Презадоволен сум од засилувањата оваа сезона, посебно од Каналес, а и од Педро Леон. За Кедира е рано да се зборува, а Марика засега послабо. Се надевам дека ќе биде подобар, затоа што покрај се, тој е наш играч.
И иако сакам да дојди Маикон во Реал, едноставно затоа што е моментално најдобар на својата позиција ( Рамос е рамо до рамо со него, но тој е каде каде подобар централен дефанзивец, можеби најдобриот во светот) . Сепак, кога не можи Маикон, мислам дека треба да се бара лев бек. Моја желба е Патрис Евра, но колку се шансите тој да дојди, тоа незнам, можеби и се еднакви на 0. А, да . И Тиаго Силва не е лоша опција, напротив - одлична. Мислам дека ќе го покрива Марсело во одбрана повеќе од кој било друг (Албиол).
позз и Хала Мадрид
--- надополнето ---
Мурињо веќе има напаѓачи, но бара бара уште еден: Не можеме да играме десет месеци само со Игуаин и Бензема.
Па добро си кажува човекот, се можи да се случи, не дај Боже, можи и двајцата да се повредат. Што сме направиле тогаш? Треба да бараме некој од кантерата или да го жртвуваме Кристијано.