Еве ме и мене после долго време (бев зафатен, исто имав и проблеми со РСто, но што е тука е)
Како прво да ги честитам сите победи досегашни на Реал, а да не заборавам и збор два за поразот. Еве да изразам и жалење за неиграњето (повредата) на КР, но да запомниме дека сепак фудбалот е тимска игра, Реал пред се е тим и иако немаме поединец што ќе го смени Роналдо, сепак имаме доста добри, одлични би рекол поединци на другите позиции.
Еве вака, победите досегашни на нашиот Реал се должат најмногу на поединци, затоа што сеуште, запомнете СЕУШТЕ, не сме уигран тим, нов со скоро 5 нови првотимци, кои сеуште не се читаат меѓу себе, за разлика од една Барселона за која е кажано од сите, па ајде и од мене, дека може да игра со врзани очи.
Во врска со поразот од Севиља, секоја чест на нивните играчи кои исто така се супер тим и се екстра уиграни, па во неколку наврати ни покажаа што значи тимска работа. И да, поразот дојде во вистинско време, да не се залетуваме дека сме непобедливи. Да не заборавам да го пофалам Касиљас и да кажам дека не сме свесни што имаме меѓу стативите. Јас лично сум среќен и горд што ја имам привилегијата еден ден да кажувам дека сум го гледал, најголемиот од најголемите. Самите одбрани против Севиља се само потврда за тоа.
Бензема гледам е честа мета на напади од страна на наши навивачи, па само ќе кажам дека она со времето важи за Бенз, а не за КР. Марсело исто така е млад и неискусен со мн потенцијал, а десен бек би бил најсреќниот човек на светот кога би го имале Мајкон, па Рамос би играл централен - каде е и најдобар (можеби и подобар и од Пепе).
едит: Едно големо браво за Игуаин, за кој неможев да си поверувам дека пропуштив да го спомнам, тој е иднината на Реал Мадрид
ХалаМАДРИД