораз од Севиља од 2-1 на гостински терен, но потоа дојде првото разочарување испаѓањето од Третолигашот Аркокон ( кој игра во иста лига со вториот тим на Реал и подоцна загуби од нив со 4-1) во Купот на 10-ти ноември со вкупен резултат од 4-1 ( загуби Реал во гости 4-0, а дома едвај победи со 1-0). На 29 Ноември дојде и вториот пораз во првенството од Барселона во El Clasico со 1-0 на гостински терен. Во Декември Реал заврши прв во групата во Лигата на Шампионите пред Милан (од кој загуби дома со 3-2 и изигра нерешено 1-1 на гости) и во Осминафиналето му се падна Олимпик Лион (навидум лесен противник). Во Јануари дојде и третиот пораз во Лигата од Атлетик Билбао од 1-0 на гостински терен и тогаш Барселона се одлепи на 5 бодови предност. Во Фебруари се играше и првиот меч со Лион, во кој Лион победи со 1-0 на свој терен и со таа предност на 10-ти Март допатуваа на Сантиаго Бернабеу и успеаа да се одбранат и ЗАСЛУЖЕНО да одат понатаму, на овој натпревар резултатот беше 1-1. Ова беше второто големо разочарување оваа сезона и тука заврши СОНОТ дека Реал Мадрид ќе игра во финалето кое се одржува на неговиот стадион Сантиаго Бернабеу. Но, меѓувреме Реал Мадрид во La Liga од 16 јануари до 10 април незнае за пораз и има 13 победи по ред.
На 10 април се одигра големото El Clasico на кое Реал беше домаќин, пред дербито и двата тима имаа ист број бодови, но прв беше Реал поради подобрата гол разлика и двата тима имаа по 77 бодови, кој ќе победеше во дербито тој најверојатно ќе беше и шампион, така и се случи Барселона победи со 0-2 (тоа се единствените изгубени бодови на домашен терен на Реал). На овој 10 април се случи и третото големо разочарување за Реал Мадрид и неговите навивачи. До крајот Барселона ја задржа стекнатата предност и ја освои својата 20 титула.
Реал Мадрид оваа сезона изигра навистина ШАМПИОНСКИ освои 96 бодови (клубски рекорд), постигна 102 гола, имаше само еден изгубен натпревар (од Барселона) и 18 победи на домашен терен. Роналдо и Игуин се најдобриот клубски тандем во историјата со постигнати 53 голови заедно ( 27 Игуин и 26 Роналдо), Реал ги газеше сите противници во La Liga (освен Барселона), ги победуваше со 3-4 разлика, играше атрактивен фудбал добар за око, многу ефикасен, динамичен. Но, за жал остана со празни раце, Реал Мадрид оваа сезона ги изгуби САМО клучните и многу битни натпревари Лион во Лигата на Шампионите и Барселона на двапати ви La Liga. „Изгледа и ѕвездите не му беа наклонети на Реал Мадрид оваа сезона, Реал ги изгуби сите титули на 10 во месецот ( Купот на 10 Ноември, ЛШ на 10 Март, La Liga на 10 Април)“ што би рекол Филе.
Се покажа оваа сезона дека Реал немаше ТРЕНЕР и ИГРАЧИ за големи натпревари, сите битни натпревари Реал ги изгуби од „тактиката“ на Пелегрини и затоа што освен Роналдо немаше друг играч кој ќе изигра на голем натпревар. Под итно Реал треба да го земе Мурињо бидејќи тој е човек за големи натпревари, има авторитет и харизма. А малите екипи Херез, Малага........... Гетафе и мене да ме стават и јас ќе го водам Реал до УБЕДЛИВИ ПОБЕДИ.

НЕЛИ Е ТАКА.

Треба некој кој направи резултат во Лигата на Шампионите.
Со минимални корекции на тимот и на чело со Мурињо, мислам дека може да се оствари таа цел ТРИУМФ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
Што состанок ќе беше ова бе упм.. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom