Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
многу добра сторија... бај д веј секогаш сум велел Тевез е решение сите наши проблеми(офанзивни иако се минимални) а со Мур ќе биде незаменлива алка во Реал.
се надевам дека ќе се исполни ова :)

--- надополнето ---

а головите?
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
39
Поени од реакции
0
Mурињо го блокира трансферот на Лас



Ласана Диара има загарантиран престој во Реал Мадрид , секако доколку и понатаму дака да остане во клубот каде нема загарантирано место во почетниот состав.

Без оглед на тоа што Алонсо и Кедира се фантастични сезонава , Диара заслужува да игра во почетниот тим.Во следното коло против Севиља највероватно ке игра како десен бек , а деновиве се говореше дека Италијански и Англиски тимови се спремни за него да издвојат 15 милиони евра.Но според АС , Мурињо отфрлил секаква можност за негово заминување кој е можеби највредниот играч што Реал го има.Способен е да игра како класичен плејмејкер,дефанзивен плејмејкер,стопер и десен бек.

Мурињо наводно на раководството на Реал им порачал дека Лас не смее да замине иако имаат многу квалитетни играчи кои сакаат да се докажат.Сепак со оглед дека има 5 дефанзивни плејмејкери реално е некој да замине во Јануари.

Кој заминува? Гаго,Момо........

Најголеми шанси за заминување имаат Гаго и Диара.Аргентинецот веке долго е надвор од терените а и самиот изјави дека сака да игра повеке кога ке се опорави што е невозможно и веднаш по опоравувањето би можел да побара трансфер.Момо Диара од друга страна пак како и обично игра најдобро што може , секогаш е во форма но прашање е дали е среќен во Реал каде веке со месеци не е во плановите на Мурињо за првата постава.Гаго е проценет на 10 милиони евра и има договор до 2013 година , додека Диара има договор до 2011 и е проценет на 9 милиони евра, но никој не би платил толку за него.Во мај полни 30 години и тоа е голема мана.Засега не е познато дали клубот ке се реши да продаде еден од нив или ке се ослободува од вишокот во тимот или моменталниот кадар воопшто нема да се менува.

Шпекулации..........

Како и да е сепак кога е во прашање Реал , секогаш големите таленти и ѕвезди се поврзуваат со него.Па и за следниот трансфер период не е исклучок.Се шпекулира дека дефанзивниот плејмејкер на Францускиот прволигаш Рен , Јан М`Вила е во преговори со Реал.Според Л`Екипе ова чудо од дете кое има 20 години има светла иднина па не е за чудо што го поврзуваат со Реал.М`Вила е сепак еден од играчите баш како Лукаку кој се величи на моменталната форма и затоа е доста експониран и баран , но неговите квалитети иако неоспорувани сепак за Реал Мадрид не се доволни во моментов бидејки се работи за млад и неискусен играч ,додека Мурињо во моментов бара искусни и цврсти играчи.

Доаѓањето на Кедира ризичен , но сега премногу важен


Доаѓањето на Сами Кедира во Реал не пројде без критики од медиумит.Многу медиуми и експерти се сомневаа во неговите квалитети и дека нема да успее во Реал покрај веке докажаните Лас и Момо , но на крајот се покажа дека Лас и Момо добија страшна конкуренција и набрзо се најдоа на клупата.Кедира стана стандарден првотимец и еден од најдобрите оваа сезона во Реал , заправо тој е вистинската причина што Реал сака да се ослободи од некој од дефанзивните плејмејкери.

Што со големиот број таленти на клупата?

Прашање е што Реал ке превземе со играчите кои ги има на клупата.Многумина од нив нема многу оваа сезона да осетат како е да се игра за Реал а имиња како Леон,Гранеро,Каналес секако дека не се за отврлање.Со вракање на Кака , Каналес ке изгуби надеж дека може да се докаже во Реал посебно ако се знае дека на неговата позиција Реал го има и Озил.За многумина најдобро тој да замине на 6 месечна позајмица со цел што повеке да игра.Реал уште ги има и Мората,Матеос и Сарабиа и многу важно за нив ке биде да добијат шанса.

Дали Реал воопшто треба да купува во Јануари?

Дали?Тоа си го поставуваат сите.Сепак тешко за верување дека Реал ке купува откако раководството одби такво нешто.Повредата на Игуаин и не е толку страшна и ке се врати најкасно до фебруари.Од друга страна пак доколку се доведе нов играч во нападот ке се направи само гужва и на клупата ке имаме и до два напаѓача со оглед на формацијата која Мурињо ја користи.Се шпекулира со Тевез,Адебајор,Љоренте,Алмеида,Џеко..... но прашање е дали некој ке сака да биде замена , па и за конкурент да се имаат Игуаин и Бензема.Сепак зошто да се троши кога на клупата е и младиот Мората?Мурињо тоа го нарече , трошење на време во моменти кога се треба искусен играч за да се освојат трофеи како што бара раководството.Затоа останува уште неколку недели до Јануари за да се види што ке биде одлучено , ке се фрлаат нови милиони или ке се ризикува со Мората?

Извор:РеалМадрид-МК
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Сакате јас да ја отворам новата тема ? :) Истово од Манга + нешто за 2010, и различен состав.. и тоа е тоа.
Неможе! :pos:

Се зезам. Јас немам толкав стаж на форумов во споредба со „постарите“.

Сериозно, да се реши кој ќе отвора да не биде на крај па да испадне глупо. Ако има други доброволци нека кажат. Ако нема, Боки нека се спрема. (лол и рима има у последнава реченица :pos:)
 
A

apidrone

Гостин
Ја мислам дека Кедира е промашен трансфер. Воопшто не му треба на Реал таков играч. Подобро да купеа некој стопер, а Пепе да го прекомандуваат на позицијата што ја игра Кедира сега, позиција на која многу добро се снаоѓа во репрезентацијата на Португалија.
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
Јас па сум гневен на Моу.Се додека го игра десен бек нема да видиме ништо од Рамос, само еден просечен играч.Негова природна позиција е централен дефанзивец.Рамос има квалитети доколку би играл на таа позиција да стане и најдобар, или еден од најдобрите дефанцивци во денешницата.Се надевам брзо ке се опаметат во Мадрид.
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
Дајте да го вратиме Зидан, ко Гути по 1 полувреме ќе игра:icon_lol:
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Зашто вакви дискусии бе.
Хах ај да се надоврзам на нешто од погоре.
Купување нови играчи во Јануари?...многу лошо решение, место да се остави се како што е сега и да се мисли на надградување на играчите и на нивната ментална состојба, на некого му се увртело во глава да купува нови играчи, без разлика каков е планот, на која позиција се и слично.
Нека купат нови, па после ќе се треска главата од ѕид што, како и зошто...крајниот епилог како и секоја година, си знаеме сите на што мислам. Но, сепак не ја исклучувам можноста нели и од љубопитство да биде некој доведен...аххх ќе ме умрат од нервози.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom