Фан Клуб: Победа - Прилеп

Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
Има останато некој жив бе? :D
Тешка утакмица денеска, се бранеја цел меч овие. Имавме посед ама слабо шанси. Фали класичен шпиц, ќе се мачиме со бункераши вака. Иначе убава атмосфера се направи второ, плус во среда, одлична посетеност имаше.
Тепа Победа?
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
Има останато некој жив бе? :D
Тешка утакмица денеска, се бранеја цел меч овие. Имавме посед ама слабо шанси. Фали класичен шпиц, ќе се мачиме со бункераши вака. Иначе убава атмосфера се направи второ, плус во среда, одлична посетеност имаше.
Колку е просечна возраст екипата, 21 година? :D
Малку преамбициозно делува дека ќе одат на прво место, ама од друга страна ко ќе ја видиш конкуренцијата, којзнае...
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Колку е просечна возраст екипата, 21 година? :D
Малку преамбициозно делува дека ќе одат на прво место, ама од друга страна ко ќе ја видиш конкуренцијата, којзнае...
Млади дечки се по 20 21 година скоро сите, со исклучок на 3-4 поискусни. Немаме ниту еден преку 30 години.
Многу слаби конкуренти имаме, еве Кит ГО демек ги спомнуваа, ама полоши од нас се многу. И Беласица која ми е енигма, изнадонесоја еден куп деца, на цел припремен период немаа една победа. На тоа се темелат амбициите иначе со ваков тим во запад би се бореле за опстанок.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Не е можно каква утакмица денеска, ова е право дерби. Вардар не се ништо посебно. Супер прво полувреме, неискористени шанси...на крајот ја турнавме оградата на јужна трибина. Штета за поништената одбрана на пеналите и многу глупа одлука Петејчук да го шутира последниот пенал. До вчера беше кај нив ...се на се супер се дечкиве, одиме во прва лига. Прилеп - најфудбалски град во Македонија!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029

Не игравме со целосно прв состав денеска, иако имаше и дел од првотимците. Добар број на публика во Прилеп, како и секогаш.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Не игравме со целосно прв состав денеска, иако имаше и дел од првотимците. Добар број на публика во Прилеп, како и секогаш.
И кај нас имаше 3-4 ротации во тимот. Во секој случај, феноменално дерби, полно со набој, баш тоа што му треба на фудбалов во Македонија. В година вака во прва лига се гледаме:)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Бев и во неделата, бев и денес. Се гледа колку им фалело фудбал на Прилеп и прилепчани. Тоа е таа енергија. Генерално нови дечки гледам во Победа млади, во неделата ми остави впечаток 14-ката, везен што побара измена, не играше денес.

А пеналот кога видов како оди братон да го шутира, му велам на другаров, овој ќе го посери, нозе му се враќаат, и така бидна :D
 
Момировски е тој, битолчанче, дојде од Слога. Многу добар везен е, со Даре се одлично дуо. Играа и во Пелистер пред 2 години заедно.
Сега со Слога ќе биди заебана, во налет се тие 3/3, па и без Карче, но мора 3 бода.
Автоматски споено мислење:

Screenshot_20210915-202809_Instagram.jpg
Поништениот одбранет пенал, цццц кај се пулеше линискиов
 
Последно уредено:
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Повторно висок триумф денеска. Полека влегуваме во ритам. Уштe побитното е што и Саса и Беласица кикснаја. Важно е Беласица да губи повеќе бодови, а Саcа сами ќе паднат со текот на првенството, не се тие за во прва лига. Сега одиме следно со Детонит уште 5 6 гола да му дајме, па во Струмица по 3 бода.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Голема и важна победа денеска. 5 ги врзавме. И тоа без 2цата од 3ца најдобри од старт. На Саса и побегнавме 5 бода, Беласица 8 бода. Слога не следи тука е, не ми е јасно како, имаат лоша екипа, но слаба е лигава. Иако не тепаа со 2 поклонети голови, многу се послаби од нас и не се никаков конкурент.

Само да продолжи победничката серија, в зимо да се засилиме со 2 3 прволигашки играчи и без никаков проблем влегуваме во прва. Гази Победо!
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Нови членови на ФК Победа, кои се очекува да го подигнат квалитетот и да ја засилат конкуренцијата во пролетната полусезона, се: Дарко Тофилоски и Јорданчо Наумоски од Тиквеш, Марио Наумоски(Брегалница), Филип Димоски(Саса), Оливер Христов(Кит-Го), Благој Истатов(Воска), Атдхе Мазари(Охрид) и Борче Сркески(Г.Коњари). Во матичниот клуб од 6-месечната позајмица на Братство се вратија и Христијан Поп-Антоски и Давид Дебрешлиоски.

Тимот во втора полусезона ќе биде потполно нов. Преку 5 6 првотимци од минатата полусезона заминаја, од кои криво ми е само за штоперот Петкоски и донекаде Момировски. Има некои солидни засилувања, сепак многу се менуваше, нов тренер, ќе видиме колку се воиграл тимот.

Многу е танка штоперската позиција, не знам што планираат, на 2ипол штопери останавме. Крклински од Слога дојде пред 20тина дена, сепак и него го пуштиле.

Конкурентите пак се тука некаде, ништо посебно не се засилија. Единствено Беласица донесе некои млади таленти, но сепак се деца се уште. Најмногу мислам тие ќе ни бидат конкуренти, но се е до нас, во 3то коло гостуваат во Прилеп, па со победа сме на 7 бода минимум од нив и 50% поблиску до Прва лига. Ќе видиме што ќе се случува. Напред Победо!
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Screenshot_20220423-175936_Facebook.jpg

Газииииии Победоооо! Ајде сабота сите на стадион против Беласица да покажиме кој е кој! Одиме прва лига!!!!
 
Член од
19 март 2021
Мислења
22
Поени од реакции
172
Беласица моментално за вас е Барселона у најдобрите години, зборам моментално не од почеток на сезона.
13 кола немаат примено гол, додека вие освен со Братство секое коло ви е мачење.
Ќе биде интересно како и да е, се надевам дека некој од вас и нас ќе влезе во прва лига, иако и следната сезона во 2ра ќе биде лудница.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom