Реал Мадрид денеска му врачува отказ на Пелегрини
Шпанскиот фудбалски вицешампион Реал Мадрид денеска и официјално би требало да го разреши од функцијата менаџер на тимот Мануел Пелегрини, тврди шпанскиот спортски дневен весник „Марка“.
Раководството на клубот во текот на изминатиот летен преоден рок потроши скоро 250 милиони евра на засилувања, но на крајот се испостави дека големата сума за пари замина за ништо, и ниту еден трофеј не влезе во витрините на „кралскиот клуб“.
Како челниците така и навивачите најмногу незадоволство искажаа по поразот на Реал Мадрид од 4:0 против третолигашот Алкоркон во Купот на Шпанија, а задоволството порасна и кога тимот од главниот град на Шпанија беше елиминиран од Лигата на Шампионите од Лион.
Покрај тоа, „кралевите“ бележат и два порази од старо-новиот шампион Барселона во борбата за првата позиција во Примера, што по се изгледа ќе го натера сопственикот Флорентино Перез да се впушти во акција за нов тренер.
Вечерва раководството на тимот има закажано вондредно собрание за да разговара за судбината на чилеанскиот фудбалски стратег, како и летната селекција.
Се очекува смената на менаџерот да биде објавена веднаш по завршетокот на средбата, а Пелегрини ќе добие отштета во износ од 4 милиони евра.
Речиси сигурно е дека нов тренер на „кралскиот клуб“ ќе биде Жозе Мурињо, иако веста сеуште нема добиено официјална потврда.