И за Давид Луиз се шпекулира пак...
Галактико или Митико - претворањето на страста во бизнис
„Околу 20 години сум приврзаник на Реал Mадрид, не ми било срам кога сме губеле од директните конкуренти... но денес освен срамот во мене има и загрозеност кон целото раководство на клубот. Тоа ја покажува деградацијата на фудбалот и спортот воопшто во целина, ништо повеќе не е свето, нема елементарно почитување, а се е сведено само на финансискиот интерес. ако кажам дека сум тажен, нема ни илјада зборови да одговараат на моето расположение...“
Ова вчера го напиша на СпортДенес еден разочаран навивач на Реал Мадрид на меилот на нашата редакција поради веста на тажните разделби на Гути и Раул со „кралскиот клуб“. Покрај солзите на Гути и Раул, нема како да не размислуваат за моралот и преданоста, не само во фудбалот, туку во спортот и во животот во целина, затоа што не е се во парите.
Навистина со поголема комерцијализација во спортот мора се повеќе да се обожаваат на клбските икони како Франко Барези, Паоло Малдини, Рајан гигс, Франческо Тоти и итн...Не дека на „Бернабе“ ќе престанат да ги почитуваат Гути и Раул, но сепак Тоти ја одаде целата своја кариера на својата омилена Рома и го носи гордо дресот на тимот па заслужено го нарекуваат „Принцот на Рим“, додкеа поранешните шпански репрезентативци зенитот од своите кариери ќе го поминат во Истанбул и Гелзенкирхен. Тажно!
Тешко е точно да се каже дали Раул и Гути побараа „развод“ од Реал или клубското раководсво им го кажа исходот. Но, каде и да е вистината, Флорентино Перез и сите под него во хиерархиата на „Лос Меренгес“ требаше да направатсе што можат за да ги задржат своите легенди. Зошто? Од љубов кон играта, како што се велеше во еден филм.
Бидејќи Реал Мадрид е голем клуб, но клуб без којзна колку племенитост. Речиси без романтика, која едвај се гледа во последните комерцијални десет години, а таа е важна, барем за луѓето. Раул и Гути не се првите амблеми на шпанскиот град кој ја завршиле кариерата далку од Мадрид - Алфредо Ди Стефано ги закачи копачките во соблекувалната на Еспаљол, Емилио Бутрагењо и Мигел Мичес завршија со фудбалот во Мексико, Фернандо Иеро за последно го носеше дресот на Болтон... тажно!
Е, и Реал ги има Мануел Санчис, Икер Касиљас, но секогаш во тој голем тим работите повеќе се вртат околу финансиските знаци, него околу амблемите. Барем така изгледа во последните „галактичарски“ години. Зошто се поназат остануваат амблемските работи во историјата на Кралскиот Клуб - Је-Је тимот од 60. години, ЛА Куинта дел Буитре (Петорката на ЈАстребот) и др.
И додека во Манчестер Јуантед секогаш ќе се памети крената јакичка на Крал Ерик, во Ливерпул не сопираат да ги величат хероите од Рим и Истамбул, во Милан засекогаш ги повлекоа броевите 6 и 3, тоа во Реал се повеќе се завива во мислата за пари, продадени дресови, спонзори, ѕвезди, увезди и пак ѕвезди. А ѕвездите не се легенди. Патот од едното до другото е долг...:nesum: