Ајде полека разбудувајте се, не чека влез во прва лига
Премногу оптимистички е ова, мислам немаме уште толку добар тим, но и конкуренцијата е преотепана. Единствен противник ни е Беласица, но последниве нивни засилувања се деца, па не знам што планират.
Досега имаме 5 засилувања: Дигаловски, Момировски, Кукески, Бојан Спиркоски и убедливо најголемото засилување Карчески. Можно е да дојдат уште 1-2.
Конечно после 5 години се враќаме на Гоце Делчев, па се очекува и подобра атмосфера, а и Мајмуни би требало да навиваат, ако останало нешто и од нив.
Исто изигравме и 2 пријателски досега, 2 победи со 3-1 против Детонит и 7-0 со Братство.
@ultras1988 да кажеш нешто за вас повеќе?