Се надевам дека ова ќе биде последна повреда на Пепе во кариерата, кога игра тој, одбраната е за неколку нивоа помоќна. Иначе лани одбраната ни беше срање, само Рамос вредеше од сите четворица, тим како Реал не смее да си дозволи да има таква тиња одбрана, со само еден класа играч како Пепе. Колку и да зборуваме дека се добри, моментално Гарај и Албиол не можат да бидат носители на одбраната, бар за сега, во иднина можеби.. Ретки се силните тимови низ Европа кои имаат само еден таков стуб како Пепе во одбраната. За наша среќа, пред нив ги имаа Алонсо и Лас кои секогаш покриваа простор, одземаа топки па централните дефанзивци и немаа многу работа.
Бев уверен дека ќе дојде Маикон, но како тргнала работата по се изгледа нема да го видиме во дресот на Реал Мадрид. Би бил задоволен и со Карваљо, може да истера уште една година тој во врвна форма, но Мурињо се откажа и од него.. Стварно немам идеја кој играч би можел да биде засилување за одбраната, тешко дека ќе може да се најде некој класа дефанзивец као Силва или Киелини..