Кристијано Роналдо имал четиригодишен син и во Сингапур
Португалската фудбалска суперѕвезда на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Кристијано Роналдо на својот официјален „Твитер" профил објавил дека е татко на уште едно дете.
Тестот за татковство потврдил дека поранешниот најдобар играч во светот е татко на четиригодишниот Алекс кој живее во Сингапур со својата мајка.
Роналдо напишал дека како и кон својот друг син секогаш ќе се однесува како татко, откако мајката на Алекс по година дена успеа да го докаже татковството и да дојде до правата за алиментација.
„Неодамна разбрав дека имам син во Сингапур кој има четири години. Го прифаќам своето дете и ќе се погрижам ништо да не му фали и да има безгрижно детство.“ - стои меѓу другото на „твитер“ акаунтот на Роналдо.
Аман бе синовите не си ги знае