Се менуваа секоја сезона, ќе видиме оваа дали ќе се смени. До душа, Перез ја научи грешката по првиот мандат, таму два-три кикса у Примера, еден во куп, еден во ЛШ, и штом на Бернабе се појават белите марамчиња, тренерот се брка. Оваа сезона со Гетафе мислам кога игравме дома имаше бели марамчиња од навивачите, но сепак, Пелегрини не си замина.
Биографијата за Дел Боске ја имам читано многу пати, и дефинитивно бркањето на Дел Боске, и трансферот на Макелеле се најголемите грешки според мене у изминативе 10 години.
ако ја научил грешката, Перез, немаше да си брка свој бизнис тука, само ради тоа што неќе ништо со калдерон(политички поглед), и немаше да продаде 15 играчи од кои најдобрите тогашни 2-3 играчи, донесе нови 2 ѕвезди, двајца квалитетни играчи, и двајца антиталенти(или ко шо ќе речете во развој)... или шо ќе се рече еднакво на само двајца играчи, различни/подобри од претходниот состав... и "ослабен" напад од само еден квалитетен напаѓач (на кој не се ни сметаше сериозно и никогаш не беше играл CF) а ги имаше 5-6... и играч кој од најдобро крило се претвори во во SS И ПАК ДА СЕ НЕМА КРИЛО ВО ТИМОТ ОВОЈ ПАТ НИЕДНО(лани само Робенчо златен) а за таа сметка се прекомандува бек во крило(на сила)... па да ти Е*ам и политика за перење пари од дресови и реклами...
и шо сеа ајде фрлање нови пари за нови играчи, пак препумпани цени, играч шо би вредел макс 20 ќе го платат 50-60 мил. и после пак ќе ми дојдат некои одстрана и ќе ми кењаат,300 мил. и пак испаднавте... и нека зборат со право тоа го зборат... а заклучок е дека ги имавме тие потребни играчи и со купувањето на тие 4-5 ајде ако мора и ќе ви ги набројам (роналдо, кака, чаби, албиол, арбелоа) тимот ќе си останеше совршен и ќе беше соодветно покриен на секој дел од теренот со по речиси двајца играчи квалитетни на секоја позиција
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
или сега ни треба демек Силва,Фабрегас,Руни... немаше никогаш да ги посакаме тие играчи јас сум 100% сигурен(освен ако некој како шо ве има ептен алчни/ненаситни)...
но сепак целиот заклучок е го имаме перез, ќе имаме пари, ќе доаѓа секоја година по 1-2 најдобри ѕвезди до тогаш, ќе продаваме дресови и реклами, а ќе живееме на онаа стара слава најдобар клуб на 20-ти век, а во овој 21-ви век нов имиџ НАЈКОМЕРЦИЈАЛЕН КЛУБ...
ако тоа самите го сакате бравос, ама јас не навивам за овој клуб затоа шо дојде Бекам,Зидан,Роналдо,К.Роналдо, Кака... туку почнав да ги сакам ради Мијатович,Редондо,Хиеро,Карлос,Раул... играчи кои тогаш не беа најплатени во светот и кои со гордост играа за овој клуб... не велам дека горе наведените не го играат секој натпревар со гордост(некои да /некои не) ама кога знаеш дека секој месец имаш во џеб 1.5 мил различен е погледот на секој играч, човековото око е ненаситно,парата го врти човекот...
ете тоа мои навивачи на реал мадрид го стори нашиот горд и ценет прецедател флорентино перез... баш тоа јас го имам забележано во овие 15-16 години како навивач на реал мадрид...
знам дека светот се мени, но фудбалот дефинитивно го смени во последните 10 години флорентино перез со неговите страшни/астрономски трансфери... сепак тоа е само мое видување
поздрав и слободно плукајте по мене сеа коа кажав она што ме мачи, нема да се налутам на никој, кога самите не знаеме да си го цениме она што го имаме,го сакаме туѓото кое секогаш изгледа послатко, а дури откога загубиш нешто видиш дали е вредно или не (окото на алчните луѓе)
од многу работи што ги читам и од вас и од сите други сум крајно разочаран, и се прашувам до каде може да идеме, и каде води сето ова...